Тесла има маркет кап од 1.1 трилион и профит од 2.7 билиони.
Мета има маркет кап од 1.4 трилиони и профит од 16 билиони.
Да не сум пицајзла, ама со оглед на тоа каде сме тргнале и колку нули ќе почнеме да ставаме, и ние а и тие, редно е да се потсетиме на следново, чисто колку да нема збунки за колку пари правиме муабет:
милијарда = илјада милиони = billion
билион = милион милиони = trillion
билијарда = илјада билиони = quadrillion
Човек што му дале на поклон 5 Биткоини пред 10 години, сака денес да ги продаде за кеш пари. Човекот не работи никаде, нема приходи. Како ќе ги стави во банка парите од продажба за да купи стан? Како ќе го пријави потеклото на парите?
Нека проба да се погоди со продавачот да му префрли биткојн директно и така да му плати, а овој нека му го поклони станот преку нотар. Немам поим дали е изводливо, чисто нафрлам идеја, иако не гледам зошто не би било можно. Системот нема да регистрира биткојн, а станот ќе се смета за подарок. Само ќе треба висок степен да доверба за вакво нешто или да го имаш Шеки до тебе кога ќе треба да потпише продавачот.
neznam kako e u mkd na zapad baraat za kolku i koga si kupil za da se odzeme od segasnata cena i na baza na toa se presmetuva danokot. e sega ovoj ne gi kupil i imas problem. ova ke se tolkuva kako perenje pari so toa sto mkd sigurno ne se organizirani tolku pa moze da upali za nekoja pomala suma... za pola milka ne veruvam deka pomine i tamu.
Во законот имаше порано одредба (не би требало да ја имаат укинато) која велеше дека ако немаш потврда како си се стекнал со акциите (колку си ги купил/платил), тогаш се смета дека куповната цена ти е најниската остварена цена во претходната година (сметано од годината на продажбата). Пример, продаваш во 2024, ти ја сметаат за куповна најниската во 2023, и данокот се смета на таа разлика. Дали и како би важело за биткојн, немам поим.