Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Fagioli, Weah, Ruhi, Danilo mora da gi nema od timot.

Motta zasega e katastrofa. Allegri bese pogolem mudonja od nego sto e zastrasuvacki fakt.
 
Јас имам верба во Мота, човеков е поранешен играч кој има освоено све, сезонава му е прва во голем клуб, многу нови играчи, премногу повредени и згуснат распоред кој не му дава простор за консолидација на тимот, до крај реално е да фатат место кое води во ЛШ.

Подобро ќе беше без повредите но тоа е тоа, најмногу изгуби со Бремер кој можеби беше најдобар ЦВ во лигата и не заборавајте каква беше играта со него во тимот, разлика ден и ноќ, среќа се погоди Калулу зошто сега ќе беа 5-6 места
подолу.
 
Мота ќе биди можеби и одличен тренер но можеби скокна прерано кај нас и очигледно мора да подобри многу работи и тоа брзо без алиби. Не се проблем резулатите покрај толку повреди туку играта која не постои. Веќе 3 месец скоро се оди преку Косенсисао, немаме друг план. Не знајме поинаку. Коп и Јилдиз играат надвор од позиција.

Ни еден голем клуб не смее да се потпира само на еден играч и кога е веќе е така на тренерот е работа да најдо решение, да смени формација, да се прилагоди ние туркаме со глата в ѕид цело време.

Кога беа здрави правеше нелогични ротации го седна Кабал баш кога зеде ритам, Фагиоли пичето одигра одлично го седна, не знам зошто Гати го седна на почеток итн…

Од лани со сега добивме 1% повеќе посед (пак истите подавање на назад но сега голманит е по приклучен) и 0.1 повеќе шанси на гол.

Значи не сакам да го отпуштат, сакам да му дадат време но треба малце и тој самиот да се потруди да најди решение. Ова не мириса на добро, ништо нема променето нити пробано да промени а веќе како што реков влегуваме во 3 месец каде што сме ужас и не одат работите.
 
Ова ме провоцира мене, види една потпросечна Рома со Ел Шарави, Салемакерс и Дибала во напад им дава 4 голови на Лече, ние изгледавме како неспособни гол да им дадеме, да не беше оној чукнатиот.

Не ме интересира ниту играта толку, ниту ништо, јасно е дека ова е прва сезона на Мота, јасно е дека имаше многу повредени играчи, но ме вадат од такт резултатите против вакви инвалиди - имаме 5 нерешени против Емполи, Каљари, Парма, Лече и Болоња :facepalm:.
Овој податок е за шамарање на сите од прв до последен на теренот и во стручниот штаб - без разлика на околностите, просто не смее ова да се прифати, ај една или две да беа нерешени од овие, ама пет е премногу макар играл и со 10 играчи од старт.
 
Доброто во сиот овој хаос е што и при негативен резултат, покажуваат желба и борба да се вратат назад, нешто што беше мисловна именка последниве 3-4 сезони.
Е сега од друга страна се надевам дека Мота нема да биде инает, и дека ќе проба друга формација дека моменталнава 4-2-3-1 не функционира, и играчиве се дезориентирани напред, Јилдиз е ептен ограничен во оваа тактика. Може да се проба со 4-3-3 или 4-4-2 со Јилдиз како полушпиц и Влаховиќ како најистурен напред.

Знаеме дека имаат многу повредени играчи, ама тоа не е оправдување да не можеш да тепаш селски екипи од дното на табелата.
 
Последно уредено:
Од друга страна ѓуптинот бразилски 2 месеци го нема на терен поради некоја повред жа шо никој не знај шо е и го шета светот со авионот
 
Од друга страна ѓуптинот бразилски 2 месеци го нема на терен поради некоја повред жа шо никој не знај шо е и го шета светот со авионот

И јас би глумел повреда за да шетам со Алиша :kafence:
 
Оваа да ти седне, ќе има да ти го прегори како чкорче...

Добро бе шо треба да се деси за Јилдиз да игра на средина од 3ката зад Душан ??
 
Прв пат, еве дури во Декември да видам да се покаже Ди Грегорио со одбраниве...
 
Добро бе шо треба да се деси за Јилдиз да игра на средина од 3ката зад Душан ??
Тогаш Копмајнерс нема кај да игра иако се сложувам и јас мислам дека Јилдиз за тука е измислен.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom