Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Сине ајде една анализа и за мене....:smir: ја враќам ако сум расположен,али пијачка частам обавезно...
Ајде сине и на тебе

ЗЕМЗЕЛА

Пред да почнам со анализата,од сега че частите по две три ракии:pos::pos:

Клаберството е неговиот живот,журки,пејачки,девојки...едноствано и тој е еден вид Авантурист...

Го знам Земзела не премногу добро,но доволно за да напраам една добра анализа...
Го запознав на последната собиранка ...во Рамстор..прав клабер,типче,фраер..пијачка,џемперче,фармерче:)...се у тон..

Смешен член дефинитивно има огромен смислол за хумор...

Неговата искреност и ведриот лик уште од 1 километар се гледа ..

Вака како што гледам од месец во месец станува се попопуларен на форумов...

За љубовта нема што да кажам,што има да кажам за еден типец како Земзела,девојки колку сакаш:vozbud:...мислам дека ни самиот незнае колку имал:pos:

По некој работи гледам дека сака да најде некоја што ќе се грижи за него што ќе го сака..на вистински начин...

За него Тоше е нешто над сите(а за кој не е?)..тоа го оценив по аватарите и потписите кој беа поврзани за Тоше..to e to

Мислам дека беше доволно...се надевам на повторна средна во блиска иднина и чекам две три ракии:pos:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Billa Bong, ако ме ду-уваш, враќам со дупло подолга анализа од твојата. Ајде, pwease *me makes puppy eyes:pipi:
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Сатори ако си расположена дај една за мене:pipi:
враќам
Нема проблем за тебе злато, бар тебе те читам по Форумов.:smiz:

Пред се навистина те забележав кога си го постави потписот, „Do not worry about the people in your past...there is a reason they did not make it to your future.“, многу добро кажано, ова на некој начин открива дека мислиш на иднината.
Ми делуваш како некој што во секое време би бил спремен да му се спротистави на авторитетот ако мислиш дека греши + како шлаг на тоа верна си си на сама себе и луѓето околу тебе.
Отворена си, комплицирана, понекогаш и површна, но си ја сакаш слободата, девојка која треба да знаеш како да ја чуваш, а не да се обидуваш да ја задржиш под ланец.
Иако на прв поглед може некој да се излаже дека сакаш постојано да бидеш во друштво, напротив, барем јас мислам дека најмногу уживаш сама со себе, тоа ти е потребно за промените кои ти се случуваат во животот и кои да бидеме искрени, скоро и да ги обожаваш.
Не си конвенционален тип.Не ти треба некој да ти каже што треба да правиш.
Од аватарот се изразува чувството за уметност, нежност и естетика, не знам зошто, ама мене твојот аватар ме потсетува на флерт.
Љубезна си, креативна, ама секогаш сакаш да бидеш во право ...


Ако не сум во право, не ме тепај!:gus:
 

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
65
Сатори,ќе бидеш љубезна да ми направиш и мене...:pipi:?
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Billa Bong, ако ме ду-уваш, враќам со дупло подолга анализа од твојата. Ајде, pwease *me makes puppy eyes:pipi:
ВиЛ би мај плежер мисју:pipi:

АДА..

Ада..со тебе ќе ја продолжам вечерта на анализи:)

Ада ти си личност која ми е многу слична на Лејди Сатори...голема филозофка..

Не те знам во живо..и тебе и како и другите чекам момент да те запонзаам..

Според аватарите и потписите можам да кажам дека те откриваат тебе како личност,голема личност...која сака мирен и спокоен живот..без многу обврски...

Од секогаш сум те почитувал и ќе те почитувам..зошто тешко да се најде член на форумов како тебе ...што неможе да се доискаже и секогаш има нешто ново да каже...

Ведра,весела,среќна,искрена,отворена,полна со знаења,дружељубива...
Со овие зборови и уште со 100 вакви можам да те окарактеризирам...но сепак ги кажав најглавните...тие што те прават добра личност...

Уживам кога ги читам твојте,и постовите на Лејди Саторите,и на уште некој членови...просто не ме мрзи да ги прочитам зошто знам дека сум прочитал нешто добро...нешто убаво..

Во љубовта неможам да те оценам до каде си и што си...
Мислам дека и ти си во потрага по тој принц на бел коњ:) и мислам дека ќе го најдеш вистинскиот ..

Доволно беше...за враќање ако сакаш...ако нејќеш немораш:)



 
С

Сатори

Гостин
~*~

Твој избор:pipi:...ако мислиш да правиш направи ако не немора:)
Нормално дека треба да направам.:me:

Дечкото кој сака да се дружи, така лежерен, од аватарот на прв поглед би можело да се рече и така егоцентричен, но не верувам дека тоа е кај тебе случајот, според тоа што го имам оценето сега за сега, поседуваш само здрава самодоверба и самољубие.
Весел дечкич, сака сите да го сакаат, сака да биде понекогаш центар на внимание и веројатно си добар во тоа да ги искористиш своите 5 минути.
Според постовите, заинтересиран за спорт и се што се случува во тој свет, /гај тинг веројатно.
Квалитетен дечкич си, ако добро сум заклучила од сликичката и убав си, ќе те биде тебе!

:cut:
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Сатори,ќе бидеш љубезна да ми направиш и мене...:pipi:?
Ма наравно.:lele:

Според никот, тинејџерка која сака светот да се врти околу неа, според постовите приземјена девојка, според фотките, принцеза на мама и тато, според мене, прекрасно девојче кое треба да стекне уште малку повеќе искуство за да го владее животот на вистинскиот начин.
Од аватарот и не може баш многу да се дознае, ја црташ љубовта, и се предаваш целосно, ја бараш?
Се носиш како и сите останати тренди типки, убаво е што ги следиш новите стилови и што покажуваш интерес и влегуваш во интеракција со светот, но малку повеќе оргиналност не би ти штетела.
Фина си, имаш шарм, но треба и да научиш тоа добро да го избрусиш за да има некој посебен шмек, што би рекле ние Велешани.
Понекогаш во животот има и многу поинтересни работи ... :wink:
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Лејди Сатори

Сатори ти си ми како загатка на форумов. Час си среќна, час не..менуваш расположение побрзо од камелеон. Разбирливо поради твојата авантуристичка природа. Често знаеш и да западнеш во невољи поради истата. Меѓутоа благодарение на твојата начитаност и зборливост знаеш како да се извадиш од ситуациите. Она што ме зачудува е твоето повлекување кога ќе те нападнат. Имај поцврст став девојко, брани го она што е твое и она во кое веруваш.

Склона си кон промени факт.:) Прогресивна, амбициозна, со доза на традиционалност која во некои моменти преовладува. Имам некоја претстава дека твојата независност колку ти штети толку и ти е добра за доизградување на твојот карактер. Макар што искрено понекогаш не се однесуваш спрема годините. Сакаш да пораснеш пребрзо, да го наметнеш твоето мислење, и да го исфрлиш детското од себе. Немој еден ден ќе ти недостига и премногу.

Шармантна, отворена и презафатена. Постојано опкружена со некои проекти, некогаш дури и премногу па претпоставувам дека дури стануваш и нервозна кога ќе се најдеш во тесно со временскиот рок. Опушти се, има време за се.

Љубовта ти е мистерија која не престануваш да ја истражуваш. Дури мислам дека од преголема желба да ја осознаеш се губиш во тој лавиринт. Полека не избрзувај. Најубавите работи доаѓаат неочекувано. Љубовта како да ти делува на сите твои текстови и песни, од депресивност до качување на 7 небо. Ти значи слободата, а преку пишувањето чувствуваш дека ја поседуваш.

Па мислам дека беше доста...ако нешто погодив ок ако не don`t shut me:back:
п.с. Фала за анализата, ни самата не си свесна колку точно испадна.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.216
Поени од реакции
34.485
Сатори, ти ме имаш анализирано? :paranoid:
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
MACEDONIAN

Ајде мрфут ти дојде време и тебе да ти напраам една анализа...

Како член кој највеќе го знам од цел форум,зошто си ми братучед(најдраг)...како прво морам да кажам дека си многу дарежлив,и незнаеш што е скржавост...

Увек си насмеан и весел,спремен за работа...
Не дека си ми братучед ама тешко да се најде човек како тебе...
со толку добро срце и душа...

Некогаш се понашаш како дете од 2 години ама тоа не менува ништо кај тебе...

Го сакаш фудбалот како спорт и се би дал кога е во прашање Баерн Минхен...

Искреноста,добрината,мекоста на твоето срце те праат многу добра личност..која уште еднаш ќе кажам ретко се наоѓа...

Со тебе секогаш го имам оној правиот разговор..и никогаш не сум се покајал коа ќе сум излезел со тебе...

Ми се допаѓа тоа што не гледаш на возраста моја...и никогаш не си се противел ако дојдам со тебе додека си излезен со твојте другари:)..

Љубовта не ти иде добро сега за сега,ама знам дека за 1 2 месеца здравје боже се ќе почне од ново:)...

За тебе имам уште многу да пишувам ама доста е...:cug:

Се надевам дека си задоволен од направената анализаjejeje



 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Мене ке моеш,а?
И немора долга и критична,ми направија таква....:kesa::pos2:
 

Formalicious

Линолеум
Член од
23 декември 2007
Мислења
50
Поени од реакции
0
Има тука некој ред и некој задолжен или може сите да си побараме анализа?
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Има тука некој ред и некој задолжен или може сите да си побараме анализа?
На која основа да ти се направи анализа ??? 8 мислења , хмммм тешко
и плус



За сите новајлии...

Потсетување дека за да барате анализа, треба да имате:

1. Над 100 мислења
2. Да имате некого ализирано самите вие.

------------Ако некој се нафати да ве работи без исполнување на овие услови, негова работа... Ако ве начекам да барате анализа а не исполнувате услови, бришам :pipi:


:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom