Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Е па ај ако не пола екипа од Брера нека ја донесат као мислиш дека за Динамо Загреб или Црвена Звезда се работи. Доволно е Србинот да го соберат некако, што здравје ни зема откако е дојден во Македонија (3 или 4 гола ми се чини ни има свирнато), а ние и онака у нападот сме со инвалиди...

Ги споменав поради тоа што се пред заминување. Уште немаат добиено плата во Брера и со оглед на пишувањето по порталите најверојатно ќе тераат со подмладен состав.
 
Пинтер веќе тренира со екипата, добар штопер е ама и доста скап за наши услови… еден од французите е исто штопер, денес не можел ни против младинците да се држи :tapp:Ако го потпишат и тој значи дека можеби еден од постоечкиве ќе си оди (да се надеваме Јасмин дека ќе си иде)…
 
Пинтер веќе тренира со екипата, добар штопер е ама и доста скап за наши услови… еден од французите е исто штопер, денес не можел ни против младинците да се држи :tapp:Ако го потпишат и тој значи дека можеби еден од постоечкиве ќе си оди (да се надеваме Јасмин дека ќе си иде)…

Moжно е Мишковски да се пензионира или Ѓуриќ да јаде отказ, кај го најде Мециновиќ тој им е комбинација.
 
Ѓуриќ уште во старт беше третиран „како играч на прошлата управа„, т.е. на прошлиот спортски директор. Дечкото истрпе доста лош однос од страна на моменталното раководство, иако за тоа немаше никаков основ. Дури и онаа деспина на гача на едно интервју 10 пати му наметнуваше дека сезонава условите биле многу подобри од ланските, а Деки сосема коректно го избегна тоа наметнување. Ништо чудно он да лета. Мишко исто така, уште во јуни сакаше да се пензионира. Јасмин е милениче на новата управа, воедно и еден од најдобрите стрелци годинава (да не ципидлачиме дека головите се во грешна мрежа. гол си е гол).
Тие французи што ги носат преку истата менаџерска агенција се исто така фалц како и претходните. Луѓето кои мислат дека доволно е само да фрлиш пари за да имаш успех во спортот очигледно никогаш не се занимавале со овој бизнис. Ене го и гостиварчанецот, еве ги сега и миленко и иди. Не знам што е полошо сценарио, дали тоа дека се тотални идиоти и ги трошат парите од незнаење, или тоа дека си се влезени во менаџерски шеми и лапаат сериозни провизии.
 
Јасно е дека сакаат да се отарасат од сите кои имаат било каква врска со претходните управи на Вардар, почнувајќи од играчкиот кадар па натака... Кај некои играчи тоа не иде лесно, особено кај оние со помасни договори кои мораат да се исплатат до крај во случај на бркање
 
Козарот објавил веб страница, која е само доказ за нивото на кое клубот се наоѓа.

Кич естетиката, граматичките грешки и ,,историјата на клубот" напишана како расказ на дете од градинка, се само слика на клубот денес. Нормално, сето тоа промовирано од фб профилот на Козарот, нели во духот на големите европски клубови.

Филип Најдовски воопшто и го нема на веб страницата, а ние тука збориме за зимски преоден рок...:)

Ужас, катаклизма, Миленко:)
 
Неверојатно какво очоболие е сајтот! Историја на клубот од три реченици со десет грешки, а на страницата со составот на тимот добиваш гратис епилептичен напад. Фонтовите, распоредот на содржини, менито од две без три категории... Ама што друго да очекуваш од козарот рамноземјашки? Кај делот КУПИ БИЛЕТ има објава дека до крај на сезона влезот на Градски ќе биде слободен, а истовремено има и најава за некаква нова сезонска од 3500 денари, со која добиваш слободен влез на сите домашни натпревари и 10% попуст во веб-продавницата (што уште не е направена). Која е поентата да го пуштиш сајтот недоделкан, недоправен и во ваква форма?
 
Овој таканаречен веб сајт е огледало на нивното незнаење, нестручност, непрофесионалност, башибозук, ниво на водење на селска задруга. Сум среќавал поозбилни сајтови на куќни совети на влезови. Замислите некој странец да се заинтересира за Вардар и да го отвори овој монструм од сајт или блог не знам што е, и прво што ќе види се оние наставани буљук играчи без никаква хиерархија на елементи и дизајн и фонтови користени на самиот почеток на компјутерската ера.

Баш тажно за гледање, се надевам дека нема да го претставуваат како официјален туку како уште една од краткотрајните играчки на МН и неговата неспособна банда околу себе како што им беше оној Твитер профил на кој се пишуваше колку коштало таксито на Лемос до Софија...
 
Според Екипа Влатко Стојановски од Работнички би требало да дојде во Вардар.Стојановски токму на дуелот минатата сезона со Вардар ги скина лигаментите и во есенскиот дел имаше мала минутажа од 39 мин главно како резерва на последните три-четири натпревари.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom