Најголем страв во животот

Член од
13 април 2021
Мислења
3.421
Поени од реакции
11.244
Сите имаме нешто што не држи будни навечер, нешто што не вознемирува и растревожува и нешто што, и покрај нашите најсилни напори, се чини дека нè следи низ животот. Обично е тоа нешто што го криеме длабоко во себе, го чуваме само за себе и ретко го споделуваме со луѓето околу нас. Без разлика дали станува збор за страв од неуспех, страв од губење на саканите, осаменост или страв од некоја болест, некои стравови се навистина големи и поразителни, а други може да изгледаат многу мали и ирационални, но сепак длабоко да влијаат на нас.

Кој е вашиот најголем страв во животот? Што е тоа што ве прави вознемирени и нерасположени? Дали е страв од нешто специфично, како на пример страв од височина или пример страв од инсекти/животни и сл, или станува збор за нешто поапстрактно?
Како влијание имаат вашите стравови врз вашиот живот? Дали ве спречилe да остварите одредени соништа или влијаелe на ваши животни одлуки?
Во кои моменти ваквите стравови биле особено силни?
Како вие се справувате со вашите стравови? Дали имате стратегии за успешно надминување на истите или се уште барате начин како да се справите со тоа? Дали мислите дека стравот може да биде мотиватор? Дали вашата перспектива за стравот се променила со текот на времето? Дали некој од вашите стравови се променил или намалил како што сте постари и позрели?
Каков совет би му понудиле на некој што се бори со страв сличен како вашиот?

Навистина сакам да ги споделите вашите мисли, искуства или какви било размислувања за тоа како стравот ве обликувал низ животот.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.297
Поени од реакции
3.669
Треба да се помириме со тоа дека никој не е вечен па ни ние самите и тука престанува стравот за губење на некој близок или дека нашиот живот еден ден ќе заврши.
Не ми е мило што некој починал но треба да сме свесни дека тоа е животот, секој ден некој се раѓа некој умира, еден ден и нас ќе ни дојде редот...

Јас стравот го разбирам како плашење од нешто, би рекол лично дека во моментов не ми текнува дека се плашам од било што а дека сум вознемирен од некои ситуации или слично да.
Пример некои ќе речат страв ми е да ми земат крв, и мене не ми е убаво ама па не мора да гледаш кај што ти течи крвта.
Се е до разбирањето дека некои работи се надвор од наша контрола и дека ќе се случат дали ние сакаме или не.
Кога ќе се помириме со тоа многу работи ќе ни бидат појасни и поприфатливи.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.996
Поени од реакции
12.573

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
2.077
Незагрижаност за можноста за 3та светска војна и за нуклеарна зима.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.849
Поени од реакции
23.206
Patem receno nekoe nepisano pravilo na forumot e otvoracot na temata prva da napise zbor dva za ona za sto ja otvora temata.
@Aceso bujrum koi se tvoite najgolemi stravovi ?
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.421
Поени од реакции
11.244
Patem receno nekoe nepisano pravilo na forumot e otvoracot na temata prva da napise zbor dva za ona za sto ja otvora temata.
@Aceso bujrum koi se tvoite najgolemi stravovi ?
Се разбира.... ќе пишам подетално за другите прашања кога ќе се ослободам.

Инаку еден од најголемите стравови ми е губење на идентитет и независност од типот на добивање Алцхајмер или некое друго заболување кое би предизвикало инвалидитет од потежок степен, лично за мене кога ќе остарам или на некој од моите најблиски. Самата помисла дека не би можела да се грижам за себе или за луѓето кои ми значат ужасно ме измачува, и тоа баш знае да ме исфрли од колосек.

Страв ми е и да запознавам нови луѓе. Дали заради некои неубави искуства или можеби заради тоа што имам специфични критериуми кога е во прашање блиска дружба со луѓе, поприлично тешко ги пуштам ѕидовите околу мене и дозволувам некој да ми се приближи поблиску од обичен муабет.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.045
Поени од реакции
9.386
Пред некоја година ми се погоди, стариот нешто камен у канал му се заглави и не спиев скоро ич неколку дена, ај што трчав по клиники не ми било страшно...се бориш и не мислиш, тишината е најзаебана пред да заспиеш. У тие моменти додека одев натака навака на радио ја слушнав песнава, еве и сега ја слушам и ме убиваат емоции.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.733
Поени од реакции
8.748
Контрирањето, инаетењето и прозивањето на @PurplePuma на сите теми во Љубов и Секс.
Тешко на тој што ја знае у живо.
Тешко, богами, реков не сум за секого. Али морам да признаам мерак ми прави што е мислењево во "најголемиот страв во животот". (y)

Инаку тоа се вика дебатирање, знам дека е концепт тежок за поимање. ;)

*Мене најголем страв во животот ми е да не се излажам со некоја будала дете да имам. Нема начин како да го поправам тоа отпосле.
Автоматски споено мислење:

Сите имаме нешто што не држи будни навечер, нешто што не вознемирува и растревожува и нешто што, и покрај нашите најсилни напори, се чини дека нè следи низ животот. Обично е тоа нешто што го криеме длабоко во себе, го чуваме само за себе и ретко го споделуваме со луѓето околу нас. Без разлика дали станува збор за страв од неуспех, страв од губење на саканите, осаменост или страв од некоја болест, некои стравови се навистина големи и поразителни, а други може да изгледаат многу мали и ирационални, но сепак длабоко да влијаат на нас.

Кој е вашиот најголем страв во животот? Што е тоа што ве прави вознемирени и нерасположени? Дали е страв од нешто специфично, како на пример страв од височина или пример страв од инсекти/животни и сл, или станува збор за нешто поапстрактно?
Како влијание имаат вашите стравови врз вашиот живот? Дали ве спречилe да остварите одредени соништа или влијаелe на ваши животни одлуки?
Во кои моменти ваквите стравови биле особено силни?
Како вие се справувате со вашите стравови? Дали имате стратегии за успешно надминување на истите или се уште барате начин како да се справите со тоа? Дали мислите дека стравот може да биде мотиватор? Дали вашата перспектива за стравот се променила со текот на времето? Дали некој од вашите стравови се променил или намалил како што сте постари и позрели?
Каков совет би му понудиле на некој што се бори со страв сличен како вашиот?

Навистина сакам да ги споделите вашите мисли, искуства или какви било размислувања за тоа како стравот ве обликувал низ животот.
Сега подетално, пошто супер ти е темата.

Прво да разграничиме реален од нереален страв. Секоја фобија е нереален страв.
И повеќето луѓе ги имаат, иако исто така, повеќето фобии можат успешно да се лекуваат. Но, бидејќи можеме најчесто да го избегнеме нештото што ни предизвикува фобија, го поминуваме животот со едноставно прифаќање на тоа дека сме на нешто фобични.

Фобија имам од инсекти, било какви, измешано е гад и страв. Вистинска клаустрофобија имам, за која ми требаше многу време барем во некоја мера да ја контролирам, на пример денес можам да се возам со лифт, не можев секогаш.

Стравот како анксиозност во младоста ме спречи во многу работи да ги искусам, и тогаш беше генерална анксиозност, не конкретно од ова или од она - сè ме плашеше дека може да тргне на лошо. Денес и тоа во голема мера го контролирам, веројатно поради искуството едноставно, на многу работи немаме влијание колку и да се грижиме. Повеќе гледам да го живеам денот, а што било - било, што ќе биде - ќе биде.

Стравот мене лично ми бил кочница, не мотиватор. Од страв останував во место, пуштав корени во неплодна земја. А од тоа плод не бива. Почнав да живеам кога се ослободив од поголемиот дел од анксиозните "што ако?". И што е живеење е нормално, индивидуално, но мојот пат и она што го сакам за себе многу појасно ги гледам откако ми се остварија добар дел од стравовите - и преживеав.

Совет, до било кој што има страв на кој не може да делува, односно не може ништо да преземе за да ги промени работите - што било - било, а што ќе биде - ќе биде.

Живеј го денот, саатот, па и минутата ако треба.
Автоматски споено мислење:

Koja tacka kje mi e zet.
Не ја исклучувај можноста за снаа :D
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.973
Поени од реакции
6.452
Се плашам од бирократија. Бирократијата е вистинската длабока држава, не се тоа некои замислени центри на моќ каде заговорници уз пура и Реми Мартен решаваат што ќе се дешава него тоа е тетката зад шалтер и ликот во пасошко кои играат солитер и дипломираат на тема "како да иритирате нормално човечко битие". Прав октопод. Кафка на времето не предупредил но попусто.
Има нешто сиво, на смрт досадно, суво, импотентно и фригидно во самата бирократија, има и нешто фекално, смрдеа на мувла и говна од стаорци.
 
Член од
6 ноември 2024
Мислења
91
Поени од реакции
148
Се помирив со фактот дека смртта е реална, неизбежна и можна во секој момент. Тоа беше мојот најголем страв. И го победив.
Сега ништо не ме плаши. Со некого разговараш, се смееш а утре го нема. Тоа е, идемо даље во непознатото.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom