Ракомет - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата DuFFy
  • Време на започнување Време на започнување

Дали пратите ракомет?

  • Понекогаш

    Гласови: 145 33,3%
  • Да, обавезно

    Гласови: 272 62,5%
  • Неам Појма

    Гласови: 18 4,1%

  • Вкупно гласачи
    435
Не ми е јасно зошто го правеле ова (а било која од двете екипи секако ќе загубеше во финалниот меч). Поготово од Скопје, затоа што тие се подобар тим од Гевгелија.
и мене не ми јасно а баш сакам да знам зошто двете екипи се бореа да изгубат.
 
Ги гледав Швеѓаните и Данците првото полувреме ,во отсутсво на повредениот Клаар повикан нов среден бек Халбек топ играч, ама кога ке добиет шанса покрај Јим и Клаар.
Босанците ги гледав малку со нашите соседи Пелопонез репката....какво навивање на босан репортери капу скидам,на секој гол Браво Момци
 
Вале Радуловиќ добила наводно 2 години суспензија да не врши никаква функција во било кој ракометен клуб (Веселинка Зашовска исто). :cenzura:
 
Малце им е.
Се сложувам со одлуката на РФМ. И мораа да се казнат и двете екипи. Нејасно ми е ако немаат финансиски средства, зошто се пријавуваат во купот воопшто? Едноставно не мораш да се пријавуваш да играш (не ти е наложено во статутот да ако играш во првенството мораш да играш и во купот - или грешам? Ако грешам некој нека ме поправи). Глупост голема е ова што го направија. Криво ми е од друга страна на што ни спаднаа поранешниве играчи. Вале, заедно со Инди и Гоца, се поим за успехот на женскиот ракомет во Македонија и за популризирање на спортот воопшто.
 
Ок, разбирам да се казнат тренерите ама зашто е казнет делегатот на 6 месеци?
Врз која основа па он е воопшто меѓу казнетите? Која е неговата улога во овој случај? Што може или поточно што треба еден делегат да стори за да избегне вмешаност во нешто што е апсолутно вон негова контрола?
 
Мислам дека е поради тоа што не го прекинал натпреварот (како причина - нефер плеј/местење на резултат). Веројатно сеир гледал или не знаел дека можел да го прекине натпреварот. :toe:
 
Ок, разбирам да се казнат тренерите ама зашто е казнет делегатот на 6 месеци?
Врз која основа па он е воопшто меѓу казнетите? Која е неговата улога во овој случај? Што може или поточно што треба еден делегат да стори за да избегне вмешаност во нешто што е апсолутно вон негова контрола?
Бидејќи дозволил таа од Гевгелија да ја води екипата без лиценца, значи наместо главниот тренер Јулија Беќарова, на клупата нивна била некоја Сара, без лиценца, ја нема ниту во здружение на ракометни тренери - https://macedoniahandball.com.mk/wp-content/uploads/2024/10/spisok-trenerski-licenci-2024-25-1.pdf
 
Ова веќе има смисла.
 
Ама и таа Јулија ја казниле исто.
 
Веќе Мукаетов ја најаве неговата оставка од РФМ на редовната седница, како главен кандидат го споменуваат Александар Стефанов кој неодамна не ни го потврди тоа но не го негираше како желба да биде на тоа мест. Од позадина дали се очекува Борко Ристовски да ја превземе федерацијата или некој друг од ракометната феља?
 
Како знајт Валето да се правдат ,немале пари,спонзори, помош од државата....а шо не вложит валето од данските круни....во данска кој ги финансират младинските школи,ние нафта пиеме,....епа дојдите цела екипа на лето во охрид черешни да збирате,јагоди да збирате,келнерки да работите....ке се наполнит касата доволно и на турнири да ојте .....лесно е со ТУЃ КУР катран да мешаш нека го стават родителите својот па да поЏежит екстра
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom