Јас и не мислам дека тој "пат" е најдобар. Баш напротив, ловење големи имиња значи и трошење големи пари за плати, а знаеме таа "авантура" како заврши прошлиот пат. Треба да се биде паметен и мудро да се трошат парите.
Еве, отворете го ростерот на Sporting, на википедија колку од играчите ви се познати? Со исклучок на браќата Кошта кои се rising starts сите други се не баш познати во јавност. Ај океј, Салвадор Салвадор е стандарден репрезентативец веќе, а ги имаат и Портела и Бранкињо исто така. Ама ниту еден играч во ростерот не е некаква ракометна ѕвезда какви што играат во Веспрем, Келце, Барселона, ПСЖ и сл.
Она што прво треба да се има на ум е да се растерети ростерот. Ние моментално на платен список имаме 23 играчи! Не знам каква е ситуацијата со Бакар, бидејќи се води како наш позајмен играч во Пролет до крај на сезонава и каков е договорот на Вардар со нив, ама ништо чудно и таму да трошиме некој денар.
Ростер од 23 играчи е неодржлив на долг рок и тоа не само од финансиски причини. Еден Кил традиционално нема повеќе од 16 играчи по сезона. Време е еднаш засекогаш да се ослободиме од вишокот играчи, без разлика дали се тоа домашни или странски. Богдановски, Марио Стојановски, Ќосевски... за што ги држиме во ростерот? Или ќе решиме да им дадеме стварно шанса каде што пред нив ќе има еден поискусен играч, а они ќе бидат втори или ќе им дадеме одврзани раце да прават што сакаат. Да се биде трета опција на позиција крило или голман според мене е глупост.
На доста играчи им завршуваат договорите во јуни 2025:
- Коиј и Аларов од пивотите
- Гоце и Родригез од крилата
- Томи, Ашраф, Мело, Петриќ и Крсманчиќ од бековите (тука влегуваат и Николиќ, Борозан и Горига, но они имаат клаузули за продолжување)
- Еспиња не знам колкав договор има
Кој од овие задоволил, кој не? 6 деснораки бекови и уште два дефанзивци се надевам нема да држиме и наредна сезона. Уште сега се мисли на овие работи.
А, дали утре ќе донесеме аргентински репрезентативец кој игра во петтиот тим во Шпанија или некој друг искрено ич не ме занима, се додека станува збор за играч кој е добар, играч кој ќе може да расте кај нас во иднина и секако најбитно - ќе се уклопи во концептот и идејата на тренерот.