Проработи суетата кај Лазаров во случајот Талески.А има премногу играчи од Алкалоид,Марковски Велковски Петковски Ѓорѓиев.,Младеновиќ .Зарем овие се подобри од Анастасовски од Тиквеш.Ф.Николов од Бутел,Поповски од Цирих ,Димитриоски и Димитриевски и Др.Овие играчи што не се од Алкалоид мислам ќе дадат поголем придонес душа и срце за разлика од Алкалоид на кој местото им е загарантирано посебно на Ѓорѓиев.Со сите мани што ги има Талески се уште е најдобар.Има минутажа во Бенфика но тоа не е доволно за селекторот.
Дека суетата е проблем, проблем е и ќе го кошта во тренерската кариера ако не научи од овие грешки.
Ама што се однесува до составот, освен Талески, другото реално и не е особено дискутабилно. Прво и основно, ова е состав од 20мина а не финален состав. Уште 4 ќе отпаднат, ако нема повреди ќе бидат баш оние за кои се жалите (Младеновиќ, еден од голманите...). Освен Младеновиќ, на чие што место требаше да е Талески, реално другите забелешки не држат место. За наведените во овој пост:
- Анастасовски доста напредуваше, ама не би рекол дека е покорисен од Стојковиќ/Н.Маркоски/Карасманакис (дај боже да напредува уште ќе може реално да затропа на вратата.
- Горе долу истото важи и за Ф.Николов. Впрочем ако не грешам тој и беше веќе на поширокиот список, ама сеуште не би го зел пред Велковски/Јагуриновски
- Поповски е ок, не сум сигурен колку е тој реално заинтересиран за репрезентација. Инаку ако е Костески во форма после повредата (реално ме изненади колку брзо се врати), нема потреба од коментари, Костески е подобар.
- Со оглед дека ќе се оди со едно вистинско лево крило не гледам потреба од Димитриоски, во најдобар случај е сличен на тие што ги имаме, а реално е малку под нив. Петар Атанасијевиќ, заради игра во два правци според мене треба да е приоритет и е со право избран. Џонов е пишан како лево крило, но во суштина тој е универзален играч, џокер, што покрива секаде бек/крило/одбрана. Тип на играч каков што му е потребен на секоја репрезентација. Немам никакви замерки, и јас би го зел, многу корисен иако не е прва опција во ниту една ситуација, ниту пак е некој атрактивен играч. Впрочем и добро играше Џонов за репрезентацијата изминатите години не знам зошто се бунат сите одеднаш...
- Димитриевски, попусто со години се зборува, дефанзивец кој е лимитиран реално во напад. Сме го гледале многу пати, не е ништо подобар од Младеновиќ, ако и толку.
- Единствениот за кој до некаде можам да се согласам а Аларов. Не е којзнае што ни тој, ама се уиграни со Лазаревски и заради тоа имаше смисла да биде во овој состав од 20мина, па дали ќе треба да биде во 16те да се одлучува накнадно.
Дополнително, треба малку да се гледа и на стилот на игра и вклопливоста. Игра тим, а не поединци. Во тој контекст, Ѓоргиев е и тоа како корисен и не се согласувам дека е грешка. Секоја сезона е се подобар и е тип на играч што е мотор на системот што ќе го игра репрезентацијата.