Најголем страв во животот

Член од
13 април 2021
Мислења
3.424
Поени од реакции
11.247
Стравот мене лично ми бил кочница, не мотиватор. Од страв останував во место, пуштав корени во неплодна земја. А од тоа плод не бива. Почнав да живеам кога се ослободив од поголемиот дел од анксиозните "што ако?". И што е живеење е нормално, индивидуално, но мојот пат и она што го сакам за себе многу појасно ги гледам откако ми се остварија добар дел од стравовите - и преживеав.
Стравот е нормална реакција на некоја опасност, но во моментот кога ќе почне да владее со животот, тогаш станува проблем, кој никако не треба да биде табу тема, барем не во 21 ви век кога има огромен број на психотерапевти. Тука поентата ми е да се направи разлика меѓу она што е “очекувана реакција на страв”, како на пример кога имаме непосредна опасност за себе или за другите луѓе, и она што е продукт на нашата бујна имагинација. Но и во вториот случај станува збор за основен мозочен инстинкт кој се обидува да не заштити и да не одржи во живот, само мислам дека треба малку повеќе да се практицира самоконтрола која ќе ја увери потсвеста дека сме безбедни и дека нема простор за толку бурен одговор на “заканата”.

Верувам дека тоа доаѓа од недостсток на доверба во некој аспект од животот, дали во себеси, во другите луѓе, ситуации, и сл. И тогаш ги преиспитуваме сите наши постапки и прекумерно ги анализираме и сето тоа доведува до тоа чувство на нелагодност што е тригер на стравот.

Дали стравот е мотиватор? Да, затоа што практично кажано не одржува во живот. Работи или умри. Уште пештерските луѓе го имале тоа чувство и таа грижа дали ќе имаат што да јадат и да пијат за да останат живи. Тоа е буквално механизам за преживување.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Се помирив со фактот дека смртта е реална, неизбежна и можна во секој момент. Тоа беше мојот најголем страв. И го победив.
Сега ништо не ме плаши. Со некого разговараш, се смееш а утре го нема. Тоа е, идемо даље во непознатото.

Како успеа? И јас сакам да се помирам со таа реалност, но како? Едно е да речеш дека смртта е реална и неизбежна, а сосема друго е да престанеш да мислиш на неа и да не се оптоваруваш. Се обидувам да најдам философија што ќе ми помогне да го надминам тој страв, но не е едноставно.

Покрај смртта како фундаментален страв, мојот најголем страв е брзото минување на животот. Сѐ ќе помине во еден миг, толку брзо како што досега прелета времето. Се плашам дека нема да успеам да го живеам секој момент, секоја секунда максимално, и дека животот ќе ми прелета додека не стигнам до моментот пред крајот.

Еден брз одговор на моето прашање што веќе го знам и што треба да се потсетувам често за да го живеам е сегашниот миг.
Благодарност за се што имаме и живеење во магијата на сегашниот миг :)
 
Член од
6 ноември 2024
Мислења
91
Поени од реакции
149

Како успеав? Ќе треба да ти дадам детали од мојот живот за тој рецепт. Универзално правило е „за процесите на кои не можеш да влијаеш, не треба да се грижиш“.

Различно го перципираме времето во секоја декада од нашиот живот. И пак, тоа е нормално, на секој жив човек на планетава му се случува истото. Ти ја живееш секоја секунда максимално без да си свесен за тоа.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.495
Поени од реакции
26.057
Како успеав? Ќе треба да ти дадам детали од мојот живот за тој рецепт. Универзално правило е „за процесите на кои не можеш да влијаеш, не треба да се грижиш“.

Различно го перципираме времето во секоја декада од нашиот живот. И пак, тоа е нормално, на секој жив човек на планетава му се случува истото. Ти ја живееш секоја секунда максимално без да си свесен за тоа.
Ја се сложувам со тебе и вака би го дефинирал тоа :
Кога сум свесен дека немам моќ некои работи и настани да ги променам или пак да им влијаам, единствено што можам е да се помирам.
Реално каква моќ имаме кога ќе дознаеме дека некој близок починал или му се случила некоја несреќа ?!
 
Член од
17 септември 2022
Мислења
1.037
Поени од реакции
2.471
No za da se dojde do stoickoto - ne se zamaraj so raboti na koi nemash vlijanie - treba da se iskluci amigdalata da ne ripa na sekoja mozna zakana deka mozokot imaginarnite gi tretira kao realni... zatoa stoicite skontale vezbi... kje si mislite sekoj den po malku na sopstvenata smrt, na poslednite migovi, smrtna postela.. so vezbanje sekoj den poleka mozokot se naviknuva. Zatoa imale i cherep .. i memento mori... direktno da gledash vo smrtta.
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.286
Како успеа? И јас сакам да се помирам со таа реалност, но како? Едно е да речеш дека смртта е реална и неизбежна, а сосема друго е да престанеш да мислиш на неа и да не се оптоваруваш. Се обидувам да најдам философија што ќе ми помогне да го надминам тој страв, но не е едноставно.

Покрај смртта како фундаментален страв, мојот најголем страв е брзото минување на животот. Сѐ ќе помине во еден миг, толку брзо како што досега прелета времето. Се плашам дека нема да успеам да го живеам секој момент, секоја секунда максимално, и дека животот ќе ми прелета додека не стигнам до моментот пред крајот.

Еден брз одговор на моето прашање што веќе го знам и што треба да се потсетувам често за да го живеам е сегашниот миг.
Благодарност за се што имаме и живеење во магијата на сегашниот миг :)
Под:
1.Место да имаш страв од Бога ти имаш страв од смртта,си ги помешал лончињата..сигурно си и проваксер и неброена сума на пари би дал да живееш пар стотина години што е контра од моето размислување,ја жута банка не би дал по тоа питање..
2.Вежбај п*зда ти м*терина (ништо лично само добро звучи оваа интернет фора) стравот од Бога е почетокот на секоја мудрост..

Член од
16 ноември 2024
Мислења
8
Поени од реакции
7
Страв од смртта на моето дете. Значи не сопруг, мајка, татко.. За нив сум загрижена како поминуваат годините, прифаќам, знам, еден ден ќе остарат и дај боже да доживеат длабока и лесна старост, но кога ќе прочитам некаде за смрт на дете едноставно ме обзема неверојатен страв.Сум зборела и со други мамички, истиот страв постои дури до панични напади и правење секакви филмови во глава..Кога ја прашав мајка ми дали низ исто поминувала само кога сме биле мали ми рече да.Многу пати сум зборела со сопругот на таа тема и скроз е лабав: Ајде бе шо треба да се случи ќе се случи..:eek: А јас триста филмови у глава па си го земам си го бацувам детето и се заблагодарувам зошто е тука и е добро и здраво..
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.424
Поени од реакции
11.247
Како успеа? И јас сакам да се помирам со таа реалност, но како? Едно е да речеш дека смртта е реална и неизбежна, а сосема друго е да престанеш да мислиш на неа и да не се оптоваруваш. Се обидувам да најдам философија што ќе ми помогне да го надминам тој страв, но не е едноставно.

Покрај смртта како фундаментален страв, мојот најголем страв е брзото минување на животот. Сѐ ќе помине во еден миг, толку брзо како што досега прелета времето. Се плашам дека нема да успеам да го живеам секој момент, секоја секунда максимално, и дека животот ќе ми прелета додека не стигнам до моментот пред крајот.
"Memento mori" - Запомни дека ќе умреш. Ова не треба да звучи морбидно, туку треба да ни биде потсетник дека смртта е неизбежна и дека истата е секогаш можност, па заради тоа треба да ја цениме повеќе сегашноста. Со фокусирање на она што може да го направиме во моментов, може да ја ублажиме постојаната грижа за иднината и стравот од пропуштање на животот.

Ја се сложувам со тебе и вака би го дефинирал тоа :
Кога сум свесен дека немам моќ некои работи и настани да ги променам или пак да им влијаам, единствено што можам е да се помирам.
Реално каква моќ имаме кога ќе дознаеме дека некој близок починал или му се случила некоја несреќа ?!
Дури и сред таква беспомошност, единствената моќ што ја имаме е нашата способност да избериме како ќе одговориме на тие настани, како
ќе тагуваме, како ќе лечиме и како ќе продолжиме да живееме во светот кој изгледа дека е надвор од нашата контрола
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.734
Поени од реакции
8.749
Стравот е нормална реакција на некоја опасност, но во моментот кога ќе почне да владее со животот, тогаш станува проблем, кој никако не треба да биде табу тема, барем не во 21 ви век кога има огромен број на психотерапевти. Тука поентата ми е да се направи разлика меѓу она што е “очекувана реакција на страв”, како на пример кога имаме непосредна опасност за себе или за другите луѓе, и она што е продукт на нашата бујна имагинација. Но и во вториот случај станува збор за основен мозочен инстинкт кој се обидува да не заштити и да не одржи во живот, само мислам дека треба малку повеќе да се практицира самоконтрола која ќе ја увери потсвеста дека сме безбедни и дека нема простор за толку бурен одговор на “заканата”.

Верувам дека тоа доаѓа од недостсток на доверба во некој аспект од животот, дали во себеси, во другите луѓе, ситуации, и сл. И тогаш ги преиспитуваме сите наши постапки и прекумерно ги анализираме и сето тоа доведува до тоа чувство на нелагодност што е тригер на стравот.

Дали стравот е мотиватор? Да, затоа што практично кажано не одржува во живот. Работи или умри. Уште пештерските луѓе го имале тоа чувство и таа грижа дали ќе имаат што да јадат и да пијат за да останат живи. Тоа е буквално механизам за преживување.
За првото потполно се согласувам, самата како што кажав имав проблем со анксиозност и би имала и денес да не работам активно на истото. Но фобијата не е реален страв, спаѓа под анксиозни нарушувања.

Стравот е мотиватор во смисла дека ако немаме страв, нема да преживееме, но тоа е веќе инстиктивно и примитивно чувство кое е важно токму за тоа - за преживување. Стравот нè мотивира да бегаме, да се бориме итн.

Но најчесто ноќе не спиеме не поради овој страв, туку поради сосема други работи: нечија или своја болест, работа, разни животни околности... тој антиципаторен страв и грижа не се корисни за нас, не ни помагаат. Повеќето од нас се соочуваат со проблеми кои се социјални проблеми, не се прашање на живот и смрт, тоа што нè држи ноќе будни не е глад (да е глад нема да лежиме, ќе бараме храна).

Како и да е, стравот е инстинкт кој го развиваме околу првата година од животот, не се раѓаме со него (на пример мало бебе иако може да види дека пример ќе падне нанапред, не пружа раце за да се задржи, учи од искуство дека боли падот), но кога ќе дозволиме да управува со нас, контрапродуктивен е.

Моите стравови низ годините се менувале како што ми се менувале приоритетите и животните околности, работи кои ме плашеле пред 10 години денес не ме плашат, бар не во таа мера, но имам нови стравови кои пред 10 години не биле релевантни за да постојат како страв.

Гледам сте пишувале за страв од смрт, имав ужасен страв од смрт додека не почнав да работам каде што бев изложена на смрт често.
Сега, после толку нагледана смрт, можам само да кажам дека единствено се плашам од маката (долго боледување) и од фактот дека нема да сум присутна за своите сакани, самата смрт и "што потоа" воопшто не ми се нешто што ме плаши.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom