Сите тука се трудите/ме да најдеме некаков заклучок и мотив за убиство на дете + друго лице. Барате некаков одговор, некаков заклучок и нормален исход...
Човекот е социопат. До сега, според транскриптите па дури и тие кратки видео снимки од судница, човекот е ладен и без емоција. 0. Другите ако ги погледнете, во земја се пропаднати. Изгубени. Таткото капка живот нема во него.
Не би знаеле дали бил во финансиска криза ама очигледно е дека имал некакви проблеми. Детето е киднапирано и според првични изјави, беше поради откуп. Сега дознаваме дека кратко по грабнувањето е убиена. Убиено е и друго лице, Панче.
Палчо имал минимум 2ца потчинети слуги. Според мене, убиството на детето е направено во афект поради "X" причина. Дали ги познала, дали ги слушнала, дали им дала дознаење дека знае кој се... никогаш нема да дознаеме. На крај, може да излезе и дека ги убил од лича корист.
Да покаже моќ, да се докаже дека е лидер.
Да им долови на сите дека ако се „заебаваат“ со него вака ќе завршат.
Потоа... со самото тоа што само Палчо избегал а останативе дебили останале тука и живи се фатени, ми кажува дека немале (првичен) план да направат убиство т.е двојно убиство. Т.е барем они немале, но биле излажани. И кога веќе тргнал возот, тоа е. Играле според дадената ситуација.
Палчо како лидер на таа група и со малку повеќе мозок, веднаш бега. Претпоставувам дека им ветувал или им гарантирал дека никој ништо нема да дознае. Апсењата беа после неколку недели. Ќе се обиделе да побегнат, сигурен сум. Но сигурен сум и дека Палчо ги убедувал дека се е под контрола.
Тие, какви што се дегени, му верувале и останале до крај. Чекаат одговор од него и паѓаат.
Тие кешишев, манев... немаат никаков капацитет и организациска моќ да испланираат и финализраат ваков настан. 100% контролирано од Палчо, претпоставувам изненадени од неочекуваниот исход на убиства за потоа како попчиња да си признаат и ги однесат инспекторите до местата на убиства. Срам, жал и очигледна кривица се осеќа во овие 2ца/3ца. Колку и да сакаат нивните адвокати да ја изверглаат ситуацијата, факт е дека во истиот момент на апсење они прифаќаат кривица и кажуваат се до детал: кај се закопани, кај возеле, кој пукал, на кого му одговарале...
Единствено не разбирам и не можам да сфатам која и каква е поврзаноста на родителите. Мајката ако кажеме дека немала поврзаност, кај е таткото у равенката?
Зошто им праќал пораки да го вратат детето?
Зошто чудни изјави на членови на фамилија?
Зошто убедувал и блиски луѓе и полиција дека сигурен е дека девојчето е убиено?
Можеби никогаш нема да дознаеме поради нивните адвокати. Се надевам ќе имаат завршница и ќе почиваат во мир и Вања и Панче.