Раѓање деца на постари години

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Јас се осеќам староротка шо родив на 34 а камоли покасно, дете си бара енергија и тоа многу, здравствена кондиција во топ.форма , иначе ќе страда детето, да се надаме да поживеат до максимум, за да може бар да порасне, инаку загреови би било сираче да остане ако умрат на време.
 
Последно уредено:

Очајна душо
Морам да ти кажам ме разочара многу.

Сакам да упатам безброј честитки на новата мамичка и татичко, па дали биле тие 20, 30 или над 60 годишна возраст, воопшто не е битно.
Нека им е живо и здраво нивното првороденче, цел живот да биде среќно и весело. Можам да ја замислам нивната неизмерна среќа што после толку мачни години се оствариле како родители.
Јас се радувам и мило ми е на душата, а кој знае колку само и они се радосни...Да се до мене би ги изгушкала сите тројца:):):)а посебно малото душле Петар:love:

Се надевам дека злите јазици нема да делуваат врз нивната среќа и радост.
Сите што се осмелија да кажат дека за да бидеш родител има временско ограничување и дека они се стари, немоќни, ке го оставеле детето сираче и други злобности, ДА ОДАТ ВО ДОМОТ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ и да прашаат на која возраст биле нивните биолошки родители кои ги оставиле без трунка жал во дом и без родителска љубов....претежно биле млади жени, тинејџерки.
Сообраќајни удеси во која гинат млади родители и оставаат дома сами дечиња има мноогу.

Така да, не бидете лоши, посакајте им само у бавини на тие луѓе кои не се откажале од пород и после 40год.
 
Нема ред во умирачка, човек може и на 25 да си отиде од нигде никаде, џабе правите такви муабети.
Старата моја на 43 ме има родено, така да како син на постари родители нема што да ги осудувам овие, напротив секоја чест на упорноста што 32 години покушувале да добијат дете, ете Господ им дарил на оваа возраст, нека им е живо и здраво...а за тоа дали ќе се мачел понатаму, па секој човек се мачи, никој не му животот мед и млеко
 
Во свет каде што е очигледна тенденцијата поимот родител да се поврзува со песови и мачки, а не со деца.
Ги поздравувам овие луѓе и нивната упорност во тоа да се остварат како родители, нека им е живо и здраво бебенцето...и нека служат за пример за други за тоа колку е важно да не се откажува човек.

Ме потсеќа на ситуацијата на моите дедо и баба од таткова страна.
Имено татко ми потекнува од многудетно семејство, каде што он е единствениот син вооедно и последно дете, дедо ми и баба ми не се откажале од тоа да имаат син...па така што баба ми стариот мој го родила во средни 40ти.

Луѓето дури ме дочекаа и мене, па така вечно сум им благодарен затоа што нивната упорност индиректно и мене ме довела на овој свет.
 
Некој со 25 години има многу поголеми шанси да живее подолго, од некој на 60,така?Ево дали би оправдала раѓање на деца на 70?Со едната нога во гроб,а ќе гледа деца?Па во старт тоа дете е осудено на тешкиотии.Јас сум родител и знам низ какви тешкотии поминува родителот.Вируси,градинки мобилни телефони,кај можи некој 60 годишен сето тоа да го издржи?Па по апотекиве нон стоп гледам многу стари љуге кои излегуваат со преполни најлони со лекови.Ова мене ми е многу саможивно.Одлучиле по секоја цена да имаат дете и шо после?
Тоа се тие попростите стари луѓе што висат по аптеките и нонстоп се кај матичните за да се жалат и имаат со кого да прават муабет бидејки никој не ги есапи 2 посто и ова лично матичната ми го кажала,се прават и глуви и слепи а спомни зголемување на пензиите преку ѕид ќе те слушнат,се движат по велосипедски стази и им звониш они не слушаат за после лажен разговор дека пензиите ќе ги зголемат веднаш ги вртат главите да видат кој збори позади нив,Го живеат секој ден за да го дочекаат утрото за да можат нонстоп да се јавуваат по телевизиите на сите утрински програми,одат нонстоп во ЕВН за да се жалат за сметките за струја,во Водовод одат за да се караат дека инкасаторот им напишал 2 кубика вода повеќе одтклку што реално трошат,во маркетите се караат со касиерките бидејки некој производ за денар или 2 е поскап од последниот пат кога го купиле а на пазарите ова не смеат да го прават бидејки некој тезгаџија ќе ги избрка а можат и ќотек да јадат.Камо среќа да имавме пензионери како што има во Холандија и Данска сите качени на велосипеди а не нонстоп да се буткаат во автобусите ќе имавме комплетно поинаква слика од денешнава:
Дедово почина на 110 години и беше најстариот бајкер во светот:
 
Последно уредено:
Нека е жив и здрав Петар , ама факт е дека неговите родители го направиле од чисто себични причини. Ова го велам бидејќи за жал не можеле да имаат дете на помлади години , но кога веќе гледаш дека ближиш или си поминал 60 години нема никаква поента на тие години да правиш вештачко оплодување. Ок , точно е дека на крај било успешно ама шо фајде од тоа кога за неколку години ќе си пред умирање а детето што си го направил ќе биди сирак на неполни 10 години . Гледам погоре пишувате дека не е гаранција дека ако го родиш на младост дека нема да се случи твоја прерана смрт ( од несреќа , лоша болест итн. ) , но не е баш така бидејќи во случајов со Петар има огромна можност едниот а може и двајцата родители да умрат од нормална смрт пред тој да наполни 10 години. Разбирам дека имале огроман желба да имаат дете ама кога веќе гледаш дека си станал дедо или баба според годините , редно е да прекиниш со оплодувањето оти така само го казнуваш евентуалното дете шо ќе го родиш . Како и да е нека е жив и здрав и нека му расти курето ко оџако од Партизанка :icon_lol: .
 
Дека детето ќе остане сираче тоа заборавете сите а и јас размислувајќи на ова си мислам па има од фамилија од двете страни некој што и кога ќе умрат (иако тоа не го посакувам) ќе го гледа. Вројатно и на тоа си разговарале мајката и таткото.

Но додека се тука родителите е прашање колку ќе им биде напор физички и психички. Се надевам и посакувам да се родителиве здрави, витални и во менталното здравје добри. Можеби многу и јас не сум некој што можам да судам зошто ете на мој 33 години уште немам деца не сум ни женет.
 
И најубавиот феномен - животот, знаете да го усерете со вашата селска малодушност. За све нешто имате да кажете, паметувате и слично, кога се работи за туѓи животи. Тоа дека сте глупи и плиткоумни и ни за момент не сте пробале да бидете емпатични и да ја разберете желбата и љубовта на дотичната најстара прворотка и нејзиниот маж да имаат чедо. Такви сте и во секој друг аспект од животот, а ние мораме да ве гледаме и трпиме на работа, во продавница, во зграда и секаде.
 
Главна одлика на прости и не интелектуалци е неприфаќање на туѓото поинакво мислење од тоа што тие го имаат зацртано. Толку за темава.

Јас еве имам 38 години, па мајка ми ми е сеуште потребна, мајка не им е потребна само на малите дечиња, иако на тие им е најпотребна мајка, и тоа е најжалното нешто, кога мало дете ќе ја изгуби мајка си, тоа се трауми од кои не може да се опорави никогаш, одеднаш животот може да стане од розева бајка, сурова реалност, и тоа се случува кога мајката ќе замине од овој свет, а ќе остави мало детенце незаштитено и осамено.
Луѓето се сурови и никој нема да му пружи ни мал прст, помош на детето, едино мајка може бубрези да даде за своето чедо, остатокот не би дале ни мрсул свој. Мислам дека се разбираме.
 
Главна одлика на прости и не интелектуалци е неприфаќање на туѓото поинакво мислење од тоа што тие го имаат зацртано.

Може да прифатиш туѓо поинакво мислење, доколку тоа мислење е издржано или поткрепено со факти/докази и сл. Не можеш да прифатиш туѓо поинакво мислење, ако е чиста глупост.

инаку загреови би било сираче да остане ако умрат на време.
И не разбрав кога точно е време за умирање според тебе?
 
@MARCELLO и @pozdrav eden topol начнуваат добри моменти.
Значи, ако веќе толку години се труделе за да остварат потомство, сигурно имаат направено план и програма за негова грижа и како сѐ ќе се одвива да биде со што помалку последици за детето.

Сигурно повеќе план и програма направиле од оние коишто (зборувам само за оние од чиста неодговорност што го направиле истото), што без никаква проценка направиле дете и го оставиле на милост и немилост по домовите.

Ако ја тргнеме негата на страна и зборуваме за емотивна поврзаност само, не постои океј возраст да изгубиш родител. Татко ми почина пред помалку од 3 години и сѐ уште не можам да се помирам и се вадам од памет на секое кивнување на мајка ми. Родител, ама со големо Р што е, навистина е привилегија и најголема среќа за едно дете е истиот што подолго да живее, без разлика на возраст.
 
Тоа се тие попростите стари луѓе што висат по аптеките и нонстоп се кај матичните за да се жалат и имаат со кого да прават муабет бидејки никој не ги есапи 2 посто и ова лично матичната ми го кажала,се прават и глуви и слепи а спомни зголемување на пензиите преку ѕид ќе те слушнат,се движат по велосипедски стази и им звониш они не слушаат за после лажен разговор дека пензиите ќе ги зголемат веднаш ги вртат главите да видат кој збори позади нив,Го живеат секој ден за да го дочекаат утрото за да можат нонстоп да се јавуваат по телевизиите на сите утрински програми,одат нонстоп во ЕВН за да се жалат за сметките за струја,во Водовод одат за да се караат дека инкасаторот им напишал 2 кубика вода повеќе одтклку што реално трошат,во маркетите се караат со касиерките бидејки некој производ за денар или 2 е поскап од последниот пат кога го купиле а на пазарите ова не смеат да го прават бидејки некој тезгаџија ќе ги избрка а можат и ќотек да јадат.Камо среќа да имавме пензионери како што има во Холандија и Данска сите качени на велосипеди а не нонстоп да се буткаат во автобусите ќе имавме комплетно поинаква слика од денешнава:
Дедово почина на 110 години и беше најстариот бајкер во светот:
Пензионерите во Холандија и Данска не го имаат поминато хоророт наречен транзиција.Иначе во право си животот тек почнува на 60 години!?:cautious:Оптимизмот понекогаш е заебана работа.
 
Последно уредено:
И најубавиот феномен - животот, знаете да го усерете со вашата селска малодушност. За све нешто имате да кажете, паметувате и слично, кога се работи за туѓи животи. Тоа дека сте глупи и плиткоумни и ни за момент не сте пробале да бидете емпатични и да ја разберете желбата и љубовта на дотичната најстара прворотка и нејзиниот маж да имаат чедо. Такви сте и во секој друг аспект од животот, а ние мораме да ве гледаме и трпиме на работа, во продавница, во зграда и секаде.
Deteto od ragjanje e osudeno na mnogu potezok pat od negovite vrsnici. Ako nekoj se prai empaticen, cudno kako go ignorira ova. Stanuva zbor za vestacko oploduvanje, i toa treba da podlezi na nekakva regulativa. Cudno mi e kako nema godisna granica za vakvi raboti.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom