Ова беше епска кампања и избори од страна на Трамп, почнувајќи од фацата на магшатот кога го уапсија лани, до атентатите, сликата со крвавото уво и тупаницата, работењето во Мекдоналдс и возењето во камион за ѓубре затоа што Бајден ги нарекол неговите гласачи ѓубриња
па се до подкасот со Џо Роган, каде што он сам кажа дека пробал да направи подкаст и со Камала ама не успеал затоа што од нејзиниот табор му викале да иде во друга држава и да прави подкаст само еден саат што не му одговарало тоа, додека Трамп му гостуваше во студио и збореа повеќе од 2 ипол часа. Плус на ова што следниот ден Јутјуб му стави шадоу бан на видеото од подкастот, и само им направија услуга затоа што го постираа на Твитер и Џо Роган и Елон Маск каде што собра преку 40м гледаност само на оваа платформа.
Секој потег на Демократите беше ужасен во целата кампања, прво почнувајќи од кадидатурата на Бајден, каде што уназад година дена ги слушавме како он е способен за уште еден мандат и дека бил во одлична ментална и физичка состојба, за на крај да испадне пу пу не важат внатрешните избори еве ја Камала бидејќи Бајден не бил добар. Второ поддршката што ја доби Камала од ужасни и гнасни женишта како Опра Винфри, Бијонсе, Карди Б, Тејлор Свифт и сличните позанти личности кои еден ден не проживеале низ проблемите што обичниот народ ги доживува. Трето се изнаслушавме глупости од страна на Камала каде ништо битно и конкретно не кажа за тоа како ќе ја подобри економијата. Све беа тоа празни муабети, млатење празна слама продавање некој розев филм и изреки како ние можеме ние ќе направиме и слично. Четврто и најбитно е што на Америка и светот му доаѓа преку глава веќе од воук срањето и целото воздигнување на сектата, и што све се прави за да им се удоволи. Демократите што побрзо се оттргнат од овој канцер тоа подобро за нив.
Надополнето со одличното познавање на интернет културата особено на мим културата, каде што се правеа секакви мимови и едитирања на видеа кои беа кул и смешни, допреа до сите помлади кои потајно го поддржувале ама беа премногу исплашени да го кажат тоа јавно.
Се на се, епска кампања како што кажав и мило ми е дека победи портокаловиот. На нас останува да уживаме во комуњарските солзи кои што ќе се леат во наредниов период.