Ама Покетино не бил крив.....
Сега гледав распоред до Стара Нова Година имаме релстивно лесни противници, на овие утакмици ќе се види капацитетот на тимов. Ако сме комфорни во топ 3 до крај на Јануар очекувам да фатиме топ 4 99%
Другар Покетино наследи тим што претходна сезона имаше постигнато 38 гола во лига, низ цела сезона Челзи имаше убедливо највеќе повреди од сите тимови.
Каква ширина на состав има на располагање Мареска а каква Покетино и со кои замени требаше да брка Покетино резултат.
Дај да ја затвориме темава веќе еднаш.
До сега јас сум задоволен од работата на Мареска во поглед на тоа како го менаџира составот и фудбалот кој го игра Челзи.
Не негирам ништо, но за моментална состојба на табела удел има тоа што Арсенал и Сити се многу послаби од лани и Челзи не се троши во Европа него игра со втор тим.
Како стои моментално ситуација во пл неуспех ќе е да не завршиме во топ 4 од што некој си успех значи очекувано е Челзи сезонава да заврши топ 4.
Е сега доколку Челзи освои титула е тогаш може да се каже дека Мареска направил чудо еднакво на онаа Тухелова лш.
Но топ 4 и некое си 1/2 финале во Фа куп нема да е некое големо достигнување и ќе ти повторам пак освен Ливерпул никој друг тим во лигата не игра на стандард од лани.
Sent from my M2007J20CG using Tapatalk