Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.382
- Поени од реакции
- 5.016
Ај збор два за разузнавањето, бидејќи гледам многу погрешни претпоставки.
Разузнавањето може да се изврши на главно 3 начини:
-Инфилтрирање агенти во одредена организација
-Пресретнување на комуникациите (електронски, радио, писмени итн) во организацијата
-Набљудување (возудшно, најчесто).
1. Хамас, во состав на Газа (а општо и самата Газа) е прилично чисто население (осоебено после повлекувањето на Израелците оттаму пред 20+ години) и екстремно тешка организација за инфилтрирање на агенти, бидејќи се добро изолирани и под апсолутна контрола.
2. Пресретнувањето на комуникациите е нешто што Израел лесно може да го направи, но Хамас, барем високите лица, не користат ни електронски, ни радио комуникации, барем не во комуниикациите пред војната. Во планирањето на нападите користеле затворена, жичана мрежа, која не може да биде никако пресретната.
3. Во делот за набљудувањето, доволно е да се спомне дека колку што има над површината, толку имаат објекти под површината (тунели).
Оттука, не треба да е воопшто чудно што Израел нема никакви индиции дека ќе направат ваков напад.
Други што оди во корист на Хамас е преголемата доверба на Израел во пограничните автоматски системи за детекции на инфилтрација. Можеби функционираат добро при мали напади, но потфрлија кога стотици членови на Хамас преку неколку направени отвори успеаја да поминат.
Во делот со цивилни жртви, организации како Хамас и Хезболах кои имаат огромна моќ врз територијата која вледеат, нормално дека ќе прикажуваат жртви од свои луѓе како цивилни. Ќе звучи иронично, но Израел се едни од најнапредните во намалување на бројот на цивилни жртви. Се најавуваат кога ќе рушат цивилни згради (во суштина користени за воени цели, складишта итн), но бидејќи и Хамас и Хезболах се кријаат позади цивили (во претходните 10-15 години имаше еден куп видеа каде Хамас држат цивили во кафези во возило и пукаат од истото), цивилните жртви ќе бидат големи.
Користат проектили со мали полнења кога гаѓаат мети во движење, непосредно разузнавање со дронови при проверка на одредена просторија пред да пукаат со потешки оружја и сл.
Но кога бункерот е сместен под цивилен блок згради, кога лансираат ракети од под цивилни објекти, неминовно е да постојат цивилни жртви.