- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.085
- Поени од реакции
- 1.252
Приказните за почитување на малцинските права во Кина се чиста фасада. Натписи на ујгурски јазик на автобуски станици и продавници не значат ништо кога зад кулисите има систематска репресија, масовно затворање во „образовни кампови“ и обиди за културолошко и верско бришење на еден народ. Ги гледаме извештаите на меѓународните организации, сведоштва на бегалци и бројни истражувања кои го потврдуваат ова.Еве ги Ујгурите во Кина. Натписи на ујгурски јазик на институции, дуќани, сообраќајни знаци и автобуси.
Урумчи:
Прегледај го приврзокот 439418
Кашгар:
Прегледај го приврзокот 439420
Прегледај го приврзокот 439421
Aксу:
Прегледај го приврзокот 439422
Сега ти најди ми вакви двојазични натписи во Лерин на македонски, во Ван на курдски и во Нарва на руски.
Кинескиот режим е мајстор во создавање привид на хармонија, додека зад завесата се спроведува едно од најинтензивните културни и етнички бришења на модерното време. Декоративните натписи на јазикот на малцинствата не можат да ја сокријат суровата реалност на политиките кои се спроведуваат врз Ујгурите.
Автоматски споено мислење:
Добар обид, ама споредбата е неумесна. Во Лерин, Ван и Нарва не зборуваме за масовни затвори, „образовни кампови“ и систематска асимилација како во Кина со Ујгурите. Натписите се само површен декор вистинската слика е далеку помрачна.Еве ги Ујгурите во Кина. Натписи на ујгурски јазик на институции, дуќани, сообраќајни знаци и автобуси.
Сега ти најди ми вакви двојазични натписи во Лерин на македонски, во Ван на курдски и во Нарва на руски.
Кина користи двојазични знаци како параван за да го скрие она што го прави зад сцената. Затоа, обиди се со подобар аргумент, овде не зборуваме за натписи на автобуски станици, туку за човечки животи, идентитети и слободи кои секојдневно се газат.