@PROROKOT што мислиш за ова? Дали има простор за жени свештеници или ова е поредниот воук потег кој еманира од запад?
Некако не иде жена да биде поп, јас сум релативно либерален ама комон сенс треба да се има.
Во Црквата никад немало жени свештеници.
Не постои причина и потреба да има. Внесувањето „свештенички„ е новотарија која доаѓа од протестантските заедници, кои, како и редовно низ историјата, внесуваат „новини„ кои во Црквата не се познати.
Во Црквата важечко е т.н. машко начело, кое почнува од сам Бог (Отец, Син, Свет Дух....имиња кои немаат женски „призвук„...), па преку Синот Божји, Кој стана и Син Човечки, па преку Апостолите, кои се исклучиво мажи, а преку Апостолите кон првите епископи од Црквите кои ги основаа Апостолите Христови.
И така до денес...
Дури и старозаветните патријарси и пророци се исклучиво мажи, затоа што машкото начело е задржано и во тие времиња.
Исусовата генеаологија од Него па до Адама води исклучиво по машка/татковска линија, не по женска/мајкина.
Жените, по својата природа, имаат улога која сам Бог им ја дал, преку Ева.
Замисли ситуација во која жена-свештеник треба да сведочи на нечија исповест!...