Станови во Скопје, совети за купување.

Член од
28 мај 2022
Мислења
88
Поени од реакции
172
Да ви напоменам на еден нов момент кој градежниве компании почнаа да го применуваат кога идете да купите стан. Имено, доколку се одлучите да купите стан на одложено плаќање, на пример, да уплатите само 30% при почеток на градење, градежните компании со цел што е можно побрзо да ви ги земат парите целосно, почнаа да внесуваат клаузула во преддоговорот за цената на становите да биде флуктуирачка се до целосното исплаќање на станот.

Така да, доколку сте пазареле стан за 2000Е квадрат, и сте платиле 30% од 100м2 стан, и цената во меѓувреме се качи на 3000Е, ке си платите разлика од 1000Е по квадрат за останатиот дел од станот што не е исплатен, значи, останатите 70%.

Доколку станот го земате преку банка, т.е банката да го исплати целосно станот на градежната компанија а вие после на банката да сте должници, тогаш ова нема да ве афектира. Ама, ако имате пари целосно да го платите станот, и сакате само делумно да дадете пари, можно е да се обидат да ви протнат вакво нешто во договорот.
Ова Лимак го воведе со договорите во пред-продажба уште на првите две кули. Не само за квадратот, туку и за одржување, премер, кредит, обврски на купувачот, едно чудо стапици. Еднаш го прочитав и кажав фала многу пријатно. Да потшише човек такво нешто треба, не во колено, туку во глава да си пука ....... а после повторно да оживее и уште еднаш во глава да си пука :tapp:

П.С. Слушам бесплатна вода добиле новите веле(стано)поседници :pos:
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.032
Поени од реакции
5.207
Член од
14 август 2018
Мислења
4.881
Поени од реакции
10.881
И шо вика министеро за „внатрешни„ за вадењето „калаши„ на сред Шкуп?...
Ваљда има разбирање човекот!? Сепак е тоа една културно-уметничка традиција.
А Скопје е "културна" и мулти-етничка метропола од европски ранг :rolleyes:
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.792
Поени од реакции
2.979
2500 еура Центар, 2000 еура Аеродром 1900 Карпош, машала ко квасец си растат ..
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.792
Поени од реакции
2.979
Cekaj,.edno vrapce mi kaza samo sto ne padnale na 500 eur iako evro banknotata poeftina od toilet paper stana
Се раскупувале народов,божем ќе снема, а фрчи од градилишта и згради никнуваат ко печурки по дожд низ Скопјенцето, се штанцаат станови на мртво, ама кај и да е ќе искупат сите не може вечито пари да имаат за купување..
Многу пари покажува народов..
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.020
Поени од реакции
12.519

Кој ти црн народ покажува пари ?

Единствени кои покажуваат пари се криминалците и политичарите кои ги перат нелегално стекнатите средства преку градежните офанзиви.

Над половина од сите нови станови низ Скопјево се празни, едни се таксани за издавање под кирија, други се таксани за продавање по што е можно повисоки и напумпани цени во иднина. Им се исплати на криминалците да ги држат становите празни, ако денес метар квадратен се продава по 2000 евра, за 2 години од сега ќе се продава за 3500 евра, ако не и за 4000 евра. Ем веќе си го испрале нелегално стекнатиот капитал, ем ќе си остварат уште поголема добивка за 2 до 3 години од сега.

Единствените кои покажуваат пари, а да не се криминалци или политичари, се исклучоци, како што се странските доселеници како Холанѓаните кои го сардисаа Охрид, или по некој македонски емигрант кој од досада се вратил тука - лично запознав таков пред 2 години, живеел и работел во Канада повеќе од 10 (ДЕСЕТ) години, но сега се враќа во Скопје бидејќи иако во Канада имал и работа и добра плата, сепак животот во Канада му бил досаден и неинтересен - или луѓе од внатрешноста кои или распродале што имале во родните краеви, или се презадолжиле кај банките или кај приватните лихвари за да се преселат во Скопје во потрага по работа или по можност за фаќање џаде во странство - па сепак тука е аеродромот и меѓународна автобуска станица Скопје од каде што можат да фатат џаде за Белград или за Приштина, а од таму нареден правец централна или западна Европа. Охрид иако има аеродром сепак е полупразен во поголемиот дел од годината, а вака додека се во Скопје ќе најдат некаква работа за да крпат од први до први.

Еве пријателка на моите која инаку потекнува од Македонска Каменица, но со сопругот се преселија во Охрид пред повеќе од 20 години, кога ќерките и` завршија средно таму некаде во 2020 или 2021 година го убеди татко и` да извади кредит за да купи стан во Скопје за ќерките да не биле сместени под кирија додека студираат на факултет во Скопје. Дедово на стари години извади кредит, стави куќа под хипотека, продаде нива и што уште не, за внукиве да имале сопствен стан во Скопје.

Тоа не е покажување на пари, тоа е исклучок на шаблонот кој се повторува: криминалците и политичарите ги перат нелегално стекнатите средства преку изградба на објекти, преку продавање на станбени и деловни простории по нездраво високи цени, или преку издавање на станбени и деловни простории под кирија, исто така по нездраво високи цени.

Во темелите на секој нов објект низ Скопјево се кријат организиран криминал и корупција, или инвеститорот е криминалец или има криминалци за партнери, или е обичен смртник кој начекал можност да гради, но сепак морал да потплати некаде за градежна дозвола.
 
Последно уредено:

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.792
Поени од реакции
2.979
Кој ти црн народ покажува пари ?

Единствени кои покажуваат пари се криминалците и политичарите кои ги перат нелегално стекнатите средства преку градежните офанзиви.

Над половина од сите нови станови низ Скопјево се празни, едни се таксани за издавање под кирија, други се таксани за продавање по што е можно повисоки и напумпани цени во иднина. Им се исплати на криминалците да ги држат становите празни, ако денес метар квадратен се продава по 2000 евра, за 2 години од сега ќе се продава за 3500 евра, ако не и за 4000 евра. Ем веќе си го испрале нелегално стекнатиот капитал, ем ќе си остварат уште поголема добивка за 2 до 3 години од сега.

Единствените кои покажуваат пари, а да не се криминалци или политичари, се исклучоци, како што се странските доселеници како Холанѓаните кои го сардисаа Охрид, или некои македонски емигрант кој од досада се вратил тука - лично запознав таков пред 2 години, живеел и работел во Канада повеќе од 10 (ДЕСЕТ) години, но сега се враќа во Скопје бидејќи иако во Канада имал и работа и добра плата, сепак животот во Канада му бил досаден и неинтересен - или луѓе од внатрешноста кои или распродале што имале во родните краеви, или се презадолжиле кај банките или кај приватните лихвари за да се преселат во Скопје во потрага по работа или по можност за фаќање џаде во странство - па сепак тука е аеродромот и меѓународна автобуска станица Скопје од каде што можат да фатат џаде за Белград или за Приштина, а од таму нареден правец централна или западна Европа. Охрид иако има аеродром сепак е полупразен во поголемиот дел од годината, а вака додека се во Скопје ќе најдат некаква работа за да крпат од први до први.

Еве пријателка на моите која инаку потекнува од Македонска Каменица, но со сопругот се преселија во Охрид пред повеќе од 20 години, кога ќерките и` завршија средно таму некаде во 2020 или 2021 година го убеди татко и` да извади кредит за да купи стан во Скопје за ќерките да не биле сместени под кирија додека студираат на факултет во Скопје. Дедово на стари години извади кредит, стави куќа под хипотека, продаде нива и што уште не, за внукиве да имале сопствен стан во Скопје.

Тоа не е покажување на пари, тоа е исклучок на шаблонот кој се повторува: криминалците и политичарите ги перат нелегално стекнатите средства преку изградба на објекти, преку продавање на станбени и деловни простории по нездраво високи цени, или преку издавање на станбени и деловни простории под кирија, исто така под нездраво високи цени.

Во темелите на секој нов објект низ Скопјево се кријат организиран криминал и корупција, или инвеститорот е криминалец или има криминалци за партнери, или е обичен смртник кој начекал можност да гради, но сепак морал да потплати некаде за градежна дозвола.
Се чудам само на кого ли ќе ги издаваат, студенти има се помалку, наталитет 0, на пензионери ли? Зш сите веќе знаат дека е подобро во еу да работат и седат под кирија одколку во Шкуп.
Автоматски споено мислење:

Логично е ако има превише изградено станови и стојат празни цената да паѓа, а не да се качува.
Автоматски споено мислење:

Абе купуваат гастарбајтери ама кај и да е ќе искупат и после ко ќе видат нема на кој да ги издаваат, ќе почнат да паѓаат вртоглаво цените, ко попусти на чизми на крај на зимска сезона, 50% попуст.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
11.020
Поени од реакции
12.519
Се чудам само на кого ли ќе ги издаваат, студенти има се помалку, наталитет 0, на пензионери ли? Зш сите веќе знаат дека е подобро во еу да работат и седат под кирија одколку во Шкуп.
Студенти и внатрешни мигранти ги има се` помалку и помалку, но додека не се сведат на чиста 0 (НУЛА) ќе има овци за стрижење.

А секако тука се и рамковнистите од балканското Манџуко наречено Косово кои го сардисаа Скопје Сити Мол уште од првиот ден кога беше отворен, за Ист Гејт па да не правиме муабет, им стана чаршија уште од првиот ден кога беше отворен, а допрва ќе ги сардисаат станбените згради кои се градат веднаш до трговскиот центар, 4 згради се завршени, сега ги градат и вторите 4 згради, на другиот крај од парцелата - кај семафорите во Автокоманда - веќе има една завршена станбена зграда населена претежно со рамковнисти, а позади неа се гради нова уште поголема станбена зграда, и двете ги гради истиот инвеститор - наводно Македонец, но градежните работници над 90% се рамковнисти - понатаму Турците кои доаѓаат по евтини дипломи на Меѓународен Балкански Универзитет, или Универзитет на Југоисточна Европа, или поранешен ФОН Универзитет - сега по ново Американски Универзитет во Европа или не знам како се вика сега, Холанѓаните веќе ги спомнав, ма да тие претежно се фокусирани на Охрид, и секако дека ги има и други.

Не мора да се вселат десетици илјадници за да има кој да ги изнакупи сите тие станови или да се всели под кирија во нив, доволни им се околу 1000 до 2000 кираџии и околу 100 до 500 купувачи на станови секоја година за убаво да се опарат криминалците и политичарите.

Еве од овие 15000 матуранти, сигурно минимум една третина ќе дојдат во Скопје за да студираат, од тие кои ќе дојдат сигурно половина ќе се сместуваат или под кирија или ќе купат стан.

Полни училишни холови и сали – речиси 15.000 матуранти полагаат мајчин јазик, како прв испит од државната матура

Логично е ако има превише изградено станови и стојат празни цената да паѓа, а не да се качува.

Абе купуваат гастарбајтери ама кај и да е ќе искупат и после ко ќе видат нема на кој да ги издаваат, ќе почнат да паѓаат вртоглаво цените, ко попусти на чизми на крај на зимска сезона, 50% попуст.
Ова важи во потрошувачко општество во кое побарувачката ја диктира цената, а не во корумпирано општество во кое криминалци ги перат нелегално стекнатите средства со нивно инвестирање во станбени и деловни објекти.

Именувај една општина во Скопјево во која мнозинството општински советници одбиваат да дадат градежна дозвола за нов станбен или деловен објект, и со тоа да се лишат од по некое станче или дуќанче ?

Во Скопје цената на становите ја диктираат криминалците, а не пазарот и побарувачката.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom