Фан Клуб: Вардар

Член од
1 август 2015
Мислења
1.090
Поени од реакции
2.356
Најјако е што Миленко кај него објаснува што е АД и убеден е во тоа дека АД нема обврска да известува јавност и дека во оваа држава имало закони и процедури :ROFLMAO: :ROFLMAO::ROFLMAO:
Дојде време МН да биде најпоштен човек у МК и да кажува како треба.
Е тоа е тоа што иритира, не е проблем друго. Можеше да си тера магарето, ама не он ќе се објаснува и ќе кажува како требало.

Дали има вистина дека неколку домашни големи компании наскоро влагаат во Вардар?
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.561
Поени од реакции
24.917
Не е он крив, криви се тие што му дозволуваат вака да се бламира, а со тоа и клубот и власта која ја претставува

@kano другар има ли пилот во авионот?
ima. uzivajte.
Автоматски споено мислење:

Дали има вистина дека неколку домашни големи компании наскоро влагаат во Вардар?
ne veruvam. ne bese planot toa, osven ako nesto ne e drasticno smeneto vo poslednite mesec dena.
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.743
Поени од реакции
2.277
Да успеат да го вратат Швајц би било одлично.
 
Член од
1 август 2015
Мислења
1.090
Поени од реакции
2.356
Барем Х да извадиме со Гостивар денес, многу се силни за МК услови.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.842
Поени од реакции
7.312
До кога бе веќе со овие мртви термини, ќе мрднеме ли некогаш напред, 2024 година ние уште играме во среда во 13:00ч, живо пиле нема на трибина.

За кого се игра фудбал во Македонија?
За учките во Тетово со две навивачки групи да слават нивни празници?

Гледам на резултати моментално се играат натпревари во Кенија, Лесото, Ирак, Камбоџа, Малезија, Малави и Македонија.
И играта на терен не е далеку од тие лиги, нема шанси, нема голови, нема публика, играчи со сомнителни зделки и комбинации на двете страни, тренер рекетар, директорот на клубот со пура на трибина...

Мизерија е мал збор...
 
Последно уредено:
Член од
23 април 2022
Мислења
456
Поени од реакции
2.270
Среќа па и другиве доле сите губат, следно Тиквеш ако не ги начнеме нема кога..
Ти другар си најголем оптимист меѓу Вардарците. Од каде само таа мотивација, алал вера. Мислам, јака работа, ќе го тепаме факинг Тиквеш дома. И? После?
 
Последно уредено:
Член од
19 август 2010
Мислења
4.019
Поени од реакции
9.819
Pura džigerot samo posle presovi na Komiti i koga ke se navredi posle čitanje komentari na Kajgana se pojavuva so debilni statusi na koj trese zeleni, ama zatoa posle vakvi debakli, mukla. Štama. Tipično pickasto.
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
317
Поени од реакции
1.776
Со оглед на тоа каква катстрофа бевме во купот против Тиквеш, не би бил голем оптимист за добар резултат.

Некој од Слога и Шкендија да ги бираше нашиве играчи, немаше да донесе толку трупови и аматери. Сите до еден би ги избркал без око да ми трепне!
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.743
Поени од реакции
2.277
Проблемот е што никој не сака да дојде во Вардар, додека се овие матни фаци во раководството. Единствено ако се нафати некој кој не може да најде клуб, па да им бара астрономски плати. Друга работа која ја приметив е тоа што ниту асални младинци нема во екипата. Силекс го има Џеков, Пелистер го има Јовчевски, Гостивар го има Хамзиќ, за Работнички да не зборуваме имаат цел куп млади дечки кои се солидни во тимот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom