Напредувањето на Русите во Донбас, после Курск, е со до сега невидено темпо во војнава. Така да, Русите веројатно се молат Украинците да направат такви акции и во Бријанск и во Белгород.
Да имаш 1:10 артилериски проектили и помалку војска, тенкови и све друго, а постојано да ја продолжуваш линијата на фронтот е нешто непоимливо глупо.
Тоа се вика Нивелов синдром, именуван според францускиот врховен командант генерал Роберт Нивел, кој во 1917 година ја спровел таканаречената Нивелова офанзива, позната и како Втората Битка на реката Ена и Битката на Патеката на Дамите, која остварила минимални територијални придобивки за Франција во Првата Светска Војна, но затоа резултирала со масовни жртви на француската страна.
Замислата е истата како на украинските нео-нацисти кај Курск: пробив на место каде што непријателот најмалку ќе го очекува, па потоа чекај го непријателот да испрати засилувања од други места на фронтот со надеж дека ќе се отворат пукнатини за нови пробиви.
Резултатот кај Французите бил кристално ист како и кај украинските нео-нацисти: крвопролевање со минимални територијални придобивки, а масовни загуби.
Разликата е во тоа што Нивел после ваквиот дебакл се соочил со бунт и незадоволство кај војниците, поради што бил сменет од позицијата врховен командант, а тоа тешко дека ќе го видиме кај нео-нацистичката хунта во Киев.