Фан Клуб: Вардар

Член од
25 август 2024
Мислења
4
Поени од реакции
11
Гнасно и мизерно. Ова не се никакви фудбалери нит професионални спортисти. Ова се класични џаболебари, коцкари, пијаници и наркомани умислени дека се фудбалери само за да не работат на лента у фабрика или да не се бават со криминал. Си зимаат некоја паричка, ќе потрчкаат на тренингче неколку саати, ќе му ја отидат у кафана после и ќе одиграат една-две текми неделно ради реда. Да има психолошки здрави луѓе во управата на сите треба да им се опне дисциплинска и клубот со младинци да ја доигра сезоната макар и губел од сите
 
Член од
12 март 2023
Мислења
81
Поени од реакции
295
Не ја гледав утакмицава...имаше ли навивање или скандирање против козарот?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.931
Поени од реакции
73.420
Што да се каже, веќе видено. Дуел на слепиот и ќориот, веројатно прва утакмица годинава во која бевме подобар противник. Т.е. не дека ние бевме подобри, туку едноставно они повеќе грешеа во одбрана и со тоа имавме повеќе шанси. Два паса не сврзаа двете екипи. Тој е капацитетот, кога немаш напаѓач, кога немаш НИТУ ЕДЕН класичен крилен играч, ефектот е 0. Со Лука Трајковски и Деки Цветановски бевме поопасни во нападот, а Шушњара за овие беше Роналдо. Закариќ за во пензија, земал ми лобува таму. Дианеси се посрамоти и на тие неколку шанси што ги доби. Мизерна завршница.
Не вреди да се трошат зборови, Ѓуриќ и Мицевски беа океј, ми личеше дека и Дурански одигра подобра утакмица. Гача изгубен повторно.
Кога влезе Љама знаев дека ќе изгубиме, али мислев ќе ни ја стегне од слободен. Онаков гол да промиш во 90минута треба да си малоумен. Брда нареден трансфер во Новаци. Ко ќе ми текне дека некои очекуваа дека ќе газеле со Мицевски.
Тоа е, ќе се депресираме до наредна утакмица. Тогаш пак ќе се понадеваме малку и пак ќе изгубиме. Нека си фатат со време нека ја играат во Маџари, може ќе тепаме само со рогање и одење.

Каков распоред имаме на почеток на втора полусезона, мислам дека господ не не спасува од отпаѓање, ни со 20 нови играчи.
Историски најслаб старт на едно првенство.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
141
Поени од реакции
151

Ај во дваесет заушки дека ќе опстанеме ? и Во десет дека ќе го освоиме купот?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.931
Поени од реакции
73.420
Ај во дваесет заушки дека ќе опстанеме ? и Во десет дека ќе го освоиме купот?
И првенството да го освоиме до крај, нема ќеиф никаков :) Ко што би рекле битолчани, го ебаа клубо, го ебаа градо.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.704
Поени од реакции
5.937
И да бевме во топ 3 со овај тим во некој паралелен универзум, играчи со ваков НЕквалитет е срамота и бедно да го носат дресот на Вардар, очобол игра, топките од нив се одбиваат како од цименто, ни техника, ни контрола, НИШТО, 0.
 
Член од
17 април 2024
Мислења
591
Поени од реакции
1.372
полусезона со нови играчи промена...

полусезоана преоден рок....
100 бода ќе ни избегаат сите екипи кои што се моментално пред нас. Никаков план нема, промоција на новиот сопственик нема, ни една прес конференција околу новости за клубот нема, имаме паралелни социјални мрежи (FB и Инста водени од Комити и оваа ,,фејкарава" на Твитер од козарот). Сериозно мислиш дека и да се донесат нови играчи, кои патем не знаеме дали ќе се воопшто квалитетно и соодветно одбрани (не дај Боже да бидат квалитет како овие сега) ќе успееме тие играчи да ги воиграме? Не би рекол, жално е ова што се прави со најголемиот македонски спортски бренд. Навистина не ми е јасно како можеше најнеспособните луѓе да раководат дијамант каков што е Вардар? Ова е само обичен циркус, а за жал Вардар е животното кое го јаде стапот...
 
Член од
22 февруари 2024
Мислења
73
Поени од реакции
154
Нека отиде се у курац. Од Дпмне сега се сите курнази сите одеднаш станаа непобедливи. Миленко нека пуши пура и нека вика абе комити тоа се некои дечишта. Сазлужуваме у 3та лига да сме.
Катастрофа жива. Крвта ми врие
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.692
Поени од реакции
4.420
Видете ни ги младинцине што ни се во тим… абе да ги дувнеш ќе паднат, едно мускулче немаат во себе, убедливо сме најслаби и тука. За оној ,,Жиру’’ што да се каже.. дечкото е под секој просек, па оној Сусо подобро да останеше што го зедоа Комити за 1000е да игра…
 
Kajgana Shop

На врв Bottom