Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Квендолинке кен ју дуит он ми:) частам
Точкест...Ке го избегнам клишето за годините е ваков,за годините е онаков и ќе му направам можеби не психоанализа, ама еден психопрофил.
Точкест е забавен, интересен, комуникативен. Секогаш има интересни аватари и потписи. Има непосредна ама ефективна смисла за хумор и тоа го чини една светла личност. Светла реков, популарен поим според кајганскиот календар. Нормално алудирам на поделбата на светли и темни и притоа не провоцирам.:) Иако непосреден и комуникативен, особини попознати како социјални и популарни, Точкест има и уметничка страна,(демек уметниците по дифолт се темни), креативен е и тоа го изразува преку фотографијата. По роднинско-последична врска можам да заклучам дека е фин, односно мора да е оти Кики му е сестра.:wink:
Го цени и почитува искуството,а тоа само ми покажува дека нема комплекси и дека е спремен да учи, повторно особини кои се вредни за почит и пожелни- човек да ги посеува. И затоа што не знам како да завршам само ќе го поздравам на the old fashion way.:helou:

ПС: Паузирам со анализиве, во случај некој друг да ми побара.:pos:
 
Член од
26 април 2005
Мислења
1.691
Поени од реакции
45
Ти па најде од кого да бараш анализа...
Ако те погодила психо-анализа од Delux, подобро обеси се :pos:

Кој сака анализа? Нормално, мора веќе да има направено анализа и да има над 500 мислења. :kaitek:
ja sakam prva jubilarna analiza, a ti veruvam si kompetenten za toa:)
 
Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Кој сака анализа? Нормално, мора веќе да има направено анализа и да има над 500 мислења. :kaitek:
Сум направила анализа (башка што ми должиш:icon_lol: ) и имам над 500 мислења:vozbud:
 
Вампирката

Well, I tried to say there's nothing wrong with me
Член од
20 мај 2006
Мислења
3.819
Поени од реакции
95
а некој ако не го мрзи јас сакам анализа...:smir:
 
Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Кој сака анализа? Нормално, мора веќе да има направено анализа и да има над 500 мислења. :kaitek:
Каитек смајли:pos::pos:
Шала на смеа:) ај ду ми ду ми:vozbud::vozbud:имам повеќе од 500 мисwења:pipi:и имам изанализирано многу луѓе, ај напрај па че ти вратам со една нова:smir:

Д Вампирката:)
Почнувам со класика:) Вампирката.....оооо Вампирката.....тегет чорапа....шала

Лично ја знам па така да ќе почнам од таа страна:) Теди за тебе важи поговорката во малите шишенца има најубави парфеми, таква си шо да праиш:) љубовџика тешка, кога почесто контактиравме немаше дел од муабетот а да не се спомне љубов:) Секогаш насмеана со wide angle brain знаеш да помагаш при љубовни проблеми, а знаеш и рецепти за у кујна. Сакаш животни, дома имаш зоолошка ЗАКОН ствар...Табу теми за тебе не постојат open minded си и тоа е за почит...
Ај сега форумџиски

АВАТАР-Колку што разбирам тоа е некое ЕМО на кое му треба љубов???Таква ли ти е ситуацијата сега? You need Love? You will find it:wink: Интересна фотографија, гледана од мое око:)

ТАЈТЛ-„Well, I tried to say there's nothing wrong with me...“ ахам значи се пронаоѓаш себси како личност која пробува да каже нешто ама никој несака да го слушне, исто така дека се е во ред со тебе само таков ти е периодот, сакаш да екпериментираш.

ПОТПИС-

ОМГ
љубовта за тебе треба да е луда и необична:) несакаш кичерајска со цвеќенца срценца....можеби и добро е да бидеш поинаква од другите луѓе-тоа го прави човекот посебен.

еј веќе неможам ми се спие
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Тучкест, да ме анализираш. Сместа:salut::icon_lol:
Или вака: To4kest, src, pls analiziraj me.4astam zelenko.Pozz:pipi::icon_lol:
 
Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Razorblade Kiss

Една од моите омилени писателки на форумов. Сакам да почнам со твоите текстови. Се сеќавам дека еднаш ти пишав пп поради еден текст во темата на Виктор, мислам дека ти искоментирав за мрачноста на истиот. Имаш специфичен стил на пишување, а најмногу ми се допаѓа метафората со која си играш. Не дека не го сакам она „што сакал писателот да каже?“, но поезија ретко читам. Морам да признам дека ти си една од ретките на форумов чии песни редовно ги пратам и ме воодушевува твојата способност да задржиш нечие внимание до крајот на последниот стих. Без разлика која ти е пораката на песната, задоволство ми е да се задлабочам и да размислувам додека те читам.

Во своите постови секогаш си одмерена и културна, имам впечаток дека внимателно ги избрираш зборовите со кои се изразуваш. Те нема насекаде, точно се наоѓаш онаму каде што знаеш дека можеш да се вклучиш, т.е. дискутираш само ако имаш цврст став и аргументи за понатаму. Тоа интересно го правиш, воопшто не се наметнуваш. Некако срамежливо не се експонираш, но не затоа што знаеш дека ќе бидеш забележана и без тоа, туку затоа што си некако плашлива, а можеби има доза и на страв и несигурност како ќе реагираат другите. Можеби истото го правиш и надвор од форумов, не би знаела да кажам бидејќи не те познавам лично. Мислам дека треба да се опуштиш, верувам дека си свесна за своите квалитети.

Мистериозна си и воздржана, не може човек да прочита нешто за твојот интимен живот (освен дел од интима што изнесуваш преку пишаниот збор), позитивно е тоа што сигурноста ја имаш само со луѓето во кои имаш доверба. Значи, си стоиш настрана, ретко се зближуваш, а кога ќе се опуштиш верувам дека знаеш да си многу добар пријател.

Ми делуваш како малку осамена, често скриена во некое свое катче во кое чекаш да се случи нешто, но ако не дојде до нешто - лесно би си рекла „тоа е тоа, што да правам?“. Знаеш да се повлечеш и да чекаш разврска на ситуацијата, а кога ќе видиш слободно поле знаеш да се вратиш со изјава нешто како (не знам дали ќе ти текне на што точно мислам): „Ајде, кој е за шах?“ На моменти страшно сигурна во себе, а на моменти пасивен набљудувач.

Е сега, аватарот само некако сакам да го поврзам со тебе. Заслепувачко белата боја ја прави посилна црвената (и црната) и повеќе доаѓа до израз, што се поклопува со она дека сакаш да привлечеш внимание (а кој не сака?). Знаеме дека црвената е силна и жешка боја која асоцира на страст, сензитивност, љубов, но тука привлекуваат внимание црвените усни кои будат еротски чувства. Црната која исто така прилично дојдена до израз поради белата, покрај тоа што асоцира на твојата мистериозна црта и стравот од непознатото како дел од тебе, во комбинација со црвена дава некако поагресивна колор слика. Не сакам да кажам дека си агресивна, далеку од тоа. Муабетот ми е дека се трудиш да паднеш во очи, но тоа го правиш некако прикриено и индиректно.

Толку од она што те пратам на форумов. Ако истресов само глупости, ќе ми простиш. Се надевам дека ќе имам можност да те запознам, па со нови впечатоци ќе се разбереме на маса:smir:

Следниот е kpbKENGUR:cool:
 
Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Аха, секако.
Си анализирал некого? Не. Епа немаш право да бараш анализа.
 
Член од
26 април 2005
Мислења
1.691
Поени од реакции
45
Fortune
Do sega nemam napraveno analiza ama bash na nikogo,neznam zosto ama taka mi dojde zosto bev fascinirana od ovaa licnost prvpat koga ja sretnav pa ke pocnam so Fortune.
Prvpat koga ja zapoznav si pomisliv deka do sega nemam zapoznaeno licnost koja zraci so tolku mnogu pozitivna energija,nacinot na koj zbori,govorot na teloto,gestikulacijata i konstantnata nasmevka,ukazuvaat na covek koj se ima pronajdeno vo ovoj svet,stoi cvrtsvo zad svoite stavovi i znae sto saka vo zivotot,i ke napravi se za da go ostvari istoto.
Ima neverovatna smisla za humor(kolku sto se sekavam posledniot pat koga se sretnavme solzi mi tecea od smeenje),ponataka prva e za zurka i dobar provod so drugarkite(barem ja toa sto uspeav da go vidam, fortune e prva da napravi neverovatna atmosfera i provod sto dolgo se pamti),a i veruvam deka kako drugarka e sovrsena, sekogash prisutna da se najde,pomogne uteshi koga treba i nasmee,ama nikogash nema da te izlaze i sekogash ke ti ja tupne vistinata vo faca, ma nezavisno kakva i da e.
Nesto sto me odushevi e kolku e inteligentna, a skromna vo odnos na toa, i ne go pokazuva toa na nacin da se fali, tuku ednostavno niz shala ke kaze dva zbora (i covek dolgo vreme posle toa se misli),sekogash koga gi citam postovite od fortune,prvo se ezham bidejki kreativniot nacin i stil na koj pishuva sekogash ja dolovuvaat realnata situacija, i sekogash posle toa dolgo vreme analiziram sto ustvari ni posocuva so napishanoto.
Mislam deka na ljuboven plan e dosta emocionalna i golem romanticar no tocno znae sto ocekuva vo vrskata.Koga saka bezuslovno saka i ima neogranicena doverba, no momentot koga nekoj ke ja iskoristi taa bezuslovna doverba, stava ednash zasekogash kraj.
Epa fortune toa bi bilo toa, takva sum ja kratka i koncizna, pa se nadevam deka vo nekoi delovi pogodiv nesto od tvojot karakter:)
 
Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
kpbKENGUR

Абе Кенгурчо, ич не знам шо да кажам, некако тешко е да те дефинира човек. Ај да видиме што ќе направиме од она што те знам и што сум те читала:kiss3:

Секогаш аватарите ти се со мажи на кои не им се гледа главата. Не знам како би ги поврзала со тебе освен со тоа дека те доживувам како човек кој никогаш пред другите не се отвора целосно, секогаш нешто ќе скриеш и ќе го чуваш само за оние кои ќе дозволиш подобро да те запознаат. Ако денес имаш аватар кој зрачи со елеганција и класика, утре ќе го смениш во аватар на кој твојот „јунак“ ќе е во помодерна облека. Како и да е, имаш убав вкус. Се доживуваш како привлечна личност која знае секогаш да го направи најдобриот избор кога станува збор за надворешниот изглед, најверојатно својот сексапил знаеш дека ќе биде забележан и без да го истакнуваш посебно.

Уште кога се појави на форум ми го привлече вниманието и оттогаш редовно ти ги пратам мислењата, не ти ги прескокнувам. Да, како што знаеш и самиот да кажеш дека некогаш не те бива да средиш пост, ама она што имаш да го кажеш го кажуваш директно и без да ти е гајле каква реакција ќе има кај другиот. Не се воздржуваш кога ќе ти дојде да плеснеш некому нешто во фаца, не се плашиш да одиш до крај бранејќи ги своите зборови. Дали со сите и секаде си таков, не знам. Ми се допаѓа што често внесуваш хумор во своите постови, морам да признам дека си ми бил доста интересен.

Сеирџија невиден, секогаш расположен да исмееш нечија грешка или глупост. Најинтересно ми било што многу импулсивно реагираш, спремен дури и да истепаш некого ако ти откачи некоја жичка (ма знаеш на што мислам):pos: Не знаеш да се воздржиш и смешки си кога ќе се изнервираш:icon_lol: Знаеш да прифатиш сеир и на своја сметка, но само од одредени луѓе.

Дружељубив си многу и навистина пријатен за дружење. Интересен, насмеан, весел, откачен. Верен на оние кои си ги сакаш, без разлика дали станува збор за девојка или другар. Сум добила впечаток дека се` ќе откажеш ако треба некаде на некој близок да му се најдеш, ти значи пријателството. Од друга страна, кога не сакаш (читај: не поднесуваш) некого, не даваш можност да ти покаже дека си згрешил во врска со него. Оформуваш мислење и тоа е тоа, па колку сака нека се труди после тоа. Инат бе инат, башка кавгаџија:icon_lol:
Ама знаеш да си признаеш грешка кога ќе ти се укаже на вистинскиот начин:)

3т3 и п0в3ќ3 н3 б@р@ј @н@лиз@ 0д м3н3.
Ки$$ч3 и п0зззззззззззз

Следниот е Викторгг:fly:
 
Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Тучкест, да ме анализираш. Сместа:salut::icon_lol:
Или вака: To4kest, src, pls analiziraj me.4astam zelenko.Pozz:pipi::icon_lol:
Хаиде:) тебе ада ако не те изанализирам знам дека ќе ми поставиш некоја си тешка клетва на сушење на леви дел од мое долно тело:wink:

Значи за талисманот и пратката која преку врски си ја добив за безпари ќе почнам ОВАКА у позадина иде Едо Маајка и го стиснав копчето за шафл што значи дека анализава ќе биде кому иде:)
Ќе почнам со моето мислење само од гледањето на твојот профил. Отварам гледам жуто све и едно око шо ми трепка од време на време, малце ме плаши зашто е со банту трепки и златна боја, ама е со доста длабок поглед, кој ти вика „Не ми гази на жуљ со некое мислење, наебачеш„. Аутоматски бегам од аватарот, да бев побожно суштество ќе земев крст ама сега си земав само десетка со кебапче(КРОМИД) и се префрлив на онаа малце забележана слика на профилот која стои од десна страна. Девојчица од хентаи цртанче со двојна синхронизација на која и паѓа теглата со мед(реклама: Продавам првокласен и 100% природен мед 200 денари тегла) ама на девојката градите се цензурирани (100% од wошите админи:smir:). Девојката изгледа за несмасна т.е. девојка која што сака со својата несмасност да привлече внимание, а богами да ти кажам се загледав у неа добри 4 минути и 27 секунди за да ја простудирам течноста која ја нарекува мед, и дојдов до сознание дека тоа не е мед:( шит.....
Повторно ти се вратив кај тоа окото т.е. над него и видов нешто интересно So, What...! кое приближно е слично со Е, Неее...! страм да ти е крадиш:kesa:. Прилично забележувачко како и се друго У твојот профил. Името ada, 116години му ја мислам шо би ти значело. Дали се работи за едноставност или кичерајски кажано симплисити, или се работи за некоја енигма незнам:toe:. Али ја би играл на едноставност која те тера да размислуваш за значењето(корект ми иф ај ем вронг:pipi:). Прво другарче ти е Баденце, хмммм љубов е тоа или панаѓур:hot:, прашање е сега ОДГОВАРАЈ:wink:.
За твоите мислења муабет не ми се прави, толку малце само 665 ЈЕЕЕЕ член од женскиот пол кој што не кисне у играчницата и не пати од комплекси да му го оценат аватарот или факинг потписот. Не ти куца магарето да кажеш која песна ја слушаш, или што ти се јаде. Повеќе ти куца за сериозните теми, теми за кои треба IQ или за оние шо не знаат шо е тоа, наједноставно кажано мозок:wink:ама не само како нешто за да не ти стои празна главата туку нешто што ќе сврзува повеќе работи како коренување на тангенс и котангенс, мислење за економската ситуација во Таџикистан, грижењето за милениците на самохраните мајки од Етиопија и одбојка:)......Значи мислења со корен стебло лист и плод, мислења кои го вршат процесот фотосинтеза т.е. се корисни за општеството(барем за мене:pipi:)
Ногу голема чест ми беше кога го стави аватарот шо ЈАС ти го одбрав НЕ КИКИ. Чест ми беше кога ми ја направи анализата, ене ја онде подоле стои залепена на фрижидерот(затоа што спијам у кујна:kesa:)

За крајот на делото(нормално што ќе го украси како јагодката на шлагот и маслинката во мартинито)
Пазете се од ада, ада ја има моќта. Ада е како Џим Кери во Брус Олмајти, како Кларк Кент во Супермен и како Оптимус Прајм во Трансформери. Ада будно ве гледа сите што пишувате, Ада ве сака а Ада исто така и ве мрази....Ивл Ада за некој сwце Ада за некој друг....
П.С. Забораив да спомнам нешто од твојот профил а тоа е едно закон стварче teddy bear killer и предходно пред некое време Барби ис а бич:pos::pos:
Ада е девојка со нормално размислување за светот(како поле за културен натпревар, а не поле со пудри шминки и мастики на прсти)

П.П.С. Ада пред некое време јавно си го откри идентитеот со ставањето на сликите во галерија:)

П.П.П.С.(ветувам последно е): фарбај се црвена (ти седи)
 
Е Точкест, ти симињам капа!:cuc:Екстра анализа, која ме насмеа и која ми ја разубаве вечерва:icon_biggТи благодарам:smir:
А она со :Ада ја има моќта како...(и цитатот продолжува)...ти е priceless!:pos:
Уште еднаш, едно ОГРОМНО фала!:back:
 
Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Мед да не сакаш...озбилно продавам
Енитајм....а дали јас ќе ти кажам фала за косата:vozbud:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom