Здраво,
Потребна ми е помош околу лаптопот, за delete или format на патриција на ист хард диск.
Имено, при инсталирање на Windows 10 не можам да ги избришам фајловите од патрицијата C на која е инсталиран стариот Windows, кој најверојатно е инфициран со malware или со нешто друго.
Инаку проблемот е што откако ќе се логирам, по околу 1 минута, се појавува нотификација "Restart to repair drive errors" и потоа компјутерот сам се рестартира. И така постојано.
Е сега, сакам да го преинсталирам Windows 10 со свежа инсталација, но неможам тоа да го сторам во C, затоа што при инсталирање не можам да напрам Delete или Format на патрицијата C.
Прашањето ми е како да направам delete или format на патрицијата C со цел да направам свежа инсталација на Windows 10, без да ја одбирам D за инсталација?
Или некој совет, или искуства за слична ситуација?