Силата на Покајанието

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.790
Поени од реакции
21.336
У тесно ги стависмо.
Вртиф се у круг како усерени.

Овај тема е доказ кој користи разум и кој е УВЕК у благу предност у овуј дискусију.

Стра од бога и смрт,покајание.
Па ви немате сфое ја.
Ви сте потчинети на нешто недокажано.

Религиски робови.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.877
Поени од реакции
5.003
@PROROKOT , пророче, ах бе пророче. Ако покажеш каде јас тврдам дека имам каков било поим или познавање, макар и минимално, трошно за каква било вистина, ќе ти ја кажам. Ти ветувам.
Цитирам дел од твојот допис со #88:

Како што не мора да значи ни дека моите идеи и идеите на моите омилени мислители и писатели (вклучувајќи го и Окултното, кое всушност ми е на прво место) се во право и дека нивната вистина мора да биде апсолутна и неприкосновена.

Самиот велиш дека окултното то е блиско...
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.927
Поени од реакции
12.495

Да, така велам, тоа ми е пред се и над се. Ама го игнорираш моментот кога реков дека тие идеи или филозофии мора да се апсолутни и вистинити, ене погоре на околу 5-6цм со црвено го пишува ако си на телефон. Баш тие истите повикуваат на критичка мисла и аналитички, внимателен пристап и кон нив самите како и за сите останати; или со други зборови, народски речено: ,,мисли малку со глаата, немој да ја носиш само за стрижење." И секако, многу важен совет од истите тие: ,,пази се од тие што ќе ти кажат дека поседуваат било каква вистина (од духовна природа, се разбира), од нив најмногу да се пазиш." Јас максимално се согласувам со тоа, и топло го препорачувам.
А дека знам нешто ексклузивно, или дека ми е нешто многу јасно како е воспоставен ваков функционален ред на нештата, не ми е јасно, а дека би сакал да дознаам макар и мал дел, да, многу сакам.
И така.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.459
Не сум воопшто циничен, само сакам да разберам. Твоето патување од мета на косачот до пеење Биг ин Џапан може да се припише на многу фактори. Најверојатно си имал силна желба за преживување па си се фатил за првата идеологија која ти била достапна. Тоа никако не зборува дека самата идеологија била вистинита.
Познати се случаи каде што декларирани атеисти во авион што паѓа се молат на Бог. Што тоа докажува, дека Бог постои? Не, докажува дека луѓето се слаби соочени со смртта.

И повторно, барам некој религиозен да ми каже каква е смислата на неговото постоење?
Иако имаме сосема спротивен став, задоволство е да се дебатира со член како тебе. (за разлика од други) That being said мора да напоменам дека неколку другари ми се потсмеваа (атеисти) кога од агностик отидов во христијанство.
Може Верата како што велиш била штака или даска на море со која сум се држел да не се удавам, не можам да ја отфрлам таа опција.

Смислата на постоењето е индивидуална за секој раб Божји, ние како Негова најсовршена креација сме благословени да можеме да бидеме малтене полубогови. Тука се секако и правилата и прописите кај христијанството кои упатуваат кон среќа и мир во душата. Можеби би рекол дека мирот е преценет и дека најкреативните умови никогаш немале мир и со тоа ќе се согласам.
Но за медиокритетни, потпросечно интелигентни и крајно сентиментални ликови како мене, мирот и среќата значат све.
Сите треба да го бараме смисолот на постоењето, на животот. Тоа е во наш радиус на дејство. И рандом механичар кој гради кастом билт чопери пронашол смисол. Индивидуален е. Порано генерации алхемичари го барале каменот на мудроста, други пак трагале по Светиот Грал, конквистадори го барале изворот на вечниот живот и Ел Дорадо. Па и самиот Гилгамеш, најстарото литературно дело во историјата. Смисолот на неговиот живот е победа над смртта т.е. бесмртност.

Најблиску до интринзичен христијански смисол е одењето на душите во рајот, небеска награда за праведниот и маченички живот во овој свет. Но тоа ќе се случи во иднина, можеби порано отколку што мислиме.
 
Член од
23 август 2024
Мислења
404
Поени од реакции
789

Се промашуваме со муабетите, не се разбираме. На атеистите им се префрла дека "немаат смисла во животот" затоа што не веруваат во Бог. Еве ти си бил атеист некогаш, или барем агностик, сега си верник. Кој е моментот на "додавање на смислата" кај прифањаќето на религијата? Како наеднаш бесмислата се претвора во смисла? Затоа што си на пат кон вечен живот? Нека биде и така. Која е смислата на вечното живеење? Зошто нешто би имало смисла ако е бесмтрно, а нема ако е смртно? Која е смислата на бидување полубог? Која е смислата на божјото постоење? Која е смислата на постоењето воопшто?

Зошто воопшто нешто, а не ништо?
 
Затоа што нешто произлезе од ништо со големиот прасак?
Ништо нема смисол освен оној кој го придаваме како луѓе. Ниту еден жив створ освен нас не може да најде смисол, тоа не одделува од животните.
Погрешно е да се потценуваат атеисти и агностици дека немале цел во животот, јас никогаш не би излетал со таква изјава. Секако има разни системи на верување кои имаат сопствен смисол како остварувањето 1000 годишен живот.
Не сум сигурен дека во Писмото некаде е споменато буквално вечно живеење, единствено враќањето Исусово и праведното царство на сите луѓе ќе трае 1000 години и нема да има смрт во тој период.
Барем јас не најдов пасус кој говори за вечен живот (исклучиво на небесата.)
Има разлика меѓу практицирање на религија и обичајно викендашки верници (99% од народ) кои си мислат дека ќе живеат вечно во земја Дембелија каде мед и млеко ќе им тече право во уста.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.877
Поени од реакции
5.003
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.459
Јуда, 1,21.
Матеј, 19,16.
Матеј, 19,29.
Матеј, 25,48.
Марко, 10,30.
Ете сум заборавил. Одамна го читав писмото на Македонски а потоа и на Англиски и Југословенски (српско-хрватско-босанско-црногорски).
Но зошто тогаш Јован во откровението кажува дека Исусовото овоземно царство ќе трае 1000 години?
Интересно е што според Јован ќе воскреснат сите мртви од почетокот на светот до денес, некои 112 милијарди луѓе и ќе живеат барем еден милениум. Тешко е да се верува во такво сценарио, но кој би можел да исклучи можност дека во наредниот период нема да биде пронајден еликсир на младоста? Науката граби напред со големи чекори, она што за нас е секојдневие за луѓе од пред 50-60 години би делувало како магија!
 
Еликсирот на младоста веќе ни е даден за џабе-се вика Света Причест.

Исусовото Царство Небесно ќе „трае„ 1000г. само симболично.

Авторот на текстот сака(л) да (у)каже не на неговото точно траење, туку на неговото долго трање. Како што немам(е) осет колку навистина траат 1000г., оти толку не живееја ниту Адам нити Метузалем, така ќе трае и Небесното Царство-без осет за проток на времето, односно Царство во кое ќе „трае„ вечноста.

Несомнено е дека сите човеци ќе воскреснат, што не значи дека сите ќе се спасат...
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.877
Поени од реакции
5.003
Да, така велам, тоа ми е пред се и над се. Ама го игнорираш моментот кога реков дека тие идеи или филозофии мора да се апсолутни и вистинити, ене погоре на околу 5-6цм со црвено го пишува ако си на телефон. Баш тие истите повикуваат на критичка мисла и аналитички, внимателен пристап и кон нив самите како и за сите останати; или со други зборови, народски речено: ,,мисли малку со глаата, немој да ја носиш само за стрижење." И секако, многу важен совет од истите тие: ,,пази се од тие што ќе ти кажат дека поседуваат било каква вистина (од духовна природа, се разбира), од нив најмногу да се пазиш." Јас максимално се согласувам со тоа, и топло го препорачувам.
А дека знам нешто ексклузивно, или дека ми е нешто многу јасно како е воспоставен ваков функционален ред на нештата, не ми е јасно, а дека би сакал да дознаам макар и мал дел, да, многу сакам.
И така.
Да де...повикувањето на „критичка мисла„ може да се даде како совет и пред 100г. и денес и после 100г. од денес...и пак ќе се сведе на „тапкање во место„ односно оправдување и релативизирање на секоја понудена вистина за вистинита...

Философите никад не понудија вистини од духовна природа, затоа што философијата е пред се‘ рационално/разумно расудување за рабојќето во светот и во животот, а вистини од духовна (нематеријална) природа можат да понудат само религиите, кои се повикуваат не на смислени вистини, туку на откриени (објавени, дадени...) вистини, кои се прифаќаат со вера, не со разум.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.927
Поени од реакции
12.495
Да де...повикувањето на „критичка мисла„ може да се даде како совет и пред 100г. и денес и после 100г. од денес...и пак ќе се сведе на „тапкање во место„ односно оправдување и релативизирање на секоја понудена вистина за вистинита...

Философите никад не понудија вистини од духовна природа, затоа што философијата е пред се‘ рационално/разумно расудување за рабојќето во светот и во животот, а вистини од духовна (нематеријална) природа можат да понудат само религиите, кои се повикуваат не на смислени вистини, туку на откриени (објавени, дадени...) вистини, кои се прифаќаат со вера, не со разум.
Види, вие верувате на рекла-казала текстови или преданија кои секакви ојљевци-дојљевце си објавувале највистински вистини и си ги филувале во слободен стил или да им одговараат на сопствените предрасуди или на царштините, на властите. Верувате, и со тоа очекувате некакви си награди на овој или таму некаков си друг свет.
Ќе го земам од помодерниве Кроули за пример. Што треба јас сега, да му верувам на збор за се што кажал или напишал? Да бидам верник? Од кај да знам дека не рендал печурки во хашишот или дека си измислува, ете така, си имал дарба да си фантазира и фантазиите да ги преточи во пишан збор. Па и самиот тој повикува внимателно и со сомнеж да се пристапува кон материјата, кон него.

Види вака.
Ние (окултизмот) обожуваме, и се трудиме да ги надминеме овоземските карактерни, душевни недостатоци, како би биле достојни да бидеме вистински следбеници (служители) на Највисокото. Еве и Господ нека се вика и Алах и како сакаш, небитно. Без никакви награди, очекувања или некакви страсти за какви било резултати, туку поради Љубовта во нашите срца што се појавила кон Него, безусловна и чиста како утринска роса...

И секако, треба да се напомене фактот дека ако некој си се замислува дека е окултист, или пробал да заплива во тие свети води, не значи дека по дифолт е и саглам човек и со чисти намери. Има и таму свакакви кои си мислат дека ќе се испазарат со Светаја Светих како вие што се пазарите ама се ,,џишнале" порано или подоцна. Да ги злоупотребат т.н. Свети Мистерии и да го извалкаат името на окултното. ОН ти гледа во срцето! А таму нема место за тезги, за галамџии, трговци и лицемерија.

Духовното не е пазар како што си го замислувате, на каков се надевате и во каков што безусловно верувате.

Е така некако де, како така да ми се чини...
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
Ние (окултизмот) обожуваме, и се трудиме да ги надминеме овоземските карактерни, душевни недостатоци, како би биле достојни да бидеме вистински следбеници (служители) на Највисокото. Еве и Господ нека се вика и Алах и како сакаш, небитно. Без никакви награди, очекувања или некакви страсти за какви било резултати, туку поради Љубовта во нашите срца што се појавила кон Него, безусловна и чиста како утринска роса...

И секако, треба да се напомене фактот дека ако некој си се замислува дека е окултист, или пробал да заплива во тие свети води, не значи дека по дифолт е и саглам човек и со чисти намери. Има и таму свакакви кои си мислат дека ќе се испазарат со Светаја Светих како вие што се пазарите ама се ,,џишнале" порано или подоцна. Да ги злоупотребат т.н. Свети Мистерии и да го извалкаат името на окултното. ОН ти гледа во срцето! А таму нема место за тезги, за галамџии, трговци и лицемерија.
Можеби затоа и нема покајание, бидејќи секој „пазар“ носи последица - веднаш, не после смрт. Злоупотребата на светоста на едно верување води кон клетва, како на пример врзување со земски работи, политика, злато и слично! И од нејзе нема бегање се додека не роди плод.
Може да се жали човек, да признава грев, што сака нека прави - не постои сила која ќе спречи тоа дело или недело да роди плод!
Освен ако покајанието е да ти се среди умот и да ти е мирно во душичката за да не направиш уште поголеми глупости и недела! Бидејќи ова „покајание“ постојано е врзано со недела, отколку со дела за восхитување!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 831

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.125
Поени од реакции
30.202
Покајанието е тесно поврзано со простувањето, тоа се можеби и најбитни обврски на еден христијанин. Не знам за другите религии специфично како оди, но знам дека некои немаат концепти како грев, за да има покајание и простување, туку должност е одмазда.
Оној кој е покајаник, е оној кој ги осознал негативните страни на себеси. Кога ќе ги осознае, ќе ги препознае во ближниот, и ќе може да му прости. Тоа е процес на душевно созревање.
 
Кога монах ќе узнае дека му доаѓа денот во кој ќе го напушти овој Свет, првата работа која ја чини монахот е тоа што ги собира сите свои браќа и од нив бара проштевање за било која ситиница која монахот ја сторил било кому и за која од другите бара простување.

Не постои понезгодна работа од одење од овој Свет без простување со сите околу себе...после смртта, за душата човекова нема време за покајание.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
4.769
Кога монах ќе узнае дека му доаѓа денот во кој ќе го напушти овој Свет, првата работа која ја чини монахот е тоа што ги собира сите свои браќа и од нив бара проштевање за било која ситиница која монахот ја сторил било кому и за која од другите бара простување.

Не постои понезгодна работа од одење од овој Свет без простување со сите околу себе...после смртта, за душата човекова нема време за покајание.
...и одговори ми сега, зошто за душата човекова нема покајание после смртта?
...ако спасителот наш е горе на небото, зошто мора човек цел живот да живее во страв оти некогаш ќе биде прекасно кога оди таму?
...смисолот на овој живот е во вечно покајание?!
...малку тажно и безсмислено,нели?
...или одговорот под дифолт ќе биде Божјите патишта не се секогаш разбирливи
 
Kajgana Shop

На врв Bottom