Според мене Артета е добар тренер ама наративот на градењето на Арсенал како екипа му е погрешен, или барем изборот на играчи не му е скроз добар за да му успеат замислите.
Он од Арсенал сака да направи таф гајс екипа, борбени, прљави, цело време игра на работ на фаул и притоа да играат тврди утакмици каде ќе победуваат со 1-2 разлика, да не речам Чоло за сиромашни. Прво и основно нема асален шпиц, за ова што го игра од исклучителна важност е да имаат јак шпиц кој ќе трпа голови пошо не прават кујзне колку шанси од отворена игра. Со Хаверц и Жесус нема леб дефинитивно. Играта се базира на пробиви преку крилата, нафрлувања во 16ник, изнудување корни или фаули близу 16ник за да може да се нафрли и да се постигне гол, впрочем тоа е најсилното оружје на Арсенал.
Меѓутоа, не можеш да го градиш ова погоре со играчи како Хаверц, Жезус, Зинченко, Одегард и не знам ваљда заборавам некого, играчи кои се све само не таф гајс и тука не мислам на нивните фудбалски квалитети, да не се разбереме погрешно.
Друга работа е што Арсенал од омилена екипа на неутралците стана една од поодвратните ради прљвите работи кои ги прават на терен, а се дело на Артета. Мора да купат јак шпиц и мора да го сменат тврдиот пристап кон утакмиците.