- Член од
- 13 април 2021
- Мислења
- 3.424
- Поени од реакции
- 11.247
Стравот е нормална реакција на некоја опасност, но во моментот кога ќе почне да владее со животот, тогаш станува проблем, кој никако не треба да биде табу тема, барем не во 21 ви век кога има огромен број на психотерапевти. Тука поентата ми е да се направи разлика меѓу она што е “очекувана реакција на страв”, како на пример кога имаме непосредна опасност за себе или за другите луѓе, и она што е продукт на нашата бујна имагинација. Но и во вториот случај станува збор за основен мозочен инстинкт кој се обидува да не заштити и да не одржи во живот, само мислам дека треба малку повеќе да се практицира самоконтрола која ќе ја увери потсвеста дека сме безбедни и дека нема простор за толку бурен одговор на “заканата”.Стравот мене лично ми бил кочница, не мотиватор. Од страв останував во место, пуштав корени во неплодна земја. А од тоа плод не бива. Почнав да живеам кога се ослободив од поголемиот дел од анксиозните "што ако?". И што е живеење е нормално, индивидуално, но мојот пат и она што го сакам за себе многу појасно ги гледам откако ми се остварија добар дел од стравовите - и преживеав.
Верувам дека тоа доаѓа од недостсток на доверба во некој аспект од животот, дали во себеси, во другите луѓе, ситуации, и сл. И тогаш ги преиспитуваме сите наши постапки и прекумерно ги анализираме и сето тоа доведува до тоа чувство на нелагодност што е тригер на стравот.
Дали стравот е мотиватор? Да, затоа што практично кажано не одржува во живот. Работи или умри. Уште пештерските луѓе го имале тоа чувство и таа грижа дали ќе имаат што да јадат и да пијат за да останат живи. Тоа е буквално механизам за преживување.