Дечки здраво
Нов играч сум на овој терен, со скромно портфолио од неколку акции на Нлб Љубљанска Банка, Словенија и Реплек од нашите. Во план ми е да го зголемувам портфолиото со тек на времето.
Следно ја меркам ТТк нашиве и Крка од странските.
Фармацевтските компании ми се најпогодни за инвестирање, а ТТк сакам да ја фатам додека сеуште и е ниска цената.
Гледам Телеком ко да се труди да мрдне од мртва точка, иако со години е на приближно ова ниво на цена. Се мислам дали да купам некоја скромна количина од 10тина акции или лоша ми е идејава со Телеком?