МРТВ - Македонска радио телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Кај што ја има МРТ 1 на обична антена ја има и МРТ 3, премногу галама за ништо. Повеќе би требало да се критикува кон содржината на МРТ 3 која е само репризи од поминати натпревари. Па кој гледа побогу реприза на уметничко лизгање од Олимпијада ? Наместо да пополнуваат програма со некои спортски студијски емисии или музички они пуштаат по 100 пати реприза, али тоа некој треба да го изработи. Вака е полесно пушти ја снимката и зимај плата.
Истото и за МРТ 5 Бушава Азбука секој ден од како е почнат со работа тој канал. Од VHS касета да ја пуштаа до сега ќе се скинеше лентата од толку пуштања :icon_lol:

Ок убаво е потсетување на стара архива, нека има одредено термин еднаш месечно или нека прават некоја услуга налик РТС Планета, HRTi и стави ги таму. Крај краева ете имаат на веб сајтот MРТ Play таму нека ставаат повеќе стари емисии, серии, натпревари и што се може и имаат дозвола за тоа.
 
site tie kanali mu se dzabe, 7 kanali so nishto samo sho nie go plakjame, dva kanali i nishto pokje osobeno sho se mozi da e i na makedonski i na albanski osven vestite
 
Од денес Собранискиот канал повторно емитува 24-часовна програма.
Редно време беше,фрустрирачки беше тоа кругот после 22:00...поготово зимава кога сите се дома...Верувам дека има програма да се пополни од 22-10 часот...
 
Тие немаат програма да пополнат на првите два три канали, ќе пополнеле на собраниски, со архива од 1984.
Собраниски од пред неколку месеци емитува и некакви вести за собранието што све се случило и некој како интервјуа. Емитуваат и репризи на емисии. Помалку мислам има архива стара како што имаше еден периот музика на собранискиот.

Сега менуваа некој уредници и Драган Николовски спортскиот новинар е уредник на МРТ 1
Анета Андонова мислам е на собранискиот.

Но пак е тапа сето тоа и мора а и редно време е владава да ја оправи еднаш засекогаш ситуацијата во МРТВ зошто ако не се случи тоа уште има да тапка во место со годиништа. Џабе све модернизација ако нема напредок во програма, плус нешто дигитализација, издаваштво, оркестар за потреби на музички фестивали, емисии и што уште не.
 
За тоа треба пари, се си кошта, јас кога кажав да се плаќа претплата од 700 денари за МТВ никој не сакаше ни да чуе, пошто не гледале и тие 100 и нешто денари, што се плаќаа порано им биле многу.
 
Тие немаат програма да пополнат на првите два три канали, ќе пополнеле на собраниски, со архива од 1984.
На првиот канал оди се што е ново и актуелно,емисии,програма во живо,филмови...третиот е предвиден за спорт па е нормално да одат и репризи од спортски настани,5 е детски,со цртани детски серии итн...Собранискиот колку што знам е во сопственост на собранието,со буџет независен од останатите канали и од МРТ...претежно е предвидено да има собраниски седници и комисиски седници а кога нема ,репризира емисии документарни и музички...неможеш да очекуваш најнови филмови или утакмици од италјанско или англиско на собраниски,а дека има архива од МРТ со која може да се покрие програмата сум повеќе од убеден...е сега што таа програма нема да е атрактивна за младите то е друг муабет....Ако прајме муабет за квалитет на програма,архивата од '84 е појака него сегашнава продукција....
 
Спортскиот канал поточно МРТ 3 не е само спортски канал туку канал и за дрги емисии, филмови и серии затоа што МРТ и нема мноху спортски содржини за да покрие 24/7 програма. Најчесто одат репризи на спорт но може поретко да се начека или серија или филм или пак некоја емисија се тоа што веќе се емитувало на МРТ 1.
 
MРТ 1 по повод 60 години од телевизијата и 80 години од радиото секој ден од понеделник до петок овој месец ќе имаат ризница сегмент кој е посфетен на прикажување архива од МРТВ и некогаш со име ТВ Скопје. Во 18:30 часот.

Во моментов додека пишувам се емитува Каша тв анимиран филм на Дарко Марковиќ - Дар Мар.

Кој може нека снима и да прикачува на Јутјуб затоа што ова сега го емитуваат и кој знае кога а може и никогаш повеќе богатствово од архива. Можеби идни генерации не ги интересира ама ќе им покаже некој да видат што порано било актуелно пред многу години да се развие премногу интернетот. Ете јас сум роден 1990 година и времиња влез во малку поинакви години денешни но се радувам кога ќе видам стара архива македонски филмови, серии, тв филмови, музички емисии, емисии од култура, забава.
 
Свртете на мтв1 сега, нешто ретро има, не знам точно што е, ама се сеќавам на кловнон што меша во лонец, го имам гледано ова како мал :D.
Едит: еве @MARCELLO добро опишал што е ова што сега оди на мтв1.
 
Ќе одат по две ретро работи значи од 18 :30 се до 19:35 часот. Еве по Каша анимираниов тв филм е некој документарен филм Бели заточеници. Утре ќе емитуваат Комедијанти и Чук чук Стојанче. Тв програма гледав на MagentaTV GO апликацијата.

Нешто некогаш ќе има и во викенди колку што кажа уредникот Драган Николовски во емисијата Наш подиум.
 
На фб нешто објавуваат програма?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom