- Член од
- 12 ноември 2008
- Мислења
- 2.095
- Поени од реакции
- 2.921
Тешка глупост е даде каже дека Турција индустриски и економски напредува благодарение на Ердоган. Турција напредуваше уште на почетокот на 21 век кога Ердоган не беше ни градоначалник на Истанбул. Напредокот на Турција пред се се должи на западните инвестиции особено во автомобилската индустрија. Денес во Турција свои фабрики имаат Рено, Форд и ФИАТ, не сум сигурен дали и Фолксваген има своја фабрика. Пред неколку години Фолксваген ја избра Турција, пред Србија и Бугарија, како држава во која ќе гради нова фабрика, дали тоа се реализира искрено не знам. Република Турција уште од самото основање има проблеми со исламистите, досега неколку партии биле забранети заради исламизам. За жал, морам да повторам, сиот напредок на Турција не беше ценет од страна на Европската Унија, која Турција ја гледаа како недемократска и заостаната држава. Тоа доведе до јакнење на исламизмот и доаѓањето на власт на Ердоган. Не е ни најмалку добро ако после Ердоган и неговите авантури Турција повторно се претвори во Болниот на Босфор како што беше пред повеќе од 100 години. Тогаш сиот напор на Кемал Ататурк во европеизација на Турција бил за бадијала.