Ова Лимак го воведе со договорите во пред-продажба уште на првите две кули. Не само за квадратот, туку и за одржување, премер, кредит, обврски на купувачот, едно чудо стапици. Еднаш го прочитав и кажав фала многу пријатно. Да потшише човек такво нешто треба, не во колено, туку во глава да си пука ....... а после повторно да оживее и уште еднаш во глава да си пукаДа ви напоменам на еден нов момент кој градежниве компании почнаа да го применуваат кога идете да купите стан. Имено, доколку се одлучите да купите стан на одложено плаќање, на пример, да уплатите само 30% при почеток на градење, градежните компании со цел што е можно побрзо да ви ги земат парите целосно, почнаа да внесуваат клаузула во преддоговорот за цената на становите да биде флуктуирачка се до целосното исплаќање на станот.
Така да, доколку сте пазареле стан за 2000Е квадрат, и сте платиле 30% од 100м2 стан, и цената во меѓувреме се качи на 3000Е, ке си платите разлика од 1000Е по квадрат за останатиот дел од станот што не е исплатен, значи, останатите 70%.
Доколку станот го земате преку банка, т.е банката да го исплати целосно станот на градежната компанија а вие после на банката да сте должници, тогаш ова нема да ве афектира. Ама, ако имате пари целосно да го платите станот, и сакате само делумно да дадете пари, можно е да се обидат да ви протнат вакво нешто во договорот.
П.С. Слушам бесплатна вода добиле новите веле(стано)поседници