Здраво, знам дека има милион дискусии за плаќање на данокот за капитална добивка од продажба на хартии од вредности, и можеби веќе прашањето ми е одговорено повеќе пати, ама неможам да најдам конкретни одговори па ќе прашам пак.
Прво, законот е следен:
Данокот за добивка од странски инвестиции според законот треба да се плаќа до 10ти во месецот кој следи по месецот во кој е отстварена добивката преку поднесување на извештај до УЈП за сите трансакции. Значи според УЈП
не треба да се плаќа кога ќе легнат парите на сметка, туку секој месец. Дали нема да имаш проблеми доколку само плаќаш 10% кога ќе ти легнат на сметка или не е дискутабилно, но не е согласно со законот.
Имајќи во предвид дека законот е тој, не ми е јасно:
1. Како што спомнав погоре, УЈП бара електронска пресметка на сите трансакции секој месец. Каде можам да ја најдам, или како може да ја направам оваа пресметка? Користам Trading212 како платформа за инвестирање и на крај на секој месец добивам по емаил 'Monthly Statement' дали од тука можам да ги најдам тие податоци? Дали треба да го прикачам цел документ?
2. Една хипотетичка ситуација: Дали доколку во месец Јануари сум вложил 1000 денари и цената акциите се кренала за 10% (од 1000 ден, до 1100 ден) дали сеуште треба да:
A) Поднесам извештај за моите позиции до УЈП на крајот на месецот?
B) Дали треба да платам платам данок 10% (100 ден) за Јануари?
Ова важи ДОКОЛКУ НЕ ГИ ИМАМ ЗАТВОРЕНО ПОЗИЦИИТЕ (немам направено sell на акциите во Т212) - што значи имам добивка, но добивката не е реализирана бидејќи акциите не се продадени.
3. УЈП на својата офицјална веб страна го има издадено следниов член (
LINK):
'Kапитална добивка остварена со продажба на хартии од вредност, удели издадени од инвестициски фонд,учество на капиталот, друг подвижен имот и недвижен имот во кој обврзникот живее најмалку една година пред продажбата се внесува во даночната основа во висина од 90% од разликата'
Дали ова значи дека треба да ја пријавуваме само 90% од капиталната добивка и данокот е 9% наместо 10%? Доколку да, како да може да го искористиме ова олеснување? Дали е автоматски пресметано од УЈП, дали треба да пријавам само 90% од капиталните добивки наместо 100%, или пак има трет начин?
---
Надвор од ова, дали некој ja користи опцијата '
Interest on cash' нa Trading212 каматата е 4.9% доколку штедиш во фунти + ти се исплаќа дневно и времето до ликвидност колку што разбрав е неколку дена. Како понуда за сигурно штедење на пари кои не ти требаат во моментов, а не сакаш да ги пласираш на берза ми изгледа како многу подобра понуда од тоа што го нудат банкиве тука, каде освен помали камати парите ќе ти бидат и заробени на одреден период. Ме интересира ваше мислење на ова, дали има подобра опција, или можеби пропуштам нешто (дополнителни трошоци за промена на валута + данок - дали се исплаќа кога ќе се земат и тие во обзир)?
Поздрав, и извините уште еднаш доколку прашања се веќе поставени предходно.