Која лага ја кажав? Дека Турците од Турција се жалат?
Еве просто прашање. Како држава како Турција дозволи земјотресот лани да им нанесе толкава штета? Еве Ердоган тогаш бил веќе 9 години на власт.
Иако знаат дека тоа подрачје е ризично за земјотреси, иако имаа специјален фонд за такви случаи? Еве
тука имаш листа на земјотреси, можеш да видиш дека и појаки земјотреси имаат удрено во густо населени места па немаат таква смртност.
Каква им беше реакцијата после земјотресот?
Пример, Ердоган ветил дека ќе изгради 300к+ домови за 1 години,а а не изградил ни 1/4 од тоа 1 година после земјотресот.
Линк
Немој да мислиш дека некој тука се радува на несреќата на некој народ, јас сум сигурен дека во Македонија да се случи таков земјотрес ќе имаме страшно големи штети. Не сме ништо подобри од Турција. Ама да ја воспеваш како некоја суперсила (на економски план) е смешно.
Пример, минималната плата е 465 евра. Ги гледам платите во ИТ секторот (мојот сектор) и гледам дека се горе доле исти со тие во Македонија. Ја читав
оваа дискусија од пред 8 месеци. Како еден гигант како Турција има исти плати како кај нас? Еве луѓето што работат во други сектори нека проверат.