Хмммм...
Дописиве кои ги поставуваш на темава, ми наликуваат на беседи од добро увежбани говорници, кои пред (не)заинтересирана публика (студенти, пензионери, „благонадежни„ членови на невладини....) ги изнесуваат убавините од правната наука по начелото „како теоретски би требало да биде„, а таа убавина исчезнува во моментот кога малиот човек, кој смета дека правата му се нарушени од страна на власта, криминалот или комшиите, ќе се обиде да ги бара своите права преку „институциите на системот„ па уште на самиот почеток од тоа „барање„, самиот ќе увиди дека правните убавини и нивното спроведување „во дело„ немаат „благе везе„ едно со друго...
На пример, „нашата земјата„ е космички пример во кој владее правото...