Kajgana Song Contest #314-Најдоброто романско EDM хитче

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.050
Поени од реакции
24.856
Се мислев помеѓу неколку теми, но расположението одлучи овој пат да биде оваа како контратежа на ноемвриските тмурнотии и краткиот ден.

Периодот 2004-2014 припаѓа на романската EDM сцена чиишто песни направија прав бум низ кафулињата, клубовите и топ листите низ Европа и светот. Не можам да кажам дека ми се guilty pleasure затоа што слушам се и сешто па со самото тоа се губи и смислата на поимот guilty pleasure, ама се некаде во тоа подрачје.

Значи спремете си дома некое коктелче, ставете се во летен mode кога сте флертувале со симпатијата на Градиште втора плажа додека во позадина едноподруго си врвеле овие песнулиња. Ги има едно минимум дваесетина што беа најпопуларни и уште стотина нешто помалку популарни така што не верувам дека ќе има проблем со наоѓање.

Јас ќе почнам со мојата омилена што ми се допаѓа од почеток до крај вклучувајќи тука сосе спот сосе се, ни сам не знам колку пати сум ја пуштал да оди на repeat или по ново на loop.

Значи дечки, го бираме најдоброто романско EDM хитче.


 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.050
Поени од реакции
24.856
Очекував некој да ја стави па да го дадам ова појаснување. Иако технички не е романска туку молдавска, по принципот-Един народ в'в две држави-молдавските песни ќе се бројат во ова натпреварување. @Zlatikevichius хронолошки гледано баш со оваа песна од 2003 всушност се покрена тој домино ефектот и се вивна целата таа сцена.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.762
Поени од реакции
36.679
@Zlatikevichius хронолошки гледано баш со оваа песна од 2003 всушност се покрена тој домино ефектот и се вивна целата таа сцена.
Тоа не знаев. Знаев дека е само нивниот прв сингл. Подоцна имаа два мислам дури и поуспешни, ама за мене останува Love Me број 1. Плус, како што пиша погоре - убави сеќавања имам за песнава.
Очекував некој да ја стави па да го дадам ова појаснување. Иако технички не е романска туку молдавска, по принципот-Един народ в'в две држави-молдавските песни ќе се бројат во ова натпреварување.
Ама по друга линија - има пет пати победено на KSC, а од старт правило беше бар победниците да не се повторуваат. Ама како и да е, нема да е прв пат, па оставам твоја тема - твои правила.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.650
Поени од реакции
35.231
Првично ќе одев со Моранди, ама со друга песна, па да не се повторуваме.
Па се мислев помеѓу Deepside Deejays и Inna и на крај сепак се одлучив за Андреа со најсекси летниот спот.
Мажи плакнете очи :icon_mrgr:

 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.787
Поени од реакции
11.676
Лето господово 2011, песнава беше насекаде. Плус имавме прилика и во живо на Love and Happiness фестивалот во Градиште во живо да ја видиме Антонија Јакубеску. Каква само мачка е :love:, па, па, добри спомени во секој случај.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.050
Поени од реакции
24.856
Лето господово 2011, песнава беше насекаде. Плус имавме прилика и во живо на Love and Happiness фестивалот во Градиште во живо да ја видиме Антонија Јакубеску. Каква само мачка е :love:, па, па, добри спомени во секој случај.

Дааа, даааа, 2012та на Градиште плажа 2 (затоа и ја спомнав) бев тоталка на Шток, влашка ракија, Амстел и тако даље. Таков гз преку глава беше што не знам како не паднав по тоа мовчето што ги врзуваше ќец и два. Не бев во возно стање па тек накај 6 ипол сабајле тргнав накај смештај во Охрид откако претходно болно се трезнев лежејќи на камењана. На самата журка испив 7 шишиња вода по тогашна астрономска цена од 70 денари по шише од пола литро и дадов 490 денари само за вода. Добри времиња.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom