Силата на Покајанието

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.877
Поени од реакции
5.004
Болдираното е доволно, докажува дека сеуште има нешто благородно во човека и тука нема потреба од некаква религиозна церемонија наречена покајување. Исто е. Каејќи се по дифолт се покајуваш а најважното е дека треба да се потруди човек да не се доведува во ситуации премногу често да се кае. Тоа дека си се покајал церемонијално ништо не значи ако не се трудиш да станеш побогоугоден, да речиме, побогоугоден или еве, поблагороден човек отколку што си бил претходно ама тоа знае да биде напорно, па така, на повеќето полесно им е да си завршат работа т.е. да се покаат официјално и да си бидат раат, Богу - мили. Затоа велам дека е лицемерно и ниско. Можеби кај тебе тоа не е случај, можда си ти другчии од других, ама кај повеќето тоа не е случај. Како викаше Ѓорѓија во една приказна ко го обвинија дека ги украл парите од Кадијата: ,,појди во црква и посматрај, тој што најдлабоко се клања и се крсти - тој е арамијата." Прикаските не се во еден ден измислени, тоа е социјална историја, заклучоци оформени од многугодишни пријатни или непријатни искуства, извлечени од мегусебната интеракција на карактери, па од таму и стереотипи, во различни сфери на човечкото битисување.
То е.
И сега....која е смислата и целта од покајанието, ако тоа покајание е изведено „онака„ и без „религиозна церемонија„?...

Еве за пример ги земам протестаните, кои сметаат дека се покајале па дури и дека Бог им ги простил гревовите-ама не знаеме „како„.

Како де? Покајание во себе, пред огледало, на ливада, на врв на планина?...
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.976
Поени од реакции
6.459
Како не се стремат не разбирам? Кај сите луѓе функционира тој нагон за преживување и следствено некоја човечка себичност да се приграбат до повеќе средства и да живеат поудобно. Ако познаниците не се стремат кон ова, веројатно се работи за некоја психолошка состојба (депресија, итн., без обид да навредам, да потенцирам) или, не знам, припадност кон некоја идеологија.

Нивното нестремење сигурно не е последица на невербата, Атеизмот не постулира ништо, само одбива постоење на Бог.
Нема врска тоа со материјални добра. Огромното мнознство на луѓе се крајно досадни, монотони и згрбавени под теретот на секојдневните обврски, осмех је догаџај како што пееше Џоле, помини по плоштад Македонија и примети ги фаците на минувачите делуваат како да им го оптегнал Сол Кембел у шупак.
Еден пример : пошто сме стеј ет хоум родители правиме ручек и во тоа учествуваме сите, нормално малите со скромна помош како носење на кромидот од подрум или такво нешто ситно, но се осеќаат среќни затоа што ние правиме ручек, сите како една кохерентна заедница. Одвај чекам да потпораснат па да можат навистина да помагаат, вклучувајќи шеги и песни за време на по дифолт досадни дејанија не само во куќа туку и надвор. Пример миење садови уз музика на Алфавил и обид за квази караоке пеење уз музика секогаш остава насмевка поради мојот антиталент околу гласовните можности.
Ова е само еден пример а ги има многу. Дали Бог е заслужен за сето тоа? Да!
 
Член од
23 август 2024
Мислења
404
Поени од реакции
789

Значи Бог ти помогна да не бидеш досаден и да си потпевнуваш Алфавил дури миеш садови?
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.976
Поени од реакции
6.459
Значи Бог ти помогна да не бидеш досаден и да си потпевнуваш Алфавил дури миеш садови?
Хммм.....мислам дека знам што е проблемот со муабетов. Ама во ред.
Да. Бог.
Ако се земе во предвид дека бев во дометот на откос на мрачниот косач, да не кажам веќе прежален, пеење Биг ин Џапан уз цела фамилија и целосна среќа секое утро што имам нов ден кој ќе го минам на прекрасен начин, од тоа работејќи за приход она што го обожавам, до многу ситуации кои се двоумам дали да ги споменам на форум, јас сум среќен човек :)
Како што реков ништо не се случува во вакуум, све си има своја историја, лесно е да се биде циничен, но разбирам.
 
Не сум воопшто циничен, само сакам да разберам. Твоето патување од мета на косачот до пеење Биг ин Џапан може да се припише на многу фактори. Најверојатно си имал силна желба за преживување па си се фатил за првата идеологија која ти била достапна. Тоа никако не зборува дека самата идеологија била вистинита.
Познати се случаи каде што декларирани атеисти во авион што паѓа се молат на Бог. Што тоа докажува, дека Бог постои? Не, докажува дека луѓето се слаби соочени со смртта.

И повторно, барам некој религиозен да ми каже каква е смислата на неговото постоење?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.877
Поени од реакции
5.004
И повторно, барам некој религиозен да ми каже каква е смислата на неговото постоење?
Во верата Христова и во членувањето во Црквата, смислата на постоењето се состои во:
- славењето на Бога,
- покајничкото расположение,
- служењето на Бога и на другите околу себе,
- со надеж за враќање во заедница со Творецот, во Неговото Царство Небесно, после завршетокот на овоземниот краток живот.

И сега, не ми е тешко да петпоставам дека ќе распалиш со релативизирање и со некоја тешка и празна „философија„ која нема „благе везе„ со верата Христова...
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2024
Мислења
404
Поени од реакции
789
Во верата Христова и во членувањето во Црквата, смислата на постоењето се состои во:
- славењето на Бога,
- покјаничкото расположение,
- служењето на Бога и на другите околу себе,
- со надеж за враќање во заедница со Творецот, во Неговото Царство Небесно, после завршетокот на овоземниот краток живот.

И сега, не ми е тешко да петпоставам дека ќе распалиш со релативизирање и со некоја тешка и празна „философија„ која нема „благе везе„ со верата Христова...
Не бе, ќе прашам нешто друго.

Каква е смислата на славењето на Бога?
Каква е смислата на покајничкото расположение?
Каква е смислата на служењето на Бога и на другите околу себе?
Каква е смислата на надежта за враќање во заедница со Творецот, во Неговото Царство Небесно, после завршетокот на овоземниот краток живот?
 
Член од
17 септември 2022
Мислења
1.038
Поени од реакции
2.471
И повторно, барам некој религиозен да ми каже каква е смислата на неговото постоење?
Od muabeti so vistinski vernici, ne ziveat vekje za sebe i toa go imam posvedoceno. Spremni se za zrtva. Ima neshto transformativno vo soocuvanjeto so smrtta, puka atachmentot za sebe.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.877
Поени од реакции
5.004
Не бе, ќе прашам нешто друго.

Каква е смислата на славењето на Бога?
Каква е смислата на покајничкото расположение?
Каква е смислата на служењето на Бога и на другите околу себе?
Каква е смислата на надежта за враќање во заедница со Творецот, во Неговото Царство Небесно, после завршетокот на овоземниот краток живот?
Еве и од мене прашања до тебе:

1. Каква е смислата на смислата на целта во осмислувањето на славењето на Бога?
2. Каква е смислата на смислата на целта во славењето на славењето на Бога?
3. Каква е смислата на смислата на целта во служењето на Бога?
4. Каква е смислата на смислата на целта во осмислувањето на враќањето во заедница со Бога?

Благодарам на исцрпните одговори...
Автоматски споено мислење:

Od muabeti so vistinski vernici, ne ziveat vekje za sebe i toa go imam posvedoceno. Spremni se za zrtva. Ima neshto transformativno vo soocuvanjeto so smrtta, puka atachmentot za sebe.
Сам Бог ја поставува вертикалната хиерархија со меѓубитските релации па вели:
- сакај Го Бога,
- сакај ги другите,
- сакај се себе си.

Очигледно е дека „сакањето себе си„ не е исклучено, но е ставено на последно место. „Бог„ и „другите„ се поставени пред „себе си„.
 
Член од
23 август 2024
Мислења
404
Поени од реакции
789
Еве и од мене прашања до тебе:

1. Каква е смислата на смислата на целта во осмислувањето на славењето на Бога?
2. Каква е смислата на смислата на целта во славењето на славењето на Бога?
3. Каква е смислата на смислата на целта во служењето на Бога?
4. Каква е смислата на смислата на целта во осмислувањето на враќањето во заедница со Бога?

Благодарам на исцрпните одговори...
Кога ќе видиш прашалник на крајот од реченицата, тоа е скоро сигурен знак дека реченицата не е одговор, туку прашање. Обрати внимание на ова, релативно е лесно. Со малку вежбање ќе научиш кој се прашални а кој потврдни реченици.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.927
Поени од реакции
12.496
И сега....која е смислата и целта од покајанието, ако тоа покајание е изведено „онака„ и без „религиозна церемонија„?...

Еве за пример ги земам протестаните, кои сметаат дека се покајале па дури и дека Бог им ги простил гревовите-ама не знаеме „како„.

Како де? Покајание во себе, пред огледало, на ливада, на врв на планина?...
Е која е целта де? Во ова прашање лежи зајакот...
А што, треба да докажеш некому нешто, демек, еве се покајав Господе и ајде сега прости ми ги гревовите. Ами така можи секоја будала да си се договара - мило за драго.
Не верувам дека се разбираме.
Овие прашања се малку покомплицирани и со специфична длабочина, далеку од трговијата на покајание - прошка финтата.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.877
Поени од реакции
5.004
Е која е целта де? Во ова прашање лежи зајакот...
А што, треба да докажеш некому нешто, демек, еве се покајав Господе и ајде сега прости ми ги гревовите. Ами така можи секоја будала да си се договара - мило за драго.
Не верувам дека се разбираме.
Овие прашања се малку покомплицирани и со специфична длабочина, далеку од трговијата на покајание - прошка финтата.
Пишува во мојот допис #81...ама кој да чита...
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.927
Поени од реакции
12.496
Пишува во мојот допис #81...ама кој да чита...
Што и да е тоа што е напишано во тој допис не мора да значи дека е апсолутна вистина. Како што не мора да значи ни дека моите идеи и идеите на моите омилени мислители и писатели (вклучувајќи го и Окултното, кое всушност ми е на прво место) се во право и дека нивната вистина мора да биде апсолутна и неприкосновена. Не.
Без критичка анализа на било какви идеи и филозофии од кого било и за било што, ние не сме ни помалку ни повеќе, само тажни вејки на ветрот осудени да ни се чини како што ни се причинува повторно, и повторно, и повторно: "Because Hell is Repetition." - Steven King, Storm of the Century.
 
Тогаш...не релативизирај па дај конечно наведи ја апсолутната вистина.

И јас ја барам и би сакал да видам како „изгледа„...
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.927
Поени од реакции
12.496
@PROROKOT , пророче, ах бе пророче. Ако покажеш каде јас тврдам дека имам каков било поим или познавање, макар и минимално, трошно за каква било вистина, ќе ти ја кажам. Ти ветувам.
Автоматски споено мислење:

Тогаш...не релативизирај па дај конечно наведи ја апсолутната вистина.

И јас ја барам и би сакал да видам како „изгледа„...
Што не ти е јасно во ова што го пишав?
Да ти нацртам сакаш?
А бе пророче. Небитно, нека Бог сите не чува на умот пред се...
Еве:
Како што не мора да значи ни дека моите идеи и идеите на моите омилени мислители и писатели (вклучувајќи го и Окултното, кое всушност ми е на прво место) се во право и дека нивната вистина мора да биде апсолутна и неприкосновена. Не.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom