Сега гледам каде сме се недоразбрале – во терминологијата. Значи, да, топлата вода за бања и сл. е целосно одвоена од грејниот систем. Имам втор бафер резервоар, кој е многу помал, но како што претходно споменав, тој служи само за израмнување на притисокот во системот.Ако тоа е бојлер за вода, тогаш не е бафер. Толку едноставно. Ти имаш бојлер за топла вода со/во внатрешната единица на пумпата.
Мора да има експанзионен сад,ама па и не мора да е голем, многу често тие се вградени се во една амбалажа ткн внатрешна единица.
Ако е вака, тогаш е добро оти директно е врзано подното со пумпата.
Значи сигурно немаш друг голем резервоар покрај внатрешната единица??
За хистерезисот... криви се тие што ја сетирале пумпата... а и целото парно!
место да модулира рецимо на 33ц со 2ц разлика постојано, они направиле да работи на 35ц, ама да гаси по потреба, па пак да се залетува од нула, па па да гаси...
Сега може и до пумпата е тоа... ама повеќето имаат опција да регулираат Т на вода спрема надворешната температура. Ако нема потреба од мн топлина, на 28-30-32 ватевер она ќе грее, ќе одржава, и ќе модулира без тие он-офф циклуси.
За жал, мојата топлинска пумпа е постар модел и не може да модулира. Денес, меѓутоа, постојат и модулаторски модели. Сепак, имам одличен SCOP, кој во јануари изнесува околу 4.4. Сакам да додадам дека оваа вредност ги вклучува сите дополнителни агрегати, како што е пумпата за циркулација, бунарска пумпа, фреквентно за бунарска пумпа а и самата топлинска пумпа која колку толку исто троши некој ват и кога компресорот не работи. Значи се комплет. Ова се вредности од практичното користење, а не само на хартија.
Тоа што карактеристиките на подното греење дозволуваат поевтино греење во тарифа за ниска струја е дополнителен бонус
Последно уредено:


