Вонземјани, НЛО...

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.734 79,1%
  • Не

    Гласови: 458 20,9%

  • Вкупно гласачи
    2.192
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.626
Боб Лазар е тежок лажго, немора да си физичар за да приметиш.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Ок а не одговори какво објаснување имаш за иљадници свиркачи што потврдуваат дека се работи на реверзибилен инженеринг.
Какво објаснување имаш за Боб Лазар и неговото тврдење дека во 80тите работеле на тач екрани и сензори за скенирање дланка и очи ?
Се тоа после 40 години стана реалност.
Ако тие луѓе вопшто навистина нешто знаат од тоа што кажуваат, што не направат некој производ?
Не е само да знаеш, туку и да умееш да го пресликаш тоа знаење во реалноста.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Ако тие луѓе вопшто навистина нешто знаат од тоа што кажуваат, што не направат некој производ?
Не е само да знаеш, туку и да умееш да го пресликаш тоа знаење во реалноста.
Да било тоа што го тврди тој вистина, човекот ќе беше милионер.
Со таков инсајд и контакти и возможна технологија, прелесно.
Ако ништо друго можел да им продава тајни информации за големи пари на странски држави.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.514
Поени од реакции
26.170
Еве форумскиов колега како погодил во центар со постот, само што постов е повеќе за овде него за религиските теми. Ќе го цитирам, прочитајте го сами.
Секако без религискиот осврт туку дека скоро сите напредни технологии во денешно време не се човечки.
ЗАСТРАШУВАЧКИ ИЗУМИ!

Деновиве Елон Маск повторно ја бранува научната јавност и обичната популација на луѓе, со промоција на двата свои најнови изуми!

Илон Маск го претстави НЛО-борбениот авион кој и пркоси на физиката!

Во неверојатно откритие, Илон Маск, милијардерот кој стои зад SpaceX и Tesla, го претстави, како што тврди, првиот борбен авион од типот на НЛО, кој што „ѝ пркоси на конвенционалната физика“. Вселенското летало, наречено Етереон, вели дека е опремено со погонска технологија што ја надминува познатата аеродинамика, користејќи анти-гравитациски погонски систем заснован на принципите на квантната физика. На претставувањето на овој авион во седиштето на SpaceX, Маск ја покажа неговата способност да лебди тивко, да извршува моментални вртења од 90 степени и да постигне брзини, за кои претходно се сметаше дека се невозможни за возила дизајнирани од човек. Дизајнот на леталото вклучува лесни наноматеријали и уникатен извор на енергија за кој се верува дека е форма на енергија од нулта точка - бесконечен извор на енергија за кој теоретичарите теоретизираа, но никогаш претходно практично не го прикажаа во реалноста.

(Исполнување на пророштвото за пораст на знаењето во последните денови)

И вториот изум претставен од Маск повторно е револуционерна иновација која може засекогаш да го промени родителството.

Имено, Маск откри дека развил револуционерен робот дизајниран да носи во себе бебе, цели девет месеци, дозволувајќи им на родителите за тоа време да се фокусираат на нивните кариери. Идните родители требало само да ги обезбедат своите сперматозоиди и јајце клетки, додека овој врвен робот управува понатаму со целиот процес на бременост.

Според Маск, оваа технологија ќе ги намали компликациите и смртните случаи за време на породувањето, потенцијално трансформирајќи ја со тоа, иднината на родителството.

(Исполнување на пророштвото од сонот на пророкот Даниел дека пред Господовото доаѓање ќе има обиди за спој на човекот со машината, т.е. „на глината со металот“)

Што велите на овие изуми? Од каде ги добива овие знаења Маск?

Не заборавајте и тоа, дека актуелно, Елон Маск е најбогатиот поддржувач на кампањата на Доналд Трамп на предстојните претседателски избори во САД, во ноември!

Што ли ќе добие за возврат, ако Трамп победи?
Ќе ги претстави ли вонземјаните како наши најдобри пријатели, од кои добива толку напредна технологија?

⌛⌛⌛

„Тој рече: „Оди Даниеле, овие зборови се тајна и запечатени се до времето на свршетокот, зашто многумина ќе испитуваат и знаењето ќе се намножи.“ – Даниел 12:9

„ А што си видел железо измешано со глина: тие ќе се мешаат со човечко семе, но нема да се држат заедно, како што ни железото не може да се измеша со глина.“ – Даниел 2:43
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Еве форумскиов колега како погодил во центар со постот, само што постов е повеќе за овде него за религиските теми. Ќе го цитирам, прочитајте го сами.
Секако без религискиот осврт туку дека скоро сите напредни технологии во денешно време не се човечки.
Па нели не беше иноватор Маск, туку волк во овча кожа?

Ова видеово од пред месец дена со 140 прегледи од француски јутјуб канал е доказ дека Елон Маск конструирал нешто со кое што може да се манипулира гравитационото поле?

А ти постирав негов твит од пред недела дена кај што самиот вели дека уште сме тип 0 цивилизација според Карадашев скалата.

Инаку Елон Маск, со сите сателити што ги има во орбита, и целото тоа видео набљудување, тврди дека не забележале од SpaceX УФО и дека програмите за кои што збориме овдека врска немале со УФОс (reverse engineering) туку дека биле програми за развој на напредни технологии на Пентагон и америчката војска. Исто пред некоја недела имаше и соопштение од официјално лице од Пентагон по повод протечената снимка од Авгнанистан кај што се гледа jellyfish ufo дека тоа не било никакво уфо туку некакво нивно оружје/летало (што не значи дека сето тоа што го кажуваат е вистина нели) и дека можно е да го апсат Џереми Корбел (свиркач).
 
Зашто бе со рамноземјашкиве перцепции и заклучоци ?!
Тоа што е " иноватор " не го менува фактот дека работи за елитата и дека сите овие изуми не се наменети за нас обичните смртници.

Не ми беше поентата видоето како видео дали и колку вреди туку дека сите овие изуми му се извадени од фиока т.е. предходно не е патентиран ни еден изум што би бил мост или преднајава за вакво нешто. Ова е како во доцен 18 век од парна машина некој преку ноќ да се избаци со дизел мотор.
Одма се приметува дека нема природна еволуција во истражувањето и напредок туку дека има буст од страна.

Дека сме тип 0 целосно се сложувам. Ова значи и дека потврдува дека мисијата на месечината со човечки екипаж е лага.

А секако дека Елон Маск на нас обичните смртници ќе ни ја каже вистината и затоа сега треба под дифолт да му веруваме. Тито вака ги мафтал бумериве со истиве фори за братство и единство и затоа до овде дотеравме затоа што еден немал здравоскептичен да рече чекај, сигурно позади ова има некоја пропаганда или заговор него како слепци ќе веруваме во се што ни збори.

Добар обид за прикривање очигледен доказ за постоење на НЛО. Исто така и " кинеските и руските балони"
над Канада и Аљаска не беа ништо опасно за да после тоа Русија и Кина одма демантираат дека пуштиле такво нешто. А што е најјако доколку навистина беа руски и кинески балони американцте таква драма ќе напраеа за што ќе требаше да се сними серија а тие дури срамежливо " признаа " дека се тоа "руски и кинески балони " после огромни притисоци на јавноста и после очигледни слики и видеа дека не се тоа никакви балони.
 
Од кај рамноземјаши умеша сега? :icon_lol:

Ти тврдиш дека Елон Маск конструирал летало со погон на антигравитација и праќаш линк до видео од некој си sci-fi nut, а човеков само што имаше тест на слетување на ракета на фосилно гориво, пред некој ден. Или ќе чека да секне нафтата, па после ќе удри со антигравитација? :) Замисли тоа да го правиш, да имаш технологија со која можеш да го закривуваш времепросторот и буквално да патуваш во време, а да вложуваш милијарди во ракети на погон на фосилни горива. :)

И дај објасни ги кои се тие негови изуми, кои претходно не постоеле барем како концепт, а тој ги лансирал ко производи? AI? Автономни возила? Роботи? Сателитски интернет? Куќи кои 100% функционираат со соларна енергија? Социјални мрежи? Чипови во човечко тело? Ова се земени готови производи и идеи и усовршени и агресивно рекламирани ко иднината на човештвото, и не е единствен што го прави тоа. Али е прв што направил сериозен чекор во таа насока.

Елон Маск првенствено работи да си го умножи капиталот, типичен капиталист е, не верувам дека директно работи за било кој освен за сам себе и своите бизниси.

Можеме само да шпекулираме, ама не и да тврдиме.
 
Последно уредено од модератор:

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.873
Поени од реакции
2.096
Private>Public. Муск можеби нема многу работи пронајдено ама не е кретенчина како цицачите од државна цицка што сакаат само плата да извадат и да дркаат до пензија.

Starlink, прв, кај беа држалниците... Никаде, користење на веќе постоечки ракети за повеќекратна употреба... кај беа држалниците... никаде, кој направи прво летало што е може да е фатено од стационарен објект... кај се држалниците... на пасење како краветини.

Владите треба да се соголат го гола кожа, само Полиција/Армија/Брза помош плус мала администрација. Се останато е само една тегоба на цело опшество.

Ти ебам NASA, џабелебарци, слетаа на месечина и се паркираа ко шлепери на рест ареа.
 
Член од
9 август 2011
Мислења
428
Поени од реакции
1.154
Некој поупатен околу сослушувањево шо се дешава околу UFO/UAP деновиве. Откритија од официјални лица дека вонземјаните биле у океанот, дури имале бази негде таму у Пацификот... o_O
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.339
Поени од реакции
6.383
Некој поупатен околу сослушувањево шо се дешава околу UFO/UAP деновиве. Откритија од официјални лица дека вонземјаните биле у океанот, дури имале бази негде таму у Пацификот... o_O
Сега го гледам на cnbc youtube каналот. Ко на филм е ова.
 
Член од
18 јули 2020
Мислења
53
Поени од реакции
30
Некој поупатен околу сослушувањево шо се дешава околу UFO/UAP деновиве. Откритија од официјални лица дека вонземјаните биле у океанот, дури имале бази негде таму у Пацификот... o_O
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.514
Поени од реакции
26.170
@Trolejbus ќе може да ни напишеш нешто ново, актуелно околу тематикава особено сега кога веќе победи Трамп ?
Ќе идат на фул отварање или пак полека, полека ќе тактизираат ?
 
Член од
6 ноември 2024
Мислења
104
Поени од реакции
201
Ако се напикани во вода, пингови од подморници и носачи би ги покажале на сонар нели? Мада подморници скоро никогаш не пингаат за да не откријат позиција освен ако се во незгода и бараат спас.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.441
Поени од реакции
7.725
@Trolejbus ќе може да ни напишеш нешто ново, актуелно околу тематикава особено сега кога веќе победи Трамп ?
Ќе идат на фул отварање или пак полека, полека ќе тактизираат ?
Сослушувањето во Ноември не донесе некои откровенија затоа што нелегалните програми се класифицирани, затоа не се покажаа нови докази. Единствено ново е што новинарот Шелнбергер издаде документ напишан од анонимен свиркач (Immaculate Constellation), во кои се споменуваат 'reverse engineered crafts' програми, Луис Елизондо се што кажа во неговата книга 'Imminent' го потврди под заклетва, што значи ако лаже ќе си го заебе животот итн. Според сите што сведочеа феноменот е вистински и има цврсти докази и видеа. Целта е да се насочат преставниците на народот кон вистинските места и програми и да се декласифицираат докази.

Ново е што Трамп кажа на Џо Роган дека им верува на пилотите што го брифирале и ќе декласифицира документи. Интересно е што го предложи Мат Гаец да биде Јавен Обвинител. Мат Гаец во 2023 заедно со Ана Паулина Луна и Тим Буршет (конгресмени) отидоа во 'Eglin Air Force Base' да испитаат наводни програми и не знак кој беше, некој генерал им забрани влез. Сеа како Јавен Обвинител нема да биде така лесно да им се забрани влез. Инаку сите тројца се убедени дека такви програми постојат.

Како и да е, бидејќи ја обработувам оваа тематика, мене воопшто не ми се свиѓа кај ме однесе истражувањето, не дека не постојат вонземјани, туку сум убеден дека ова е поврзано со старите религиите но не како на 'Ancient Aliens', не доаѓаат од други планети и иднината не изгледа баш светла. Не зборам за некакви инвазии туку за друго ми е муабетов да не образложувам сеа...
Автоматски споено мислење:

Документот https://mace.house.gov/sites/evo-subsites/mace.house.gov/files/evo-media-document/Cannon 212_20241113_154539.pdf
 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.514
Поени од реакции
26.170
Како и да е, бидејќи ја обработувам оваа тематика, мене воопшто не ми се свиѓа кај ме однесе истражувањето, не дека не постојат вонземјани, туку сум убеден дека ова е поврзано со старите религиите но не како на 'Ancient Aliens', не доаѓаат од други планети и иднината не изгледа баш светла. Не зборам за некакви инвазии туку за друго ми е муабетов да не образложувам сеа...
Ако мислиш за од други димензии на постоење дека доаѓаат и дека ги има вонтелесни суштества и тоа не е нешто ново. Одамна е потврдено дека рептилите и сивите што за нас се милијарди години пред нас во секое поле се уствари дното на целата пирамида на суштества како најпрости и наједноставни т.е. дека сивите се уствари био-дронови.

Ако нејќеш да пишуваш овде пиши ми во пп или ако општо те мрзи да куцаш дај пушти ни линкови да прочитаме или изгледаме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom