Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    762
Не може да се ист калибар, ја нема истата моќ како нив султанот, иначе до сега грците дебело ке го јадеа
Неможе во НАТО се и Грција и Турција. Иначе друга поента ми беше ама нема да ме сватиш.
 
Неможе во НАТО се и Грција и Турција. Иначе друга поента ми беше ама нема да ме сватиш.
Хипотетичка беше мислата него ти не можеш да ме сфатиш дека во однос на овие тројца сите останати се играчка за нив
 
Добро, а кој мотивот на тие реални фондови и стратегии што финансираат НВО. Дали е со добра цел, загрижени се за мене, тебе, Македонија или Украина. Другото прашање дали тоа е демократски, мислам дека вистинска демократија е народот да решава за својата држава, и тоа со просто мнозинство, гласа на референдум или парламент. Сака православна држава, исламска држава, царство, халифат. Може да има смртна казна за некој ствари, пример убиство или наркодилери, педери. Секој народ спрема традицијата си решава како да си ја уреди куќата или државата.
Така да тоа твоето што го правиш е нешто срамно, предавство кон твојата држава, народ, реално работиш за интересите на твоите реални фондови и стратегии.
Незнам какво ништожество треба да си: "А Трамп ќе биде мирен оти може овој пат метакот да не го промаши." Народот немал право преку избори да ја смени политиката на САД, дури го заплашувате претседателот на САД.
Прво, да расчистиме нешто , демократијата не е само мнозинство на референдум или во парламент. Вистинска демократија подразбира владеење на правото, заштита на малцинствата, почитување на човековите права и слободи, како и транспарентност во управувањето.

Фондовите и невладините организации не постојат за да 'се грижат' за тебе или мене, туку за да поддржат проекти и иницијативи што промовираат одредени вредности, како човекови права, владеење на правото, борба против корупција и слободни медиуми. Ако тоа ти изгледа како предавство, тогаш веројатно проблемот не е во невладините организации, туку во твоето разбирање на поимот демократија.

И како второ, ако секој народ одлучува како сака 'да ја уреди својата куќа', тогаш зошто зборуваш против невладините организации ? Зарем не е тоа дел од слободата на избор ? Ако не ти се допаѓаат, не мора да ги поддржуваш, но тоа не значи дека се нелегитимни.
 
Значи без емоции, иако е важно да се извлечат лекции од минатите грешки во надворешната политика на САД, исто толку е важно да се признае нивната значајна улога во градењето на модерниот светски поредок, поддршката на демократијата и глобалниот мир. Иначе без поддршката на САД, Македонија можеби никогаш немаше да ја стекне својата независност во 1991 година, ниту ќе успееше да ја зачува стабилноста и меѓународното признавање во најтешките моменти по распадот на Југославија. Американската дипломатска и политичка поддршка беа клучни за интеграцијата на Македонија во меѓународните институции и зачувување на нејзиниот суверенитет. Ова е реалност што не може да се игнорира, без разлика на кој агол ја гледаме ситуацијата.
Без емоции,на 20 Јануари Трамп го презема кормилото на УСА.Најави економска војна со Кина ама нема да ја поштеди ни Европа.Во Европа економската криза се повеќе притиска па европските држави се во ситуација секој за себе.Тешко дека некој во Германија ќе се замара со Украина кога Мерцедес и VW најавуваат отпуштања на огромен број на работници.Пежо, Фиат Алфа Ромео и Цитроен не се во ништо подобра ситуација.Европа без автомобилска индустрија е изгубена.Така да кај и да е војнава во Украина е пред крај.Не знам само на шо се надева уште Зелениов.
 
Без емоции,на 20 Јануари Трамп го презема кормилото на УСА.Најави економска војна со Кина ама нема да ја поштеди ни Европа.Во Европа економската криза се повеќе притиска па европските држави се во ситуација секој за себе.Тешко дека некој во Германија ќе се замара со Украина кога Мерцедес и VW најавуваат отпуштања на огромен број на работници.Пежо, Фиат Алфа Ромео и Цитроен не се во ништо подобра ситуација.Европа без автомобилска индустрија е изгубена.Така да кај и да е Војнава во Украина е пред крај.Не знам само на шо се надева уште Зелениов.
Војната во Украина е многу посложена од едноставна економска пресметка. Зеленски и Украина не се надеваат на чудо, туку на одбрана на својот територијален интегритет и суверенитет. Европа можеби се соочува со економски предизвици, но тоа не значи дека ќе го сврти грбот на Украина ,токму затоа се инвестира во енергетска независност и алтернативни извори на енергија.
Што се однесува до САД, Трамп или не, американската политика кон Украина нема да се промени драстично, бидејќи тоа не е прашање на еден претседател, туку на стратешки национални интереси. Дури и со можни економски притисоци врз Европа, никој нема да дозволи Русија да излезе како победник од оваа војна.
Колку и да изгледа слаба, Европа е далеку од тоа да се распадне. Автомобилската индустрија можеби е во криза, но тоа не значи дека ќе се откажат од стратешката важност на Украина. На крајот на денот, Русија веќе ја загуби најважната битка неуспехот да ја покори Украина за неколку недели, како што првично планираше. :toe:
 
Абе која стратешка важност на Украина,владите на Шолц и Макрон веќе паднаа.Шо мислиш ако во овие држави преземи власт десницата во овие држави ќе се замараат со Украина?При економска криза ќе и даваат финансии и оружје на Украина?Словачка веќе ја промена политиката,Унгарија одамна го прави тоа,кај да е и други европски држави ќе го направат тоа.Шо мислиш дека Украина има некакви шанси со Русија?Бидна,прашање е само на време.
 
Последно уредено:
Абе која стратешка важност на Украина,владите на Шолц и Макрон веќе паднаа.Шо мислиш ако во овие држави преземи власт десницат во овие држави ќе се замараат со Украина?При економска криза ќе и даваат финансии и оружје на Украина?Словачка веќе ја промена политиката,Унгарија одамна го прави тоа,кај да е и други европски држави ќе го направат тоа.Шо мислиш дека Украина има некакви шанси со Русија?Бидна,прашање е само на време.
Очигледно ја потценуваш геополитичката реалност и значењето на Украина за Европа. Стратешката важност на Украина не е само прашање на територија, туку на енергетска независност, безбедност и одбрана на европските вредности. Владите можат да се менуваат, но стратешките интереси остануваат. Не е ова Македонија,Зајко Мицко политика, секој месец да има нова државна политика како тоалетна хартија.:icon_lol:

Дури и ако десницата преземе власт во Германија или Франција, тоа не значи автоматско повлекување на поддршката за Украина. Десничарите се познати по своите националистички ставови, но и по одбраната на сопствената безбедност. Украина е првата линија на одбрана против рускиот експанзионизам.

Словачка и Унгарија се изолирани случаи и нивната политичка позиција не ја отсликува целата ЕУ. Мнозинството држави во Европа остануваат посветени на поддршката на Украина, бидејќи разбираат дека не се работи само за Украина, туку за стабилноста на целиот континент.

А што се однесува до шансите на Украина против Русија,веќе три години гледаме дека Русија не успева да постигне ниту една од своите почетни цели. Војната не е прашање на денес или утре, но исходот е јасен, Украина ќе опстане, а Русија ќе плати огромна цена за својата агресија. А иначе може да има само краткотрајна пирова победа.
 
Абе си прајш филмој.Работите се сменаа ,која пирова победа.Им зедоа територија,Трамп ич нема да се замара со Украина ,на европската економија и треба ефтин руски гас.Која стратегиска положба кои бакрачи.Русија добива огромни количини на муниција и артилерија од Северна Кореа. Германија во своето наоружување има вкупно 200 тенкови.Со шо ќе ја помогнат Украина жити се?
 
Последно уредено:
Кој дебил го има ова напишано ? :pos: :pos: :pos:
Зеки лично, а последно кажа дека уште повеќе Корејци гинеле кај Курск. Русите ги убивале за Украинците да не ги заробат... Докази немаше ама порача да му веруваме. :unsure:
 
САД, како една од водечките глобални сили, имаат клучна улога во одржувањето на меѓународниот поредок, безбедноста и економската стабилност. Во контраст, руската политика се одликува со агресивни воени кампањи, кршење на меѓународното право и дестабилизирање на региони кои некогаш беа дел од нејзината сфера на влијание. Ајде вака сега буквално да објаснам како на дете. Ако треба и како дефиниции ќе објаснам, но ќе се обидам по просто и едноатавно како што реков.

Анексија на Крим во 2014

Русија нелегално го анектираше Крим, кршејќи ги меѓународните договори и суверенитетот на Украина. А сега сака цела Украина да ја окупира.

ООН и најголем дел од светот ја осудија оваа постапка оти се коси и со меѓународното право и со човековото достоинство.

Воена интервенција во Сирија

Иако Русија тврдеше дека се бори против тероризмот, нејзините напади во Сирија резултираа со илјадници цивилни жртви.

Нејзината поддршка за Асадовите сили доведе до уште поголема граѓанска војна. Па потоа конечно заврши како што заврши, но русија веќе нема кредибилитет како што имаше пред очите на сиријците например.

Економска изолација и санкции

Поради своите дејствија, Русија беше ставена под економски санкции од Западот.

Руската економија стагнира, а рубљата значително ја загуби својата вредност.

Недостиг од демократија

Русија е критикувана за ограничување на слободата на медиумите и репресија на опозицијата.

Пример е апсењето и труењето на Александар Навални.

Сајбер војна и дезинформации

Русија е обвинета за мешање во изборните процеси во САД и ЕУ преку сајбер напади и дезинформации.

Ова создава нестабилност и недоверба во демократските институции. И тоа од секаков аспект.

Зошто САД и НАТО се важни ?

НАТО ја обезбедува стабилноста и безбедноста во Европа. Земјите кои се дел од Алијансата имаат заеднички систем на одбрана кој ги спречува авторитарните режими како Русија да ги загрозат помалите држави.
За разлика САД се најголемиот донатор за хуманитарна помош и поддржуваат демократски реформи ширум светот.
САД е економски гигант што ги поддржува помалите економии преку инвестиции и трговски договори.
А во споредба со Русија, која покажува тенденции на изолационизам и воена агресија, САД и НАТО остануваат гаранти на меѓународниот поредок и стабилност. Историјата покажа дека земјите кои се поддржани од Западот, имаат подобри перспективи за економски раст, демократија и општествен напредок.

Ако ова не е доволно јасно, тогаш проблемот не е во фактите, туку во тоа како тие се прифаќаат.:toe:

Хмммм...после вакви пофалби за најмилитантните, најагресивните и најгеноцидните држави и воено-политички структури во Вселенава, можам да дојдам само до еден заклучок-дека добро те плаќаат...
 
Абе си прајш филмој.Работите се сменаа ,која пирова победа.Им зедоја територија,Трамп ич нема да се замара со Украина ,на европската економија и треба ефтин руски гас.Која стратегиска положба кои бакрачи.Русија добива огромни количини на муниција и артилерија од Северна Кореа. Германија има во своето наоружување има вкупно 200 тенкови.Со шо ќе ја помогнат Украина жити се?
Очигледно си заглавен во наратив што нема врска со реалноста. Русија можеби освои некои територии, но по која цена ? Загуби десетици илјади војници, илјадници тенкови и артилериски системи, а економијата ѝ се движи на тенка линија благодарение на санкциите.

Што се однесува до Трамп, дури и кога ќе се врати сега на власт, не може магично да ја смени геополитичката реалност. Поддршката за Украина не е само одлука на еден претседател, туку резултат на широк политички консензус во САД и НАТО.

Ефтин руски гас ? Тој воз одамна замина. Европа веќе се ребрендираше енергетски и се диверзифицираше. Завршено е времето кога Москва можеше да ја уценува Европа со гас.

А за Северна Кореја и нивната муниција,тоа само покажува во каква очајна состојба е руската армија, шверцувајќи оружје од една од најизолираните земји во светот.

Ако мислиш дека 200 германски тенкови се сè што Европа може да понуди, тогаш си потценил целиот НАТО. Европа има ресурси, има политичка волја и разбра дека не смее да дозволи Русија да си поигрува со европските граници. На крајот, Украина не се бори сама, зад неа стои цел Западен свет, додека Русија се потпира на Северна Кореја и Иран. Тоа доволно кажува за „силата“ на нивната позиција. Сега знам што ќе кажеш, ама Русија ако употреби нуклеарки ? Класика, кафанска реторика од типот „А бе ако се деси тоа, ќе видиш ти ! Слушнато, прераскажано, па и некако изветреано.:icon_lol:
 
Прво, да расчистиме нешто , демократијата не е само мнозинство на референдум или во парламент. Вистинска демократија подразбира владеење на правото, заштита на малцинствата, почитување на човековите права и слободи, како и транспарентност во управувањето.

Фондовите и невладините организации не постојат за да 'се грижат' за тебе или мене, туку за да поддржат проекти и иницијативи што промовираат одредени вредности, како човекови права, владеење на правото, борба против корупција и слободни медиуми. Ако тоа ти изгледа како предавство, тогаш веројатно проблемот не е во невладините организации, туку во твоето разбирање на поимот демократија.

И како второ, ако секој народ одлучува како сака 'да ја уреди својата куќа', тогаш зошто зборуваш против невладините организации ? Зарем не е тоа дел од слободата на избор ? Ако не ти се допаѓаат, не мора да ги поддржуваш, но тоа не значи дека се нелегитимни.
Владеење на правото е западна мантра, и во древен Египет имало право, и под турско ропство имало право на султанот, заедно со бесната Урсула денес сите мечтаат да има "Владеење на правото", но ако нема правда во законот тоа е робско право.
НВО промовираат одредени вредности, кој решил дека тие вредности се добри и треба да се промовираат, може да е обратно да се лоши, или некој народ не сака такви вредности.
Позади секое НВО стои држава пример САД, или Лондон, може и да не е држава а да речеме фирма, некаква странска бизнис империја, Сорос или Вангард, Блек Рок. Во Македонија ние си имаме наши вредности, нема потреба некој друг да ни наметнува. Не е слобода на избор, јас, ти тој, сите ние да неможеме да промовираме наши вредности во нашата држава, затоа што немаме пари, а некој од странство да промовира содомија, канибализам, хомосексуализам, пазарна економија, либерал фашизам, еко фашизам....
Ако стварно си убеден во тоа што пишуваш не си во ред, ако не е касно земи 21, таму со електрошокови има мала шанса да те излечат.
 
Ајде малку полека, длабок здив. Ти цел свет го спакува во еден коментар,од древен Египет, преку султанот, до Урсула и Блек Рок. Владеењето на правото не е никаква „западна мантра“, тоа е основен принцип за цивилизирано општество. И да, разликата е во тоа што денес имаме закони кои важат за сите, барем на хартија, а не закони кои се менуваат според ќефот на султанот.

Што се однесува до НВО, дали мислиш дека ние како општество сме изолирани од светските процеси ??? Секое НВО има агенда, тоа е точно, но и секоја држава, секој лидер, секоја корпорација има агенда. Разликата е што некои НВО носат програми кои ја подобруваат образовната структура, здравството и човековите права, а други се користат како изговор за делегитимизација на цела идеја за прогрес.

И да, вистината е дека вредностите не се наметнуваат со пари, туку со знаење, култура и свест. Ако се плашиш од „либерал фашизам“, можеби проблемот не е во НВО, туку во начинот на кој ги перципираш работите. Електрошокови, велиш? Можеби и тебе ќе ти помогнат да ги подредиш овие мисли што ти се разлетале на сите страни. Среќно со тоа..:icon_lol:
 
Очигледно си заглавен во наратив што нема врска со реалноста. Русија можеби освои некои територии, но по која цена ? Загуби десетици илјади војници, илјадници тенкови и артилериски системи, а економијата ѝ се движи на тенка линија благодарение на санкциите.

Што се однесува до Трамп, дури и кога ќе се врати сега на власт, не може магично да ја смени геополитичката реалност. Поддршката за Украина не е само одлука на еден претседател, туку резултат на широк политички консензус во САД и НАТО.

Ефтин руски гас ? Тој воз одамна замина. Европа веќе се ребрендираше енергетски и се диверзифицираше. Завршено е времето кога Москва можеше да ја уценува Европа со гас.

А за Северна Кореја и нивната муниција,тоа само покажува во каква очајна состојба е руската армија, шверцувајќи оружје од една од најизолираните земји во светот.

Ако мислиш дека 200 германски тенкови се сè што Европа може да понуди, тогаш си потценил целиот НАТО. Европа има ресурси, има политичка волја и разбра дека не смее да дозволи Русија да си поигрува со европските граници. На крајот, Украина не се бори сама, зад неа стои цел Западен свет, додека Русија се потпира на Северна Кореја и Иран. Тоа доволно кажува за „силата“ на нивната позиција. Сега знам што ќе кажеш, ама Русија ако употреби нуклеарки ? Класика, кафанска реторика од типот „А бе ако се деси тоа, ќе видиш ти ! Слушнато, прераскажано, па и некако изветреано.:icon_lol:
Да бе само ти имаш врска со реалноста ,блазе си ти.Абе Европа тони во економска криза за која реалност ми зборуваш?Словачка веќе почна да си тера своја надворешна политика,за брзо време и други европски држави ќе си го бараат чарето.Се надевам само дека проклетава војна ќе заврши.Ова е голема лекција за европјаните да не следат слепо туѓи интереси туку да си ги гледаат своите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom