Бидејки во МПЦ однсоно во Македонија тој ден е ден на св.Трифун светец кој е заштитник на виновата лоза а за Валентин тоа е римокатолички празник додека во Македонија поточно во православниот календар има друг ден кој е посветен на љубовта а тоа е Вера Надеж и Љубов и се празнува мислам на 30 септември да не ги мешаме лончињата бидејки тоа се празници кои не се совпаѓаат со Православниот свет во кој 99% од Македонскиот народ ги празнува ,секако никој неможе да ти го оспори правото ти да го празнуваш тој празник ,но никако да се бара од учениците во школите да бидат облечени за кај нас познат ден на вештерките во маски и сл.
Ни Валентин е католички ни Трифун е православен, христијански се, признати се за светци од двете цркви.
Ден на вљубените нема никаква поврзаност со светецот Валентин како што мислат некои, иако на англиски изразот е St. Valentine's day. Римокатоличката црква не го признава Денот на вљубените, никогаш не го ни признавала за празник. Во светот на него повеќе се гледа секуларно па имаш и некои муслимани и луѓе од други религии кои си уживаат на тој ден со партнерите.
Исто и Халовин, овде тие што идат на такви журки повеќе го прават за уживање во моментот, забава отколку празнување некаков празник.
Ако некој сака да се маскира за Халовин зошто одма осудување и врескање де вака де онака. Ако сака некој ќе слави и Star Wars day, негова работа. Не може некој на другиот да му кажува дали му е туѓо нештото или не, па од каде и да потекнува истото.
И Нова година е пагански па еве речиси сите православни во државава се журкаат тој ден, јадат руска и кифлички. 1 април е од запад па се маскираат децата и на тој ден, маркетите и тогаш продаваат маски.
Му пречи на некој што луѓето се веселат на одредени денови во годината бидејќи така си одлучиле самите? Негов проблем.