Пред неколку дена се вративме од Тенерифе и уште под импресии.
Ако некој се одлучи за Канарските острови има што да се види на Тенерифе.
Има за сечиј вкус се и сешто. На јужниот дел има убави песочни плажи, мене лично најповеќе ми се допадна Del Duque, целата околина околу плажата е преубава, местото е опкружено со луксузни ресорти па и цените се доста повисоки од другите места ама вреди
Del Duque
Одма неколку километри до оваа околина е и Лас Америкас, каде можат да се најдат локални барчиња и ресторани на сама плажа, да дрмнете една ладна кригла точено пиво од Тенерифе за едно евро и правец во океан на освежување
Во Грција локумадес а во Тенерифе вртат дечки и продаваат пива во лименки кои се поефтини од сама продавница
И тоа во мраз ти ги носи камен ладни, исто така и сокчиња. Значи си изнајмуваш лежалка на плажа и имаш сервис до тебе за цел ден
Las Americas, Playa del camison
Тука имате и продавници снабдени со се и сешто,од облека до сувенири.
Значи плажи, ресторани, коктел барови, продавници, се ти е на дофат.
Исто така во Адехе е и Лос Кристијанос, таму е пристаништето. Имате екскурзии со бродчиња за гледање китови. Од 15 до 45 евра за три часа, во зависност од турата и бродот.
Ние имавме предобро искуство.
На север е како на друг остров да си, оние плажи и онаа убавина не е реална
Тешко се пристапни ама вреди маката.
Северниот дел е поживописен, има повеќе шума и пејсажи кои те оставаат без здив
Ла Тересита е најпозната плажа, се наоѓа одма до главниот град Санта Круз
Пуерто Де Ла Круз е исто така градче кое вреди да се посети, оддалечен беше од нас 70 км па патот до таму беше низ планински села со интересни куќарки во разни бои, едноставно уживање, патот стрмен со кривини али асфалтот топ па немавме никаков проблем.
Стариот град на Пуерто ми остана во душа, типично Шпанско градче.
Интересен факт е дека Агата Кристи после разводот избегала во Пуерто Де Ла Круз и во ова градче ја напишала "Тајната на синиот воз" а ова е уличката во нејзин спомен.
Исто така вреди да се посети и селото Маска, патот до таму е вистински предизвик ама вреди. Целото село е со огромни масиви и сртови.
Кој е љубител по планини ќе биди воодушевен.
Во Тенерифе е и најголемиот воден парк, Сиам Парк. Картата е 45 евра само влез, ама додај тука уште 50 евра од чоек минимум за да ги користиш сите услуги во паркот и плус оброк и пијалоци.
Плус ако немаш приорити пас ќе се изначекаш и три пати само ќе се пуштиш на тобогани.
Ние бевме сместени во мирна населба одма до Playa Paraiso
Смештај си букиравме преку AirBnb, приватен апартман со три спални соби, дневна, кујна и две купатила. Апартманот беше сместен во ресорт со заеднички базени,бар и ресторан
Храната во ресторанот беше врв.
Кога сме кај храната воглавно све ми се допадна ама ќе ја издвојам паелата и школките во едно локално кафанче во Пуерто Де Ла Круз, прекрасна услуга и одличен амбиент
И можеби најдобриот дел, вулканот Теиде кој е највисоката точка во Шпанија 3715 м
Има гондола која оди до горе, цената на билетот е 50 евра, имаше и тури со кватроцикли кои движеа до некаде ама гондолата е подобар избор.
Горе изгледа како на Марс да си
Така да кој е во дилема за Шпанија моја препорака Тенерифе, поготово ако си авантурист во душа. Јас дефинитивно ќе се вратам пак оти има што да се види
Си изнајмуваш рента кар и шибаш.
Да нагласам дека рента кар е ефтина опција во Тенерифе ама ако букирате со време.За 140 евра се наоѓа супер количе за една недела, горивото поефтино од кај нас чинам беше.