Брееј... Ние исто толку тенкови колку и Америте сме дале.
Со разликата што ние сме дале подобри тенкови од САД, што во превод значи дека кога ќе дојде цехот за плаќање ние ќе го кркаме подебелиот крај од стапот.
https://off.net.mk/vesti/svet/sovetskiot-t-72-e-najdobriot-tenk-i-ukraina-go-znae-toa
Советскиот Т-72 е најдобриот тенк и Украина го знае тоа
4 ноември 2024 - 12:04
Прв пат произведен во 1973, 50 години подоцна советскиот Т-72 останува севкупно подобар и поцелосен тенк од сè друго што која било страна во војната во Украина ќе го извади на бојното поле.
Ставка по ставка од техничката спецификација Т-72 не е ништо подобар од новите модели на руски (Армата) или американски (Абрамс) тенкови кои излегоа на военото поле, меѓутоа како збир од сите свои карактеристики, тој доминира над конкуренцијата.
72-ката има поедноставна механика, поевтина надградба, а и покрај големиот број на уништени тенкови од овој модел, „неговата леснотија на одржување, способноста за чистење мини и компетентни екипажи ја зацврстија неговата репутација како главна работна сила на военото поле.
Доминацијата на Т-72 се должи и на типот на рововска војна на истрошување која се води на фронтот во Украина, која не одговара на поновите модели како Абрамс, Армата или Леопардите, направени и осмислени за директни тенковски битки.
Русите доста успешно го искористија Т-72 и за брзо расчистување на минското поле, монтирајќи на него едноставни „мински плугови“, па дури и по претрпување на неброени експлозии „тенковите продолжуваат понатаму како да минале преку легнат полицаец.“
За разлика од скапиот НАТО оклоп кој пристигна во Украина, и Украинците го гаражираа по некое време затоа што не им вршеше работа, Русите успеваат за евтини пари да направат надградба на Т-72, додавајќи му реактивен оклоп и подобра заштита од мини и проектили.
За сето ова време Русите исто така и губат бројни Т-72 тенкови, меѓутоа бидејќи ги имаат во изобилие и одлично ги познаваат машините, тие упорно се потпираат на овој модел да биде столбот на нивните
оклопни сили.