Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

y2k

Член од
4 октомври 2022
Мислења
1.102
Поени од реакции
1.603
Nikoj ne ti brani da imas smetka vo druga drzava, vprocem taka i otvaras smetka na IBKR na primer. Transferite koi gi pravis tamu si dolzen ti sam da gi prijavis vo drzavata kade sto si rezident. Znaci ne IBKR ti si dolzen. koga veke spomna fakti dozvoli mi da ti ja prezentiram svedskata hierarhija


y2k
|
fakti
|
bogovite
|
obicni smrtnici



Zasto go potencirase internet nekolku pati, iskoristi go istiot i procitaj. Na krajot na kraistata ako znaes sto e dobro za tebe no ne znaes za drugite, prekini da im davas soveti (posebno namali so gresni soveti)
И како да се води дискусија со тебе? Тоа што ти одговара тоа си пишуваш. Ти кажав и погоре, не ме цитирај веќе, терај магарето
 
Член од
18 август 2015
Мислења
181
Поени од реакции
95

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.814
Поени од реакции
30.698
Ова со данокот пријавување, на трејдерите тешко, знам луѓе што прават купи продај по 20пати во ден, и сами не знаат на што добиле на што загубиле, уште фали на ујп да се обајснуваат.
Ќе пријавиш дека таа година си имал капитална добивка 5000 евра и на тие ќе си платиш данок.
 
Член од
21 февруари 2011
Мислења
385
Поени од реакции
487
Здраво на сите,
едно прашање во врска со повлекување пари од ИБКР... имам уплатено преку WISE на ИБКР, немам некој профит 50 долари макс. Ако сакам да ги извадам на мк сметка, дали ќе има траг од каде доаѓаат парите и дали би имал проблем со УЈП околу тоа? дали ќе знаат дека биле уплатени преку WISE, а тие пари не ми се даночени што ми стигнале на WISE?
 
Член од
18 август 2015
Мислења
181
Поени од реакции
95
Здраво на сите,
едно прашање во врска со повлекување пари од ИБКР... имам уплатено преку WISE на ИБКР, немам некој профит 50 долари макс. Ако сакам да ги извадам на мк сметка, дали ќе има траг од каде доаѓаат парите и дали би имал проблем со УЈП околу тоа? дали ќе знаат дека биле уплатени преку WISE, а тие пари не ми се даночени што ми стигнале на WISE?
Извади ги на Wise, мислам ќе имаш проблем на мк сметка. Еднаш знам кога го прашав на chat assistant ми рече дека од таа сметка што правиш “funding” истата мора “withdraw”
 
Член од
9 септември 2020
Мислења
141
Поени од реакции
102
Извади ги на Wise, мислам ќе имаш проблем на мк сметка. Еднаш знам кога го прашав на chat assistant ми рече дека од таа сметка што правиш “funding” истата мора “withdraw”
Може да биде и на друга сметка не е задолжително да биде на истата, ама мора да биде во банка од истата држава.
 
Член од
21 февруари 2011
Мислења
385
Поени од реакции
487
Извади ги на Wise, мислам ќе имаш проблем на мк сметка. Еднаш знам кога го прашав на chat assistant ми рече дека од таа сметка што правиш “funding” истата мора “withdraw”
Како од WISE да ги добијам? Wire transfer ама после во банка како ќе ги оправдам од каде се парите?
 
Член од
21 февруари 2011
Мислења
385
Поени од реакции
487
50$ заработка е 5$ данок, поубо плати си.
Друга опција од Wise мислам можеш на Payoneer.
Не е проблем да платам 10%, работава ми е дека у банка ќе бараат потекло на парите, договор за работа или слично
 
Член од
6 февруари 2022
Мислења
1.011
Поени од реакции
3.939
Ok ако земаш кредит во Македонија пример од НЛБ и потоа се иселил во друга држава и не го враќа кредитот притоа нема имот на негово име дали може банката некако да му наплати, зш човекот земал 10к евра и вика не ги враќам, курот ќе ми јадат.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.265
Поени од реакции
2.261
Ok ако земаш кредит во Македонија пример од НЛБ и потоа се иселил во друга држава и не го враќа кредитот притоа нема имот на негово име дали може банката некако да му наплати, зш човекот земал 10к евра и вика не ги враќам, курот ќе ми јадат.
Баш денес ова го прашував во НЛБ на рандом муабет со вработен дури чекав да ми средат некои документи :) Не може, само ќе те дадат на извршител и сите сметки во мк ќе ти се блокирани за секогаш дури не ти наплатат. Плус ќе те дадат на извршители и извршителите ќе се јавуваат по твои блиски да се распрашуваат за тебе што си, кај си и како да ти наплатат. Така што ако не ти е страв да те избрукаат по цела фамилија и не планираш никогаш да се вратиш тука да имаш било какви приливи на македонска банка, не можат ништо да ти направат.
 
Член од
14 декември 2024
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво, знам дека има милион дискусии за плаќање на данокот за капитална добивка од продажба на хартии од вредности, и можеби веќе прашањето ми е одговорено повеќе пати, ама неможам да најдам конкретни одговори па ќе прашам пак.

Прво, законот е следен:

Данокот за добивка од странски инвестиции според законот треба да се плаќа до 10ти во месецот кој следи по месецот во кој е отстварена добивката преку поднесување на извештај до УЈП за сите трансакции. Значи според УЈП не треба да се плаќа кога ќе легнат парите на сметка, туку секој месец. Дали нема да имаш проблеми доколку само плаќаш 10% кога ќе ти легнат на сметка или не е дискутабилно, но не е согласно со законот.

Имајќи во предвид дека законот е тој, не ми е јасно:

1. Како што спомнав погоре, УЈП бара електронска пресметка на сите трансакции секој месец. Каде можам да ја најдам, или како може да ја направам оваа пресметка? Користам Trading212 како платформа за инвестирање и на крај на секој месец добивам по емаил 'Monthly Statement' дали од тука можам да ги најдам тие податоци? Дали треба да го прикачам цел документ?

2. Една хипотетичка ситуација: Дали доколку во месец Јануари сум вложил 1000 денари и цената акциите се кренала за 10% (од 1000 ден, до 1100 ден) дали сеуште треба да:

A) Поднесам извештај за моите позиции до УЈП на крајот на месецот?

B) Дали треба да платам платам данок 10% (100 ден) за Јануари?

Ова важи ДОКОЛКУ НЕ ГИ ИМАМ ЗАТВОРЕНО ПОЗИЦИИТЕ (немам направено sell на акциите во Т212) - што значи имам добивка, но добивката не е реализирана бидејќи акциите не се продадени.

3. УЈП на својата офицјална веб страна го има издадено следниов член (LINK):

'Kапитална добивка остварена со продажба на хартии од вредност, удели издадени од инвестициски фонд,учество на капиталот, друг подвижен имот и недвижен имот во кој обврзникот живее најмалку една година пред продажбата се внесува во даночната основа во висина од 90% од разликата'

Дали ова значи дека треба да ја пријавуваме само 90% од капиталната добивка и данокот е 9% наместо 10%? Доколку да, како да може да го искористиме ова олеснување? Дали е автоматски пресметано од УЈП, дали треба да пријавам само 90% од капиталните добивки наместо 100%, или пак има трет начин?

---

Надвор од ова, дали некој ja користи опцијата 'Interest on cash' нa Trading212 каматата е 4.9% доколку штедиш во фунти + ти се исплаќа дневно и времето до ликвидност колку што разбрав е неколку дена. Како понуда за сигурно штедење на пари кои не ти требаат во моментов, а не сакаш да ги пласираш на берза ми изгледа како многу подобра понуда од тоа што го нудат банкиве тука, каде освен помали камати парите ќе ти бидат и заробени на одреден период. Ме интересира ваше мислење на ова, дали има подобра опција, или можеби пропуштам нешто (дополнителни трошоци за промена на валута + данок - дали се исплаќа кога ќе се земат и тие во обзир)?

Поздрав, и извините уште еднаш доколку прашања се веќе поставени предходно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom