Алонсо, на скоро секоја wet трка во 2000-те и почетокот на 2010-те. Еве земи за пример Унгарија 2005 мислам (може и 2006 беше, не сум 100% сигурен). Од 15 место стартуваше, за неколку круга стигна до 3, беше по 2-3 секунди, а не 1, побрз од некои возачи. Подоцна го презеде и водството, само за жал не ја заврши трката зашто му се откачи тркало. 2012, Малезија, стартуваше од 9 позиција, победи. Истата година мислам во Германија беше, на квалификации имаше пол со секунда и пол разлика пред вториот, ама ај тоа не се важи дека не е трка нели. 2007 Германија, на хаотичната трка кога им заврна уште во прв круг и кога се испогубија сите, тој извозе без ни една грешка. На intermediate го стигна Маса на 1 место на 4 круга пред крај на трката однадвор, и за 4 круга му избега 8 секунди (значи 2 по круг). Провери ако не веруваш, веројатно за се има инфо по нетов.
Генерално гледано, една фул трка спомна тука, Германија 2007, од кое место стартуваше тогаш Фернандо? И дали е исто ако стартуваш од топ 3, на дожд, и извозиш одлично, и стартуваш 17то место, извозиш феноменално без грешка, и на крајот победуваш со 20 секунди пред вториот, не 8.
Има инфо на нетов, во право си, и истото само го потврдува мастеркласот на Макс од вчера. Не заборавај на еден битен детал, Макс беше најбрз на стаза со најдобар круг а пола грид беше пред него, што само по себе е неверојатен податок, он правеше најбрзи кругови, во кругови каде претекнуваше, Расел кој водеше и имаше ништо пред него, и Норис немаа шанса осетно да се одлепат, и со тој race pace на Макс, и 30 кругови до крајот, имаше да ги помине ко плитак поток, што би рекол Мамич.
И, можеш ли да претпоставиш, со истиот race pace, што би се дешавало ако Макс стартуваше прв или втор вчера? Имаше цел грид да го помине за 1 круг, а пази, не го има најдобриот болид на гридот.
Нандо во Германија стартувал втор, ама изгубил позиција во однос на Маса, дали извозел со точно 0 грешки не верувам дека памтиш (со оглед дека си ги измешал работите за Малезија) али памтиш дека извозел феноменално што не го спорам, треба цела трка да се гледа пак па да се спореди, али ја зборам буквално за 0 грешки 69 круга, ниту една позиција изгубена, само напредок, ниту едно излизгување, ниту едно излетување и губење драгоцено време, нула контакти со останатите возачи а имаше пар ризични претекнувања ко она над Лосон на пример на дел од стаза каде и кога е суво ретко кој преткнува, задњи 20 круга, 19 пати направи најбрз што доволно говори колку силуваше и не калкулираше, и пак, 0 грешки.
Друга работа, дали тој Мекларен на Алонсо беше инфериорен во однос на 2 други тима на патеката тогаш или не, ко што е редбулот на Макс? Мекларен таа година беа први во конструктори, но ради шпиунскиот скандал ги изгубија сите поени.
Свесен ли си дека од 83та не се десило тим што завршува трет во конструктори, на крај да го даде шампионот? Ако Макс освои титула и оваа сезона, оваа ќе му е втора а притоа да не е во најдобриот тим, на колкумина во модерната ера им успеало тоа? На колкумина воопшто им успеало во таква ситуација да се борат за титула и да се главни фаворити? На многу работи ние не сме сведочеле откако го пратиме спортов, до доаѓањето на Макс, од најмлад што стартувал Ф1 трка до најмлад победник на една Ф1 трка со само 18 години, до освојување на титула во последен круг од сезоната, до освојување на титула/титули а да не си во најдобриот болид, до убедливо најдоминантната сезона во историјата на Ф1 на еден возач (онаа од лани) а притоа во исти услови егзистирал на пример и Луис со Мерцедес, до она од вчера.
Не сумјам дека имало величенствени трки во исти услови во минатото, ете Нандо го спомна, има од Шумахер, има од Сена, има од многу други али она од вчера е на посебно место зашто Макс стартуваше од опашката на патеката, и на крајот победи убедливо, а од сите болиди пред него он ако не се лажам само 3 помина откако они влегоа во пит, што процентуално значи ваљда дека над 80% од болидите пред него он мораше да ги престигнува.
Срамота е она што го пиша вчера, можеше да се воздржиш зашто нема Ф1 експерт што не го глорифицираше она од вчера, ко што реков, за овој триумф ќе се збори во годините што следат, ко за оној на Алонсо на кој ти сега се сеќаваш, кога стартувал втор, и на крајот победил, епа ова е x10 ама тешко ти е да признаеш, очигледно. Вожњи како онаа од вчера се една од причините зашто овој спорт е она што е,
p.s. Намерно реков една трка дека спомна само, зашто за Малезија грешка си, не победи во такви услови, така да не и место на таа трка во овој муабет.