Значи, Лејди Сатори побара анализа... да и` ја дадеме, дечки, а?!
Земајќи ги предвид сите познавања кои ги имам за оваа личнсот низ контакт кој веќе ги надмина месеците како мерка, ќе се насочам на неколку слоја од ликот и делото на оваа личност со кои, како китувана кола, е премачкана основната каросерија.
Беше тоа некогаш еден Мерцедес најнов модел, кој сите го посакуваа. Но, знаете, по многуте сообраќајни несреќи или занесувања во кривина на вакво лизгаво време (како што ми се случи мене вечерва и завршив во еден паркиран автомобил), по многуте сервиси, претходно споменатите китувања, намерно пребојадисување на автомобилот (кај луѓето попознато како маскирање), од оваа личнсот остана само спомен на основната преубава каросерија.
Моторот, кој некогаш не се чувствуваше дека брмчи воопшто, кој работеше прецизно како швајцарски саат, поблесаве кога газдата наместо безоловен, стави супер, и го изгоре катализаторот. А, не сакаше да го носи на сервис, не сакаше да признае дека погрешен бензин ставил.
Впрочем, да се апстрахираме од метафорите и да се симнеме на елементарно рамниште: Лејди Сатори сака да биде Лејди и Просветител. Видете го само никот. Ем аристократија, ем снобизам, ем арогантна нишка, помешана со патолошки нарцизам (за повеќе, види:
Malignant Self Love - Narcissism Revisited од д-р Сем Вакнин, http://samvak.tripod.com/), кој укажува дека таа е таа која на кутрите душички треба да им го покаже вистинскиот пат и да ги „просветли“.
Компулсивна личност, таа дијагноза ја потпишуам. Но, интересно, во муабет, иако тврди дека секогаш е компулсивна, опсесивната компулсивност ја прикажува само во моментите кога е збунета во разговорот со вас или кога вие ја преземате доминацијата. Значи, болно сака да доминира, а животот не е таков.
Сака да биде посебна, тоа милијарда пати го пишала на форумов... А, најпосебен си кога си едноставен. Имено, Настајса Филиповна е демоде, таа е лик од 19 век, анахронизам е препознавање со неа... Плус, Настајса денеска, во 2008, може да биде секоја... колку е поглем градот, толку повеќе Настасји. Се разбира, ексцентричноста иссилена е, исто така, резултат на таа желба за издвојување.
Социолошки, карактерот се формира до 16 години, базата до тогаш се поставува... се` потоа се надградби кои се резултат на искуствата низ животот, кои те моделираат... Ако им се спротивставуваш, ќе страдаш. Страдањето е лошо, освен ако не си мазохист кој ужива во тоа. А, оваа девојка има се` во животот, а сака да нема ништо. Сите ја сакаат, а сака да ја мразат. Сака да ја сожалуваат, а нема причина за тоа. Сака да создава причини, пак не и` успева.
Доминацијата на белата боја, укажува на потреба од поставување на крај, на самиот почеток, што е нонсенс. Едноставно, крајот си доаѓа на крај, не може да се почне со него. А, таа сака да го прави тоа. Боите и` се светли, значи површни. Така им пристапува на сите животни подрчја, иако сака да прикаже длабочина. Ужива во повредувањето на оние кои ќе и` дозволат, зашто не може да ги повреди тие кои навистина заслужуваат и и` направиле зулум...
Прикажува знаци на повеќекратно делување во животот што е знак за Фројдовата латентна шизофренија. Не скојајте, сите ние сме латентни хомосексуалци и шизофреничари, но колку и` даваме шанса на таа друга, трета... личност?! Ако животот за некого е маска, а за предметот на нашиот опис е, тогаш се стимулира, низ процесот на маскирање во различни прилики, појаувување на различни типови однесување кои се недоследни за личноста. Доследноста е, всушност, основната психолошка категорија која ја дефинира личноста: сите ние во еднакви услови еднакво реагираме и тоа мене ме прави Формалиш`с, неа САтори, некој трет – тоа што е.
Конечно, да не должам многу, иако за Сатори може да се пишува цела статија или студија, таа покажува знаци на пубертетско однесување и незрелост. Се работи за исклучителен вроден интелект, комбиниран со начитаност, шарм и убавина, но сето тоа е засенето од непостојаност, променливи размисли, детско однесување, женско-детски манири на читање СМС пораки на глас со другарката и чавкесто смеење.
Тајталот РЕЗБАЈ! укажува на два елемента: аморфност на субјектот, кој иако сака да резбра, создава и обликува и модификува, сепак е предмет на такви дејства и, воедно, скриен сексуален елемент, кој поврзан со аватарот буди слика на желба за промискуитет. Притоа, едновремено с е мисли на моделите за индивидуалното несвесно и колективното несвесно ан Фројд и Јунг, па асоцијативното поврзување со длабењето при разбањето, но и вратот како ерогена женска зона и усните кои се гледаат и укжауваат повторно на потреба од заведување и уништување на исконската причина за сите неврози, според Фројд, сексот. Се појавуваат и мотиви за сексуални девијации, но тоа не е за на форум.
Неврзувањето, копнеењето по некој замислен лик кој ќе биде секогаш недостижен, по принципот на романтичарската тријада – Бокачо, Петрарка, Данте – кои си имале такви неостварени љубови, е грешен билет за влез во вечноста.
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)
Да не речам: детско размислување. Се работи и за директна или индиректна жртва на свое или туѓо врзување, кое кулминира во желба за уништување на основните морални постулати, пред се` емотивните врски и верноста на психо-физички план. Повторувањето на пароли од типот „ми треба слобода“ е уште еден параван за имањето преголема слобода и нападот како најдобра одбрана, ако некој се осмели тоа да го осуди. Да објаснам пластично: Ко о чему, курва о поштењу... или: Свештеников син, не зна за Бога.
Како да анализирам потпис, кога секојдневно се менува... Актуелниов? Нема значење! Бла, бла, бла... Сатори е мераклика на „бла, бла, бла“ понекогаш... Дежа ву ефект, зборуваме за едни и исти работи, а навистина кога се милијарда пати повторени и кога трилион пати сте се повлекле од нив, сте атерирале од тие ставови, тие го губат значењето, ја губат магичноста.
Никола Рот, во „Основи на социјалната психологија“ пишува за „Поместување на агресивноста и катарза“, каде што, во основа, се зборува за манифестација на агресивноста изместено, не кон причината за фрустрацијата, туку кон друга личност. Да не ви прераскажувам, но во слулчајот на нашата форумска примадона, се работи и за тој ефект.
Да не заборавиме: исклучителен интелект, исклучителна надоградба на вродените способности, но сето погоре напишано, тоа го доведува во втор план. Нарцисоидноста, желбата да се биде посебен по секоја цена, желбата да се биде далеку пред своето време во смисла на искуство и доживеаност на работите, ги деградира квалитетите.
Вреди, ако се потруди! А, таа упорно не се труди или тоа го прави на најгрешниот начин.
Тоа беше се` за вечерва... Ме уморивте, бре... Не пишувам веќе анализи за никого, се` додека мене некој не ме анализира.
Ајт!