Да де...повикувањето на „критичка мисла„ може да се даде како совет и пред 100г. и денес и после 100г. од денес...и пак ќе се сведе на „тапкање во место„ односно оправдување и релативизирање на секоја понудена вистина за вистинита...
Философите никад не понудија вистини од духовна природа, затоа што философијата е пред се‘ рационално/разумно расудување за рабојќето во светот и во животот, а вистини од духовна (нематеријална) природа можат да понудат само религиите, кои се повикуваат не на смислени вистини, туку на откриени (објавени, дадени...) вистини, кои се прифаќаат со вера, не со разум.
Види, вие верувате на рекла-казала текстови или преданија кои секакви ојљевци-дојљевце си објавувале највистински вистини и си ги филувале во слободен стил или да им одговараат на сопствените предрасуди или на царштините, на властите. Верувате, и со тоа очекувате некакви си награди на овој или таму некаков си друг свет.
Ќе го земам од помодерниве Кроули за пример. Што треба јас сега, да му верувам на збор за се што кажал или напишал? Да бидам верник? Од кај да знам дека не рендал печурки во хашишот или дека си измислува, ете така, си имал дарба да си фантазира и фантазиите да ги преточи во пишан збор. Па и самиот тој повикува внимателно и со сомнеж да се пристапува кон материјата, кон него.
Види вака.
Ние (окултизмот) обожуваме, и се трудиме да ги надминеме овоземските карактерни, душевни недостатоци, како би биле достојни да бидеме вистински следбеници (служители) на Највисокото. Еве и Господ нека се вика и Алах и како сакаш, небитно. Без никакви награди, очекувања или некакви страсти за какви било резултати, туку поради Љубовта во нашите срца што се појавила кон Него, безусловна и чиста како утринска роса...
И секако, треба да се напомене фактот дека ако некој си се замислува дека е окултист, или пробал да заплива во тие свети води, не значи дека по дифолт е и саглам човек и со чисти намери. Има и таму свакакви кои си мислат дека ќе се испазарат со Светаја Светих како вие што се пазарите ама се ,,џишнале" порано или подоцна. Да ги злоупотребат т.н. Свети Мистерии и да го извалкаат името на окултното. ОН ти гледа во срцето! А таму нема место за тезги, за галамџии, трговци и лицемерија.
Духовното не е пазар како што си го замислувате, на каков се надевате и во каков што безусловно верувате.
Е така некако де, како така да ми се чини...