Шпанија

  • Креатор на темата Креатор на темата Forrest Gump
  • Време на започнување Време на започнување
Може да споделиш инфо за рута за патување и смештај поточно каде беше не разбрав
Сместени бевме Валенсија, после тоа со автобус Аликанте, два часа е со автобус оддалечено Валенсија со Аликанте.
Имаш секој ден линии, картата е 36 евра повратна.
Најубаво е рентакар, преефтино е, 8 евра од ден. Дефинитивно најдобра опција ако сакаш да ги прошеташ сите места во Коста Бланка, Калпе, Алтеа, Дениа ...
Таксито за низ град не е скапо, ние така се возевме.
Смештај зависност кај сакаш да си сместен, во Валенсија бевме на 3 км од центарот а во Аликанте бевме скроз центар во стариот град и се ни беше на дланка и плажата и градчето.

Ние летавме од Тирана директно за Валенсија, неколку дена останавме таму после тоа продолживме за Аликанте и сите места покрај брегот.

Дефинитивно јас се враќам Валенсија пак,еден од поубавите градови во Шпанија
Автоматски споено мислење:

Здраво, планирам следниот месец да одам Шпанија на одмор, сега чекам искуство некој шо бил, гледам агенциите гo нудат регионот Коста Брава крајбрежниот регион на Каталонија поточно Лорет де Мар близу Жирона...
Агенциите соработват со едни исти хотели од кои еден е со 4 ѕвезди, а два се со по 3 така некако видов.
Прашањето ми е дали вреди да се оди на тоа место, како е плажата? Водата ? Дали е чисто средено ? Како се цените таму или доколку некој бил во тие хотели чекам мислење, до кај шо видов на нет, тие хотели и немаат некој добри оценки и коментари, напротив се слабо рангирани(затоа и се 3 ѕвезди).
Како се движат цените ? Искрено овај пат планираме одмор, одмор, така да ни треба добра плажа и навечер добри места за шеткање и од факултативите еднино посета на Барселона со стадионот, секој ден исполнет со факултативи не ни сакам доколку имам топ услови околу мене....
Или пак некој да предложи хотел шо бил....

@cholismo (гледам најбрзо имаш посета таму)
Не сум била Барселона.
Ако си за одмор во Шпанија, мој предлог е Тенерифе, за одмор одмор.
Преубава природа, онака без здив да останиш, преубави плажи, пречисто, и ефтино во споредба со другите места во Шпанија и она што ќе го добиеш.
Имам пишано на темава мислам некој опис ако не ти е мака врати и разгледај.
 
Вчера се вратив од таму.
Валенсија е град кој секој има во план да оди Шпанија под дифолт да ја посети, дефинитивно со право ја бираат два пати по ред за најдобар град за живеење.
Град со душа, има шо да се види на секој чекор, што од култура, што од гастрономија, плажи, улици, архитектура, све е топ.

Аликанте е два часа оддалечен од Валенсија и е потуристичко место со поубави плажи од Валенсија и кафичи и таверни на секој ќош.

Бенидорм не бев, и поарно шо не бев, никој не ми го препорача а другарите беа премногу разочарани од местото, беа на еден ден.
Калпе е после Бенидорм и е морално да се посети ако си мерак на убава плажа со чиста вода и ситна песок, рај за очи.

Ако одиш на овие места минимум една недела ти треба за да го доживееш местото и да видиш се наоколу, оти стварно вреди.
Преубава клима има, не е многу жешко и цело време дувка ветер малце, шо е освежување.
Водата топла
Ама како шо кажав за плажи само Аликанте, Калпе и цел Коста Бланка брег, Валенсија не е прочуена по плажи, таа Малвароса е средена плажа, распространета ама водата не е многу чиста.
Цените се кренати за разлика од пред неколку години кога овие места важеа за поефтини од Мадрид и Барселона да речиме, јас не видов голема разлика освен во маркетите.
На сама плажа во Аликанте, на плажа Постигет, имаш огромен хотел, е тука стварно можеше да се јади и пие за поефтини цени од кај нас, точено мало пиво 1.5€ големо 2 €, ти го носат во замрзната кригла.
Појадок за 2.5 €
Самопослужување е, ама на многу добра локација е и имаш преубав поглед од тераса.
Храната во ресторани е слична како Грција, за нијанса поефтино, зависи во кој ресторан си седнат.
Маркетите се ставарно ефтини.
фала многу, вакви препораки барам. Цените се супер според ова што кажа.
 
фала многу, вакви препораки барам. Цените се супер според ова што кажа.
Цените се секаде различни, зависност шо бараш.
Ние бевме секогаш во пик ресторани седнати и цените беа повисоки.
Имаш ресторани, фаст фуд храна шо стварно за ефтиноча можиш да јадиш и пиеш, треба само шетање и време за да го истражиш местото
 
Сакам да прашам,т.е. барам предлог за ефтино сместување за 3 ноќевања во Барселона и некои локации каде што може ефтино да се помине
 
Сакам да прашам,т.е. барам предлог за ефтино сместување за 3 ноќевања во Барселона и некои локации каде што може ефтино да се помине
Нема ефтино сместување во Барселона. Уствари прво дефинирај ефтино :)
За некој 100 еур од вечер е ефтино :)
Или да се сместиш во куќа или стан со кој ќе делиш дневна, кујна и купатило, така можиш да поминиш "поефтино"
 
Нема ефтино сместување во Барселона. Уствари прво дефинирај ефтино :)
За некој 100 еур од вечер е ефтино :)
Или да се сместиш во куќа или стан со кој ќе делиш дневна, кујна и купатило, така можиш да поминиш "поефтино"
Па такво нешто и барам како апартманче некое хехе
 
Па такво нешто и барам како апартманче некое хехе
Јас имам контакт од една која издава така ама малце настрана од центарот е, околу 20 мин со воз. Смештајот е топ, во мирна населба, имаш се што ти треба наоколу, продавници, ресторани, брза храна, кафулиња, и ефтино е за разлика од другите области во Барселона.
Ќе си резервираш преку WhatsApp ќе ти намали на цената.
 
Јас имам контакт од една која издава така ама малце настрана од центарот е, околу 20 мин со воз. Смештајот е топ, во мирна населба, имаш се што ти треба наоколу, продавници, ресторани, брза храна, кафулиња, и ефтино е за разлика од другите области во Барселона.
Ќе си резервираш преку WhatsApp ќе ти намали на цената.
Кажи ми како се вика и како е бројчето?
 
Лежалка е 80 евра на Бора Бора, Сангрија (нај ефтината пијачка ) 24 евра, влез во дискотека 50 евра, вода во дискотека 7 евра, пијачка надвор од дискотека 14 евра. Превоз до град 13 евра.
Стави сместување,авион и храна и пресметај за солидно поминување.
Некој да пише update на цените?
 
Зависи за што одиш. Ако е за море, Барселона, Лорет Де Мар (за овде обично имаат тури агенцииве), Тенерифе, Валенсија, Мајорка. Ако е за шетање пак Барселона, Андалузија.
Кој период го препораќувате за Тенерифе?
Дали почеток на Август е многу жешко?
Автоматски споено мислење:

Јас уште пред два месеци си букирав за на 13 јуни Тенерифе.
Пошто сме слепо црево и нема директен лет од Македонија до Шпанија, ќе летаме од Берлин.
Не ти треба агенција воопшто, смештај имаш во изобилие и не е скапо.
Јас повеќе имав мерак за Андалузија да ја шетам, ама друштвото изгласаа за Тенерифе :)
Моја препорака Мајорка, Тенерифе или Аликанте, кај и да одиш нема да згрешиш.
Old School смештај баравте, на лице место?
Автоматски споено мислење:

Пред неколку дена се вративме од Тенерифе и уште под импресии.
Ако некој се одлучи за Канарските острови има што да се види на Тенерифе.
Има за сечиј вкус се и сешто. На јужниот дел има убави песочни плажи, мене лично најповеќе ми се допадна Del Duque, целата околина околу плажата е преубава, местото е опкружено со луксузни ресорти па и цените се доста повисоки од другите места ама вреди
Del Duque
Прегледај го приврзокот 382733

Прегледај го приврзокот 382735Прегледај го приврзокот 382736


Одма неколку километри до оваа околина е и Лас Америкас, каде можат да се најдат локални барчиња и ресторани на сама плажа, да дрмнете една ладна кригла точено пиво од Тенерифе за едно евро и правец во океан на освежување :ајнапиво:

Во Грција локумадес а во Тенерифе вртат дечки и продаваат пива во лименки кои се поефтини од сама продавница :) И тоа во мраз ти ги носи камен ладни, исто така и сокчиња. Значи си изнајмуваш лежалка на плажа и имаш сервис до тебе за цел ден :)

Las Americas, Playa del camison
Прегледај го приврзокот 382738
Тука имате и продавници снабдени со се и сешто,од облека до сувенири.
Значи плажи, ресторани, коктел барови, продавници, се ти е на дофат.

Исто така во Адехе е и Лос Кристијанос, таму е пристаништето. Имате екскурзии со бродчиња за гледање китови. Од 15 до 45 евра за три часа, во зависност од турата и бродот.
Ние имавме предобро искуство.

На север е како на друг остров да си, оние плажи и онаа убавина не е реална
Тешко се пристапни ама вреди маката.
Северниот дел е поживописен, има повеќе шума и пејсажи кои те оставаат без здив
Ла Тересита е најпозната плажа, се наоѓа одма до главниот град Санта Круз
Прегледај го приврзокот 382741


Прегледај го приврзокот 382742

Прегледај го приврзокот 382749
Прегледај го приврзокот 382750Пуерто Де Ла Круз е исто така градче кое вреди да се посети, оддалечен беше од нас 70 км па патот до таму беше низ планински села со интересни куќарки во разни бои, едноставно уживање, патот стрмен со кривини али асфалтот топ па немавме никаков проблем.
Стариот град на Пуерто ми остана во душа, типично Шпанско градче.

Интересен факт е дека Агата Кристи после разводот избегала во Пуерто Де Ла Круз и во ова градче ја напишала "Тајната на синиот воз" а ова е уличката во нејзин спомен.Прегледај го приврзокот 382743

Прегледај го приврзокот 382744

Исто така вреди да се посети и селото Маска, патот до таму е вистински предизвик ама вреди. Целото село е со огромни масиви и сртови.
Кој е љубител по планини ќе биди воодушевен.

Во Тенерифе е и најголемиот воден парк, Сиам Парк. Картата е 45 евра само влез, ама додај тука уште 50 евра од чоек минимум за да ги користиш сите услуги во паркот и плус оброк и пијалоци.
Плус ако немаш приорити пас ќе се изначекаш и три пати само ќе се пуштиш на тобогани.

Ние бевме сместени во мирна населба одма до Playa Paraiso
Смештај си букиравме преку AirBnb, приватен апартман со три спални соби, дневна, кујна и две купатила. Апартманот беше сместен во ресорт со заеднички базени,бар и ресторан
Храната во ресторанот беше врв.

Прегледај го приврзокот 382746
Кога сме кај храната воглавно све ми се допадна ама ќе ја издвојам паелата и школките во едно локално кафанче во Пуерто Де Ла Круз, прекрасна услуга и одличен амбиент
Прегледај го приврзокот 382747Прегледај го приврзокот 382748


И можеби најдобриот дел, вулканот Теиде кој е највисоката точка во Шпанија 3715 м
Има гондола која оди до горе, цената на билетот е 50 евра, имаше и тури со кватроцикли кои движеа до некаде ама гондолата е подобар избор.
Горе изгледа како на Марс да си :)
Прегледај го приврзокот 382751Прегледај го приврзокот 382752Прегледај го приврзокот 382754



Така да кој е во дилема за Шпанија моја препорака Тенерифе, поготово ако си авантурист во душа. Јас дефинитивно ќе се вратам пак оти има што да се види
Си изнајмуваш рента кар и шибаш.
Да нагласам дека рента кар е ефтина опција во Тенерифе ама ако букирате со време.За 140 евра се наоѓа супер количе за една недела, горивото поефтино од кај нас чинам беше.
Од аеродром зема рент а кар, или?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom