Конфликтот во Сирија

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.758
Поени од реакции
1.154
Турција не се плаши да заземе став кој некогаш не е во согласност со интересите на САД. Изјавите за испраќање војска во Газа и обвинувањата против Нетанјаху за воени злосторства само ја покажуваат независноста на турската надворешна политика.
Што се однесува до Нетанјаху, против него е распишана меѓународна потерница поради сериозни обвинувања воени злосторства поврзани со неодамнешните операции во Газа. Меѓународните организации, вклучително и одредени тела на ОН, укажуваат на прекумерна употреба на сила и намерни напади врз цивилни цели, што според меѓународното право претставува воено злосторство.
Турција игра сложена геополитичка игра, балансирајќи меѓу своите интереси и позициите на своите партнери. САД можеби се најсилниот сојузник на Израел, но тоа не значи дека Турција ќе отстапи од своите принципи и национални интереси, па макар и крај на светот да биде.
Кога тогаш неговата агресивна политика ќе го однесе во одделот Таксим 2 :) Не е возможно секогаш да седиш на 2 столици и при тоа секогаш да го реализираш само својот интерес.
Знаеш ли колку трговски бродови од Измир-Анталија секогаш завршуваат во Тел Авив? Илјадници :)
Тоа што тој го искажува својот став околу Газа е канта тропа се знае кој го има последниот збор.
Доколку Ердо е некаков солидарист со Газа зошто не го пристегне Илхам Алијев да не му дава ефтин гас на Израел исто и нафта :)
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.085
Поени од реакции
1.254

Турција не седи на две столици, туку вешто балансира меѓу своите национални интереси и геополитичките реалности. Тоа не е слабост, тоа е дипломатска умешност. Ердоан не е наивен играч,игра на повеќе табли и ги движи фигуративните конци според потребите на Турција.

Што се однесува до трговијата со Израел, тоа е дел од економската реалност. Интересите се пред сè, а политичката реторика и економските односи не секогаш одат рака под рака. Што очекуваш, Турција да го блокира секој вид трговија и да си ја сруши економијата за да изгледа „поавтентично“ во твоите очи ????
Илхам Алиев и Азербејџан се друга приказна, поврзана со сопствени стратешки интереси, а Турција знае како да ја игра и таа карта. На крајот на денот, кучињата лаат, а караванот си врви. Турција продолжува напред, а оние што не можат да ја разберат оваа стратегија нека седат и нека филозофираат.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.512
Поени од реакции
9.189
Ок ги убивале и поради тоа се радиклаизирале. Што им згрешиле нивните сопствени сограѓани? Христијани, хиндуси, атеисти, јазиди, зороастријанци? Зошто патернот е секаде ист? А почнат да се над 10-20% одма почнуваат шиптaрисувањата? Што им згрешија оние што ги дочекуваа со Refugees Welcome во Шведска, Германија итн...? Што им дадоа храна, пари, живеалишта? Зошто па Турција да се радикализира и да се враќа 100 години наназад пред Ататурк? Кој ги бомбардираше па нив? Пакистан кој го бомбардираше? Ова и на Ванчо е тешко да му го објаснам. Овие работи се случувале и се случуваат со векови. Уште пред да постои и УСА и Муса. Шиптaрите вршеле колежи тука многу пред САД. Види несомнено е дека и тука и во Азија дека добиваат или добивале ветар во грб. Ама ако немаш брод џабе ти е тој ветар во грб. Тргни го западот од равенката и ништо драстично нема да се смени во размислувањата на домородното население.

Епа од тоа греота се ќе гледаме сега ова што гледаме по Паризи, Брисели, Лондони. Стапката на криминал е драстично порасната пост 2015 на силувања, кражби и убиства ама заради политичка коректност и затоа што живееме во воу време не се објавуваат националностите на сторителите. Пред 30 години беше скеч Немири у Шведској сега е реалност. Гуглај Розенгард во Малме на пример. Ете оди живеј како немуслиман во Египет или Пакистан. Биди копт или хинудс. Ете во животот така се погодило да на една свадба на мој другар присуствува и негов другар Копт што го сретнал во странство, а па летово кај мене престојуваше Либанец Маронит што сега живее во Австрија. Значи не Американци па дури ни Европејци. Да те поврзам со нив сакаш да ти кажат збор-два? Не мора ни до таму да одиме. Да прашаме екс Арачиновци Македонци? Или оние што учеле во Нико Нестор во Струга? Или од Тетово? Еве има и на форумов членови од доминантни албански средини, пршашај ги де како е. Прашај некој каур како е. Прашај мештани од села кои во соседство имаат шиптaски села кои им крши цркви и руши гробови. Не ти требаат ни гетата од Лондон, ни малцинства во арапските земји. Прашај како живеат Македонци во доминантно шиптaрски средини. И дали за нив овие викаат греота се.

За торбешите имам коментирано. Реков еднаш, во Пласница видов графит ДУИ. Не БДИ какви што имам стотина видено и ако што е кратенката по албански, него баш ДУИ. А на сред пат омаат на јарбол турско знаме. Значи гласаат за дуи, имаат турско знаме на сред пат а се Македонци. Или оние од Октиси што пишуваа смрт за каури. А Македонци. Или оние од Лабуништа што се пошиптaри од шиптaрите.

Тоа дека ние за многу работи сме во голема мера гомна северџанско-фирмоски е друга тема. Јас нема никогаш да кажам дека нивото на цивилизираност ни е како Норвешка, Данска или дури и Словенија. Ама барем такви злосторства како муслианите немаме правено. Ни од блиску.

Хадиси се записи од тоа што го кажувал или правел мухамед и неговото опкружување. Во тоа време тешкото мнозинство биле неписмени вклучувајќи го тука и мухамед па затоа многу битни луѓе биле тие што памтеле добро. Тие луѓе се нарекувале хафези или хафизи зависи од говорното подрачје. Постои и како дадено машко име Хафез или Хафиз на пример татко му на Башар се викал така. И затоа биле битни луѓе што памтат ама и да се уверидистиу ланецот на комуникацијата. На пример мухамед се шетал со петко и трајко и им рекол дека алах му рекол дека треба да убиваат евреи при што петко ова му го кажал на својот син јанко и според тоа може да се уверодостои дека тоа е вистинито. Овие кажувања или постапки на мухамед и соработниците во неговиот живот се викаат хадити или хадиси. Според тоа постојат три типа: сахих што значи веродостоен, хасан што значи (релативно) добар и даиф што значи слаб. Веродостојните се оние каде што ланецот на кој што кажал може да се верифицира, добрите се каде што има добра подлога да се вистинити ама не и црно на бело доказ, и даифите се непотврдени искази каде што ланецот е слаб.
Букари кој живеел некаде 100 и кусур накај 200 години после мухамед бил еден вид на меморизаторски гениј нешто налик на овие што без дигитрон решаваат комплексни математики во глава. Како посветен муслиман животот го посветил на тоа да ги собере во една збирка сите искази за Мухамед. Неколку пати бил тестиран од други исламски учители во тоа време и проаѓал беспрекорно на тестовите и знаел повеќе дури и од нив. Рачунај го како еден вид на Марко Цепенков кој цел му била сите тие преданија, усни кажувања и меморизирања од други луѓе да ги запише за да останат и да несе заборават. Поради тоа неговата колекција како и колекцијата на неговиот ученик имамот Муслим се сметаат за веродостојни. Значи тоа што го пишува таму е проверено од самиот Букари, ланецот на преданија е установен и према тоа мухамед стварно така рекол или направил. И затоа после Куранот колекцијата на Букари се смета за втора најбитна книга во исламот.

Ако повеќе те интересира тука има видео од моментално најголемиот жив познавач и експерт на исламот Јасир Кади (затоа што Јусуф ал Карадави умре пред некоја година) каде што зборува за Букари.

Целото видео тука:

најбитниот хајлајтс е во овие 5 минути

Кој е Јасир Кади и зошто има тежина кажаното тука

Не треба да се заборави ни еврејскиот скот Ду Нувас и неговиот погром и прогон на христијаните од Арабискиот Полуостров.

А и за Мухамед:
 
Последно уредено:

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.758
Поени од реакции
1.154
Турција не се плаши да заземе став кој некогаш не е во согласност со интересите на САД. Изјавите за испраќање војска во Газа и обвинувањата против Нетанјаху за воени злосторства само ја покажуваат независноста на турската надворешна политика.
Што се однесува до Нетанјаху, против него е распишана меѓународна потерница поради сериозни обвинувања воени злосторства поврзани со неодамнешните операции во Газа. Меѓународните организации, вклучително и одредени тела на ОН, укажуваат на прекумерна употреба на сила и намерни напади врз цивилни цели, што според меѓународното право претставува воено злосторство.
Турција игра сложена геополитичка игра, балансирајќи меѓу своите интереси и позициите на своите партнери. САД можеби се најсилниот сојузник на Израел, но тоа не значи дека Турција ќе отстапи од своите принципи и национални интереси, па макар и крај на светот да биде.
Кога тогаш неговата агресивна политика ќе го однесе во одделот Таксим 2 :) Не е возможно секогаш да седиш на 2 столици и при тоа секогаш да го реализираш само својот интерес.
Знаеш ли колку трговски бродови од Измир-Анталија секогаш завршуваат во Тел Авив? Илјадници :)
Тоа што тој го искажува својот став околу Газа е канта тропа се знае кој го има последниот збор.
Доколку Ердо е некаков солидарист со Газа зошто не го пристегне Илхам Алијев да не му дава ефтин гас на Израел исто и нафта :)
Турција не седи на две столици, туку вешто балансира меѓу своите национални интереси и геополитичките реалности. Тоа не е слабост, тоа е дипломатска умешност. Ердоан не е наивен играч,игра на повеќе табли и ги движи фигуративните конци според потребите на Турција.

Што се однесува до трговијата со Израел, тоа е дел од економската реалност. Интересите се пред сè, а политичката реторика и економските односи не секогаш одат рака под рака. Што очекуваш, Турција да го блокира секој вид трговија и да си ја сруши економијата за да изгледа „поавтентично“ во твоите очи ????
Илхам Алиев и Азербејџан се друга приказна, поврзана со сопствени стратешки интереси, а Турција знае како да ја игра и таа карта. На крајот на денот, кучињата лаат, а караванот си врви. Турција продолжува напред, а оние што не можат да ја разберат оваа стратегија нека седат и нека филозофираат.
Еве нека ги избркаат Америте од Инџирлик :) ако се толку пан исламисти :) доколку претераат уште малку ќе видиш како ќе се заврши таа авантура.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.085
Поени од реакции
1.254
Кога тогаш неговата агресивна политика ќе го однесе во одделот Таксим 2 :) Не е возможно секогаш да седиш на 2 столици и при тоа секогаш да го реализираш само својот интерес.
Знаеш ли колку трговски бродови од Измир-Анталија секогаш завршуваат во Тел Авив? Илјадници :)
Тоа што тој го искажува својот став околу Газа е канта тропа се знае кој го има последниот збор.
Доколку Ердо е некаков солидарист со Газа зошто не го пристегне Илхам Алијев да не му дава ефтин гас на Израел исто и нафта :)

Еве нека ги избркаат Америте од Инџирлик :) ако се толку пан исламисти :) доколку претераат уште малку ќе видиш како ќе се заврши таа авантура.
Турската политика не е исламска, туку национална и патриотска. Сè се сведува на заштита на националните интереси, а не на религиозни идеологии. Инџирлик е само еден од многуте примери каде Турција вешто ги користи своите стратешки предности за да извлече максимум од сите страни.
Турција не прави потези наивно, ниту од емоции, туку со ладна калкулација. Ако сè гледаш низ религиозна призма, веројатно затоа не можеш да ја разбереш комплексноста на турската надворешна политика. И да, се вртиме во круг, затоа што упорно не сфаќаш дека не станува збор за религија, туку за национален интерес. Како сакаш свати, но вистината останува иста.
 
Член од
6 ноември 2024
Мислења
363
Поени од реакции
605

Пристрасно гледаш на ситуацијава. Што и да ти кажам и да ти објаснувам џабе е.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.085
Поени од реакции
1.254
Пристрасно гледаш на ситуацијава. Што и да ти кажам и да ти објаснувам џабе е.
Не е пристрасност, туку објективност. Разликата е што јас ги согледувам работите од повеќе агли, додека ти и уште неколкумина сте заглавени во еден наратив кој ви одговара. Но добро, ако веќе сметаш дека е џабе, нема потреба да се убедуваме.
 
Член од
6 ноември 2024
Мислења
363
Поени од реакции
605
Не е пристрасност, туку објективност. Разликата е што јас ги согледувам работите од повеќе агли, додека ти и уште неколкумина сте заглавени во еден наратив кој ви одговара. Но добро, ако веќе сметаш дека е џабе, нема потреба да се убедуваме.
И јас согледав од повеќе агли, и ти велам дека султанот оди јабана. Малава екскурзија во сирија ќе го чини многу.
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.758
Поени од реакции
1.154
Турската политика не е исламска, туку национална и патриотска. Сè се сведува на заштита на националните интереси, а не на религиозни идеологии. Инџирлик е само еден од многуте примери каде Турција вешто ги користи своите стратешки предности за да извлече максимум од сите страни.
Турција не прави потези наивно, ниту од емоции, туку со ладна калкулација. Ако сè гледаш низ религиозна призма, веројатно затоа не можеш да ја разбереш комплексноста на турската надворешна политика. И да, се вртиме во круг, затоа што упорно не сфаќаш дека не станува збор за религија, туку за национален интерес. Како сакаш свати, но вистината останува иста.
На Турците не им слуша за Газа тие ја тераат својата пан турска идеја, а нашиве Муслимани што се палат на пан исламизмот длабоко се лажат.
Па тоа велам еве Ердо се заканува Газа едно друго може само да го снема доколку претера.
И последно веќе не гледам корист...
Мислам дека е Ердо е американски играч. Америка му го направи Таксим/Мајдан и сега е помирен.
Жална Турција од република се трансформира во автократија и теократија.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.666
Поени од реакции
4.036
Наводно Турција планирала да отвори голема база во Хомс каде што ќе имаат и системи за против воздушна одбрана
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.085
Поени од реакции
1.254
На Турците не им слуша за Газа тие ја тераат својата пан турска идеја, а нашиве Муслимани што се палат на пан исламизмот длабоко се лажат.
Па тоа велам еве Ердо се заканува Газа едно друго може само да го снема доколку претера.
И последно веќе не гледам корист...
Мислам дека е Ердо е американски играч. Америка му го направи Таксим/Мајдан и сега е помирен.
Жална Турција од република се трансформира во автократија и теократија.
Тука си во право. Никој не се замара со тоа. Можеби само торбешите, но сè е за интерес, брате. Никому не му е гајле кој во што верува. Илјада пати сум пишувал и во други теми религијата е само за обичната маса. Не сум против религиите, но факт е дека се алатка за контрола.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.263
Поени од реакции
84.361
Им се дигнаа курињата на македонските муслимани кога Ердоган ја направи џамија Света Софија. И со право. Наше е да не дозволиме тие пракси да ги спроведува тука преку неброените невладини верски организации кои ги спонзорира Турска овде.
Најдобро би било да се забрани надворешно финансирање на невладини.
 
Работам за една американска невладина организација и можам од прва рака да ти кажам дека принципите според кои функционираат невладините организации не се такви како што ги претставуваш. Невладините се подложени на строги контроли, финансиска транспарентност и отчетност. Секоја донација, особено кога доаѓа од странство, се следи и се проверува од релевантните државни органи.
Факт е дека постојат организации кои можеби ја злоупотребуваат оваа структура, но да ги ставаш сите во ист кош е неосновано. Точно е дека можеби некои невладини од Турција финансираат одредени културни и верски проекти, но тоа не значи автоматски дека имаат некакви скриени намери. Ако има злоупотреби, треба да се реагира институционално, а не преку генерални забрани кои би наштетиле и на позитивните проекти.
Невладините организации во голем дел придонесуваат за образовни, културни и хуманитарни цели, и да се отфрлат сите поради неколку изолирани случаи е наивен и погрешен пристап.
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.758
Поени од реакции
1.154
Тука си во право. Никој не се замара со тоа. Можеби само торбешите, но сè е за интерес, брате. Никому не му е гајле кој во што верува. Илјада пати сум пишувал и во други теми религијата е само за обичната маса. Не сум против религиите, но факт е дека се алатка за контрола.
Најчесто големите со помош на религијата ги контролираат малите. Иран сите помали шиитски групи, Катар/Турција и С. Арабија влијаат над сунитскиот свет, Ватикан над Католичкиот, Русија најчесто над православните итн...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: oon

Kajgana Shop

На врв Bottom