x2 za Rim, jas bev lani i gi vidov skoro site top10 samo da ne se pogodi da vrne, bas togas se dupna od vrnenje i konstantno se otkazuvaa mecevi pogotovo vo night sessionsot.
Јас бев 2 дена во 2023 и уште 2 дена оваа година (2024). Ги видов скоро сите, има и некои дупки што може да се направат со картите и талончињата што ги даваат на излез од Campo Centrale и Grand Stand Arena, така што дефинитивно е исплатливо ако ги земеш во предвид тие работи. Гледање на надворешните терени е многу тешко (за прво, второ коло), затоа што со поевтините карти за outside ground courts се прави многу гужва. Доколку успееш да влезеш на главните терени, тогаш од врвот на трибините може буквално 5 меча во ист момент да гледаш од птичја перспектива
Во секој случај, идејата е дека Рим е место каде што можеш дефинитивно да видиш најмногу од апсект на тенис, со нагласок дека треба да имаш и среќа во поглед на временските прилики. Алтернатива, верувам дека и Мадрид е добро и има неколку покриени терени (сигурно ќе гледаш тенис, дури и да врне дожд).
Подобро искуство е секако Ролан Гарос, но е претешко да најдеш карти и се далеку поскапи...
Во план да одам Рим и во 2025, ако некој е заинтересиран за 1-2 дена гледање тенис по цел ден, може да направиме некој поевтин ангажман.