Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.822
Поени од реакции
12.887
Ако денот по утрото се познава, очекувам владеењето на портокалот да биде Буш/Чејни на стереоиди, тоа го предвидов уште летоска, кога во изјавите јасно се гледаше дека е целосно компромитиран и навлевезен во лоби шупаците.
Спремна е екипа за да почнат со деструкција на Иран. Израел заврши огромна работа со Хамас и Хезболах. Сега коцките се местат да се удри по Иран.

Ништо чудно да има пазарење со Русија, да ги пуштат Иран низ вода во замена за Украина.
 
Член од
23 август 2024
Мислења
353
Поени од реакции
666
Наводно Трамп го избрал својот советник за војната во Украина кој би ги водел евентуалните моривни преговори. Типувам дека ќе биде Гренел, ако не му го дадат министерството за надворешни работи.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.495
Поени од реакции
33.644
Ништо чудно да има пазарење со Русија, да ги пуштат Иран низ вода во замена за Украина.
Не ми се верува дека ова е можно сценарио. Прво според се што гледаме меѓу РФ и Иран има солидна воена соработка, и редовни (и чести) воени карго летови. Второ Иран во раце на западната елита би бил голем проблем и за РФ и за Кина. Среднорочно и долгорочно гледано катастрофа е а посебно за РФ. Тоа заради многу причини ама ете на пример затоа што Сирија жива ја држат не само Русија туку и Иран. Падна ли Иран, или макар Иран со големи проблеми, ќе значи и пад на Сирија. Сирија е критично важна за РФ од многу аспекти. Пад на Сирија тоа понатаму ќе значи слободен влез на европскиот пазар за катарски гас (и персиски гас, ако Иран падне)... Зошто Русија тоа би го дозволила? За возврат за Украина? Па таа војна секако ја добиваат.
Пад само на Сирија, а посебно и на Иран, ќе значи и дестабилизација на Кавказот во целина. Тоа е последно нешто што Русија го сака, посебно во моментов.

Сосема друга работа е што не гледам како САД би се решиле да водат војна со Иран. Не гледам воено сценарио каде таа војна нема прескапо да ги чини, а ни исходот реално не им е гарантиран дека ќе победат. Пред да се вмешаат нафовци да разграничиме дека Иран е сосема друга приказна од Ирак. Само географијата е многу важна, а таа е повеќе налик на Авганистан отколку на Ирак, со тоа што Иран има многу поголема територија во планини, и не се пустини како во Ирак. Понатаму имаат навистина солидно развиена воена индустрија, посебно за асиметрично војување. Секако имаат соодветно ПВО, официјално С300 а неофицијално којзнае што. Имаат начини да удрат по тоа што САД најмногу ги боли: Носачите на авиони. Буквално не гледам овде САД, па дури и само нивната елита, да најдат интерес да влезат во војна со Иран. Повеќе можно сценарио е да ги уценуваат за воздржаност додека етнички да ја исчистат Палестина. Или нешто слично, трето нешто што не го гледаме како очигледна цел.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.271
Поени од реакции
26.142
Некој би рекол дека не започнување нов конфликт беше голема промена 2016-2020. Кенеди е на страна на Трамп, Трамп победи. Кенеди ќе има голема позиција во Американска влада. Следен пат нека цртаат пентаграми оти овие триаголниците не работат.
Не денешниов Кенеди. Тој што го триангулирале, трајно го.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.271
Поени од реакции
26.142
Она со Маск и Вивек сепак ќе биде министерство. :) Само ќе им треба одобрување од Конгресот.
Тоа ќе биде исклучително интересна работа за гледање. Не е поврзана со надворешна политика, ама внатрешно на САД им треба таков ресет.
 
Член од
23 август 2024
Мислења
353
Поени од реакции
666
Тоа ќе биде исклучително интересна работа за гледање. Не е поврзана со надворешна политика, ама внатрешно на САД им треба таков ресет.
Главен циркус ќе бидат во градот. Маск избрка 80% од вработените во Твитер кога го купи. Едвај чекам да почне со работа овде. Пискотници ќе се слушаат од Галичник до Река.
 
Последно уредено:
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.207
Поени од реакции
5.983
Многу ме интересира јеменците дали ќе продужат со стрелање. Ама онака многу.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.822
Поени од реакции
12.887
@Vanlok

Види тешка курва е политиката. Може многу западот да им понуди на Русија да ги пушти низ вода. Плус тука на Кина ќе ја колабираат со распаднат Иран и Русија како некој си сојузник. Има еден тон алапачи кои сонуваат да Русија биде проЗападна, дел од нив се и дел од тимот на Путин. Незнам ама тоа не е тајна. Не само Трамп, туку високи воени лица говореа дека Русија им е потребна како сојузник против Кина. Ќе видиме.
Автоматски споено мислење:

Абе многу сте се наостриле вие на комуњарата :D
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.495
Поени од реакции
33.644
Реално и не треба човек да е гениј за да разбере дека жртвување на Иран е грешка. Не ми се верува Путлер додека е при свест, да дозволи таква стратешка грешка.

Што се тиче Русија во тим ју-ес-еј?
Па треба да се малоумни да им веруваат за било што на Америте (додека не направат една добра револуција па да си ја решат елитата позади кулисите).
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.920
Поени од реакции
12.297
@Vanlok

Види тешка курва е политиката. Може многу западот да им понуди на Русија да ги пушти низ вода. Плус тука на Кина ќе ја колабираат со распаднат Иран и Русија како некој си сојузник. Има еден тон алапачи кои сонуваат да Русија биде проЗападна, дел од нив се и дел од тимот на Путин. Незнам ама тоа не е тајна. Не само Трамп, туку високи воени лица говореа дека Русија им е потребна како сојузник против Кина. Ќе видиме.
Масовната преселба на индустриското производство од САД во Кина не беше наменета само за да им овозможи на американските профитери евтина работна сила, туку и за дополнително да ја оддалечи Кина од Советскиот Сојуз. Кина и СССР не се сакаа нешто многу во последните години на Мао Це Тунг, но не беа така оддалечени како што се оддалечија после неговата смрт во 1976 година.

Наспроти таквиот дипломатски триумф за уште понатамошни поделби во социјалистичкиот исток, царинските тарифи кои САД и` ги воведуваат на Кина во поново време и забраната за кинеска телекомуникациска опрема кај американските и европските телекомуникациски оператори, паралелно со санкциите кои и` ги воведуваат на Русија, придонесоа за подобрување на односите помеѓу Русија и Кина.

Русите станаа свесни, исто како и Кинезите, дека американците ќе ги играат едни против други исто како во 1970-те години, а тоа во превод значи дека било каква доверба во САД дека сега одеднаш со нов претседател и нов состав на федерална влада ќе станат попријателски настроени, само дајте им го Иран и нема повеќе нерешени спорови, е крајно детинеста илузија, нешто слично како балканските татари во Уставот на северенфиромистан и готово следуваат ЕУ преговори по забрзана постапка.

А ако Иран биде пуштен низ вода за подобрување на односите помеѓу Русија и САД, Иранчаните ќе знаат никогаш повторно да не им веруваат на Русите, а веројатно и на Кинезите. Во врска со ова Русија и Кина треба да се потсетат на позната изрека на Шарл де Гол која гласи дека САД не се во Европа - во случајот со Русија и Кина ова значи дека САД не се ниту во Европа, ниту во Азија - а Британија е остров. Од друга страна Иран е во Азија и ќе остане во Азија без разлика дали ќе биде пуштен низ вода или не.

Со години градени меѓусебни односи помеѓу држави на кои заеднички именител им се санкции и ембарга од западот, да се пушти сето тоа низ вода во замена за празен гест на САД во превод значи повторување на политиките на Михаил Горбачов и Борис Јелцин, а тоа говори дека некој не извлекол поуки од најгорчливите лекции кои историјата му ги приредила во поново време.
 
Последно уредено:

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.822
Поени од реакции
12.887
@Dexter26

Иран а и Кина, многу мала воена соработка имаат . Колку и да се менува тоа забрзано последниве години, реално тоа е последица само пор тоа што Сад реши да си игра војна со Украина.

Иран да не заборавиме колку време чекаше на с300. Па сега дури се решиле да им го доставуваат Су35ките иако исплатени се уште 2014.

Можеби е тоа на фактот дека Иран немаше со што да ги исплати. Ама во такво сојузништво мислам дека заедничкиот интерес е многу позначаен одколку кешот. Да не заборавиме Иран како за многу брзо време им ги достави томосите на Русија која многу изменија во корист на Русија.

Колку за мала сооредба Русија им опрости неколку милиарди долг на Мароко, со задача да купат т72ки мислам Мароко од нив. И што испадна на крај Мароко ги шитна на Украина тенковите.

Сега некој ќе напише добри односи со Израел. Па како бе на Израел курот го боли за интересите на Русија ? Јебеш тоа такви муабети.

Срамота е со Кина толку доцна да почнуваат да градат воен сојуз, кога уште од 2014 имаше индиции што ќе се случува. Ма како 2014, 2008 со Грузија беше сигнализирано воено. Претходно на самитот во Букурешт отворено беше зборено за Украина и Грузија дека ги планираат за Нато.


Не ќе се сложам дека Русија ја има научено лекцијата. Посебно младата популација која е подлежна на манипулација од технолошките сфери на модерниот живот кои се под контрола на Западниот свет. И не се само тие, има еден тон елита која сонува да биде прифатена од Западот(што никогаш нема да се случи). Мене лично фрапантен ми е тој феномен на сервилност на словенското племе кон Западниот свет.

Некои работи што ги напишав не се поврзани со тоа што ти го напиша. Пробав само по длабоко да продискутирам.
Автоматски споено мислење:


Ќе го јадат доста, посебно тоа комуњарата со сукњите.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom