Политички случувања во Србија: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Dumbledore
  • Време на започнување Време на започнување
да сумираме значи, опозицијата им е бетер од никаква, али Вучиќ мора да си оди. Не знам која е логиката овде. Промена само колку да се промени, а колку е способен тој што ќе дојде исто како овде муртињо кога го насадивте.

За да нема тоталитарни режими на Балканот и во Европа, замисли што ќе беше ако Мијалков останеше на власт ? Ликот еден куп бизниси превзема во Македонија, ја прислушкуваше пола Македонија, сите судии обвинители беа имиња од неговиот тефтер назначувани итн.

Ако во ова не гледаш проблем, очигледно проблемот е кај тебе во глава ;)
 
Среќа што браќа Заеви после него што дојдоа ништо од ова не направија.
 
Сигурно дека на обичен народ му прекипе од Александар Вучиќ и СНС 12 години, но да не испадне на крајот после Курто да дојде Мурто. Што е многу веројатно.
 
За да нема тоталитарни режими на Балканот и во Европа, замисли што ќе беше ако Мијалков останеше на власт ? Ликот еден куп бизниси превзема во Македонија, ја прислушкуваше пола Македонија, сите судии обвинители беа имиња од неговиот тефтер назначувани итн.

Ако во ова не гледаш проблем, очигледно проблемот е кај тебе во глава ;)

Не пратам претерано српска политика, ме занима вие што пратите кои скандали ги има Вучиќ? Како што гледам студенти протестираат за не знам што безвезно нешто како овде што протестираа, млади луѓе кои лесно се манипулираат. Исто така и овие за несреќата што се деси во Нови Сад. Како Вучиќ да ја правел железничката лично и имал свои прсти у целата работа. Експлоатирање туѓи несреќи, исто како што и вие ја експлоатиравте случаи овде.
 
Последно уредено:
Заеви-Мијалкови се највиновни за ова што ни се деси. Нормално со се Грујо. Овој премногу лесно поминува, уште е херој за многумина, а си има бајаги вина.
А Љубчо, Бранко, Киро ги заборави или намерно ги прескокна ?
Од 1991 до сега сите се криви, никого не го амнестирам.
 
Сум за тоа протестите да се задушат со полиција и гасни бомби слично на антифа и црните животи значат, што беа во Америка. Доста е Грета Турмберг булшит - оваа не е новиот крал Константин. Че се лажиме со дечината. Че се манипулираме на основа на чувства.

Знајме дека ни е тешко и неубаво во земјите. Не мора да ни кажи сусједна Хрватска како ни било. Ние го живејме тоа. Пошто нас ни е тешко, да се бориме за нејзин интерес е смешно, ако не апсурдно.
Автоматски споено мислење:

Сакале да влезат во НАТО?
НАТО ја бомбардираше оваа земја 73 и кусуро дена, без прекин. Европска земја, европска метропола - Белград беше бомбардиран. Резултатот од ова? Македонска влада со 90 посто шиптaрски министри.
 
Ми се присра инстантно кога видов колку души стаиле од Београдски синдикат некоја нова песна по постови. Пропагандата меле ли меле, сите на јадицата се фаќаат.
 
Вујадин не паѓа со протести. Нема притисок од надвор за „пржински“ влади и слични курци, а на избори нема да оди додека не слегне овој талас. Тако речи на кондиција ќе ги фати.

Е во меѓувреме ќе биде демонизован до коска како Путиново мандало низ Европа.

Од македонска гледна точка, Вујадин мора да падне за да не ги преплатиме брашната зејтините и вакцините. Слаба Србија е во наша полза.
 
Не пратам претерано српска политика, ме занима вие што пратите кои скандали ги има Вучиќ? Како што гледам студенти протестираат за не знам што безвезно нешто како овде што протестираа, млади луѓе кои лесно се манипулираат. Исто така и овие за несреќата што се деси во Нови Сад. Како Вучиќ да ја правел железничката лично и имал свои прсти у целата работа. Експлоатирање туѓи несреќи, исто како што и вие ја експлоатиравте случаи овде.

Oхо. Само колку време имаш да читаш, генерално, се доаѓа од него, ама има и еден куп афери на луѓе блиски до него. Ама ајде:
  • Ликот јавно изјави дека тој дал наредба да се сруши цела улица преку ноќ со багери, каде што никна Београд на води, тотално незаконито. Дал наредба шефот на полицијата да не интервенира, дур на луѓето им се рушат куќите
  • Ја открија најголемата фарма на мариухана во Европа во Јованица, каде што пола влада се имаше сликано, каде што директно агенти на БИА биле вклучени. Ликот од Дубаи јавно им кажа на новинарите, - Па што и да се нашле 2 тони марихуана?
  • Директна поврзаност на видни луѓе од полицијата со кланот Беливук, пред се, Дијана Хркаловиќ и Небојша Стефановиќ
  • Аферата Крушик, каде што таткото на министерот Стефановиќ извезувал оружје
  • Брат му пола фабрики ги поседува низ Србија, вујко ми работи во една таква, не им даваат ни недела како слободен ден
  • На сегашниот министер Синиша Мали му најдоа 24 стана во Бугарија
  • На бившиот министер, кога прашан од каде му пари за 150км стан, кажал дека тетка му од Канада му ги има дадено
Koлку само додатни афери за негови блиски луѓе се имаат заталашкано со негов амин, од сообраќајката на неговиот кум со Мекларен каде повреди 2 жени, до синот на Митровиќ, газдата на Пинк, кој со 80 уби девојче и не лежеше, директорот на Србија пат уби жена на наплата рампа, па магично снема 2 минути од видео надзорот баш кај што е сообраќајката, за да не се види колку возеле.

Ликот е патолошка лажовчина, и е само малку порафиниран Заев, јавно ги понижува министрите, напаѓа новинари, и како Грујо наш, не доаѓа на ТВ Дуели. Овој пиперкаров наш струмички даде се на еднаш, додека Вучиќ им го дава Косово на браќата дел по дел, додека ваму Нема Предаје кампања води. Ја повлече полицијата од институциите, им ги призна Армијата, Полицијата, пасошите, табличките, само се беше направено дел по дел. Де јуре, нема потпишано признание на Косово, де факто, нема што веќе останато да се признава.

Им ги контролира сите весници, медиуми, радиа, интернет портали. Годинава имал 366 појавувања на телевизија. Излезе првиот ден откако падна таа настрешница, да каже дека се реновирале на таа станица, освен таа настрешница. Ноторна лаж. Глуми дека носи скромна гардероба кој му е дадена како претседател, а ваму Стефано Ричи фармерки на себе од $1800. Се снимаат како јадат паризер, веројатно, тогаш прв и последен пат пробал.

Им дава инструкции на локални насилници, да одат и да ги провоцираат студентиве, да ги газат со коли, да ги тепаат.

Генерално, ептен одвратен лик, и мислам дека нема со лесно да си иде, има премногу околу него што се нафатирани, и ке го бранат до самиот крај. Е сега, која будала ке дојде по него, ми делува дека ке биде како кај нас. Ама на народот, барем помладиве, под 45 години и со малку мозок, дефинитивно им е скурчено од него.

Ја изедначи Србија со него, па така, секој напад кон него се толкува како напад врз Србија. Од на Грујо школата, зашто истата Германска ПР агенција што му ја кроеше стратегијата на Грујо, сеуште го советува и Вучиќ. На протести, одма организира контра протести. Имаш луѓе кои протестираат пред опозициските штабови, сендвичари како кај нас, луѓе носени со автобуси како стока.
 
Какви психопати виреат по Србија нема ни да ми е чудно да ексалира ова со брутални последици.

Збор два за протестите:
Без разлика каков и да било протест, за или против, нешто што највише ме нервира е блокирање на патишта. Не знам зошто обичниот човек треба да страда, секој има интни случаи и места на кои што треба да биде. Иди блокирај установи, општини, пошти а не само да зголемуваш тензија и да направиш некој да биде згазен. Доволна е една сканија од катастрофа.
 
Се сложувам со тебе ама установите и така нишо не работат , нема да се осети штетата.
 
Се сложувам со тебе ама установите и така нишо не работат , нема да се осети штетата.

Тогаш нека одат пред куќи на политичари и нека протестираат. Најлесно е на патот да се излезе и ни крив ни должен ќе чмаеш у кола 2 саати. Како шо кажав, како што се мутави доволно е со еден камион да се пушти некоја србенда и да напрај пуздер.
 
Не се племе исламско до толку да забегаат.
 
Србија во 2024 година завршува со историски 5.1 милијарда директни странски инвестиции,

Србија во 2024 со втор најголем економски раст во Европа после Малта со проектиран раст на 5.1% во 2025.

Србија во 2024 со 1.100 евра просечна плата во Белград, 1.000 евра во Нови Сад и 900 евра во Ниш.

Србија во 2024 со пад на невработеноста под 8% за прв пат во историјата.

Србија во 2024 гради 642 км автопатишта и брзи сообраќајници од кои 167 км беа пуштени во употреба годинава.

Србија во 2024 ги поврза Суботица - Нови Сад - Белград со брза железница што треба да води кон Ниш - Скопје и Ниш - Димитровград во наредните години.

Србија во 2024 почна со изградба на Еxpo 2027.

Србија во 2024 година со рекордни преку 4 милиони туристи и 12 милиони ноќевања (нема морски туризам)

За Вучиќ се поврзуваат разни корупциски скандали и криминални афери, но штом јавно и отворено Загреб, Сарајево и Приштина ги подржаа протестите јасно е кој стои позади нив и дека Вучиќ води добра надворешна и внатрешна политика. Зошто Загреб, Сарајево и Приштина би биле против некој кој наводно ја уништува Србија?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom