Некаде прочитав, најголем дел од жените, девојчињата што имаат проблем со наоѓање асален партнер за брак денешно време, колку и да е иронично, се најблиску до wife material ако такво нешто воопшто постои како генерална работа.
По социјалниве мрежи гледаме кои добиваат внимание. Едноставно мажот ако ја сака ќе најде оправдување. Инаку за секоја има етикета, ако има активен интимен живот оние епитети, ако не е невина непогодна за брак, ако седи мирна или не е интересна или ѝ фали нешто или ливадарка. Да погодиш, никогаш нема да погодиш затоа индивидуална компатибилност е клуч. Тогаш за сѐ има оправдување. Жениве треба повеќе да си држат до себе си, да не трчаат да се мажат, се омажила мома да не седи дома, туку за еден здрав дом и заедница во којашто веруваат. Речиси сум сигурна дека овакви нереални критериуми во целост не поседува ниедна сопруга на женетиве што коментираат, па сепак немам ни најмал сомнеж дека не си се (не можат да бидат) жени и домаќинки на место.
Порано мажите трчале, ги убедувале и искрено не верувам дека имало врска само и само со хименот којшто сега маестрално и се шие ако треба. Еее порано жените биле поербап повеќе знаеле како да замаскираат грешките биле повеќе свесни за својата вредност, не прифаќале маж без занимање и печал како што има случаи денес. Си биле захтевни па мажите се бореле да ги заслужат. Зошто мажи полесно се навлекуваат на гејминг? Оти им се допаѓa и во природата им е да се борат да добијат нешто. Бајките се жив пример, им даваат предизвици задачи за да ја земе царевата ќерка. Сега сѐ е толку лесно за нив.